Синоќа почина Јован Џалев, еден од најистакнатите борци против отварањето на рудници на територијата на Македонија, поддржувач и активист на досега спроведените референдуми.
Џалев ќе остане запаметен како голем борец и дел на повеќе иницијативи како „Спас за Дојран“, „Спас за Валандово“ и „Спас за Гевгелија“.
„Непоколеблив борец за правото на живот на своите сограѓани, на нашите деца и идните генерации.
Од таа борба нема никогаш да се откажеме“, вака се збогуваа неговите соборци од иницијативата „Спас за Гевгелија“.
Маја Ивановска