Утринска програма на Македонско радио Прва програма… Тема дуално образование …
На темата, интелигентна млада девојка средношколка зборува за тоа како по прв пат по долго време се организирале средношколци со иницијатива да поканат производствени фирми (фабрики) и да одржат обуки, едукации… за одблиску дечкиве да научат како се работи во струката.
Поканиле дури и еден рудник во иницијативата и менаџментот позитивно одговориле … Средношколката, девојче полна енергија, жива во објаснување раскажува за оваа иницијатива, која, замислете, им успеало бе… Се радува детето.
И сега доаѓа она „потоп од глупава водителка“…
Водителката, пак, од прва и вели – и ние кога бевме како вас вака се мачевме… Многу се мачевме. Одевме на пракса и тогаш, кога видовме што не чека во животот, јас и сите ние решивме да се запишеме на факултет!?
Оваа неинтелигентна и глупава водителка го остави без зборови девојчето… го пресече… и разговорот за три секунди заврши.
Тоа е тој памет, деструктивна мисла и менталитет со кој сме опкружени. Како да се оди напред со шушумига која го лапнала микрофонот рано по сабајле и тресе зелени.
Мора да се внимава и кого ангажираме за модератори и водители на утрински програми и воопшто радио и видео проекти.
МРТВ, тргнете ги од програма овие што времето ги прегазило!
Љупчо Зиков
Линк до Фејсбук објава