• Latest

Потпишан Општиот колективен договор, 130 илјади вработени во јавниот сектор од септември со 10 отсто повисоки плати

July 18, 2023
„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025
фото: ЦИВИЛ

„Марш на ангелите“ во Скопје – Шест месеци без правда за Кочани

September 16, 2025

По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

September 16, 2025
Марш на Ангелите
Извор: Фронтлајн

Одговорност за сите што со своето молчење учествувале во ова злосторство, бараат родителите на жртвите во Кочани

September 16, 2025
Еди Рам, Брисел 16 септември 2025
извор: ФБ

Албанија реализира 28 од 33 преговарачки поглавја со ЕУ

September 16, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Утре ќе започне увидот на лице место за причините за пожарот во Трубарево, во кривичен суд Скопје е доставен предлог за продолжување на мерката притвор за нови 48 часа за сите четворица опфатени

September 16, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад покрена обвинение против тринаесет лица во врска со падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад

September 16, 2025
Donald Trump - Windsor, UK
Source> screenshot France 24

Трамп на посета во Велика Британија, во меѓувреме двете земји потпишуваат договори вредни 10 милијарди долари

September 16, 2025

МЖСПП им препорача на општините да изготват планови за системско отстранување на диви депонии

September 16, 2025
Средба во Ватикан: Зеленски и Трамп (фото: Андриј Јермак)

Трамп вели дека Зеленски ќе „мора да склучи договор“ за да се стави крај на војната во Украина

September 16, 2025

24 ЧАСА: Шест месеци од трагедијата во Кочани; Мицкоски бара подметнувањето пожари да се квалификува како тероризам; ОН заклучи дека Израел изврши геноцид во Газа

September 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Потпишан Општиот колективен договор, 130 илјади вработени во јавниот сектор од септември со 10 отсто повисоки плати

July 18, 2023 19:00
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска и претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, денеска после 15 години потпишаа нов Општ колективен договор за одржлив раст на платите во јавниот сектор.

Согласно Општиот колективен договор, од септември 130 илјади вработени во јавниот сектор од септември ќе добијат зголемување на платите од 10 проценти, исплата на К-15 до крајот на годината во висина од 10 илјади денари. Во општиот колективен договор стои одредба за исплатата на К – 15 од 2024 година да биде најмалку 30 проценти од висината на просечната плата. Договорено е новата методологија за пресметка на платите за вработените во јавниот сектор ќе започне од март 2025 година.

Тренчевска изрази задоволство што сите заедно, синдикатите, работодавачите и Владата односно членовите на Економско-социјален совет, донеле системско и одржливо решение за пораст на платите за вработните во јавниот сектор. Според неа, ова е значаен чекор во насока на унапредување на работничките права и потврда дека за оваа Влада социјалниот дијалог е особено значаен.

Како Влада и надлежно Министерство за прашањето во областа на трудот, дијалогот во општеството го подигнавме на повисоко ниво затоа што за значајните прашања треба да се разговара заедно и отворено. Низ дисусија со социјалните партнери ја донесовме методологијата за усогласување на пензии, одлуката за минималната плата и нејзин постојан раст, а денес ја официјализиравме одлуката за пораст на платите за вработените во јавниот сектор, и не само тоа, туку и методологија што обезбедува постојан раст на платите. Општиот колективен договор уредува и други прашања кои се во насока на унапредување и заштита на работничките права, вреднување на трудот на работникот, изјави министерката Тренчевска.

Нагласи дека како Влада продожуваат заедно низ дијалог да носат системски решенија што се правични и даваат резултати на долг рок.

Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов рече дека со Општиот колективен договор завршува процес кој траел три години, а 15 години по потишувањето на последниот колективен договор за јавниот секор.

Се исправи една неправда кон вработените во јавниот сектор. Договорот значи дека на 1 септември вработените добиваат 10 проценти повисока плата, и регрес за годишен одмор од 10.000 денари до крајот на годинава, а следната ќе биде 30 проценти од просечната плата, истакна Трендафилов.

Тој посочи дека вработение во здравството, образованието, армијата, полицијата и други сектори, прв пат ќе добијат регрес за годишен одмор.  Општиот колективен договор предвидува и други поволности – елиминира политички влијанија при одредување на платите, право на јубилејна награда за 10, 20, 30, 40 години стаж, дополнителни денови платен одмор…

На прес-конференцијата во Владата вицепремиерот за економски прашања и координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, истакна дека со обезбедување конкурентна плата се градисилен и професионален јавен сектор кој ефикасно и ефективно ќе им служи на граѓаните и активно ќе учестува во создавањето на поволна деловна средина за одржлив економски раст и развој.

Успеавме да го затвориме системскиот пропуст за политички мотивирани и инструментализирање на платите во јавниот сектор. Поставувме системска бариера, која ќе го штити достоинството на вработените од разни политички калкулации и злоупотреби на нивната положба. Обезбедуваме цврста институционална основа на предвидливост на очекувањата на вработените, јасна рамка за тоа што точно може да очекуваат во однос наплатите, кој максимум може да го постигнат доколку напредуваат во кариерата, истакна Битиќи.

Се исцртува јасна линија на разграничување помеѓу политиката и платите на оние кои профеисонално треба да им служат на граѓаните, рече вицепремиерот, јавниот сектор се исполнува со атмосфера на сигурност, стабилност и предвидливост, во која вработените ќе се чувствуваат ценети, мотивирани и фер компензирани за извршувањето на работните обврски и штитењето на јавниот интерес.

Овој договор претставува одраз на напорите на Владата, синдикатите и работодавачите преку социјален дијалог да се создаваат услови за економски и социјална стабилност на Република Северна Македонија и остварувањето на нејзината темелна вредност, а тоа е да е социјална држава, дециден е вицепремиерот Битиќи.

Првпат од независноста на државата, посочи, се прави системски исчекор во воведување на методологија за раст на платите која во себе ќе вклучува индексирање на платите по формулата просечна бруто плата помножена по коефициентот на сложеност која ќе стапи во сила од март 2025 година.

Второто системско решение е воведувањето и во делот на исплатата на регресот за годишен одмор, односно К-15 кое во наредната година ќе изнесува најмалку 30 проценти од просечната нето плата.

Со цел наредната година животниот стандард на вработените во јавниот сектор да биде заштитен од евентуален инфлаторен бран согласно Колективниот договор се предвидува доколку инфлацијата надмине 3 отсто, тогаш ќе добие зголемување на платата кое ќе биде еквивалентно во процентни поени на нагорното нејзино отстапување од овие основни 3 отсто. Или, илустративно – ако инфлацијата изнесува 7 отсто, тогаш зголемувањето на платите ќе изнесува 4 отсто, појасни Битиќи.

Повисоките плати во јавната администрација, според него, се клучни за подобруваање на квалитетот на услугите кои се испорачуваат кон граѓаните и бизнис секторот, поттикнување на продуктивноста и иноватиноста, намалување на корупцијата, промовирање на економскиот раст, привлекување професионалци и демонстрација на вредности и посветеност во заштитата и унапредувањето на јавниот интерес.

Министерот за финансии Фатмир Бесими го оцени договорот како историски успех, со кој се вопставува здрава и солидна основа за економско-социјален дијалог меѓу Владата и вработените во јавниот сектор.

На 130 илјади вработени им се подобруваат статусот и условите за работа, а со тоа ќе се подбрат и услугите што им се нудат на  приватниот сектор и на граѓаните. Целта е да подобрат условите за вработените во јавниот сектор и услугите што ги нудат. Со постигнатиот договор се зајакнува неависноста на јавниот сектор од политички влијанија, а платите ќе се уредуваат системски, рече Бесими, додавајќи оти се постигнува во време на сериозни кризи – економска, ковид, финансиска, безбедносна.

Дел од синдикатите кои учествуваа во преговорите за општиот колективен договор, сепак, денеска не ставија потпис на договорот.

Од Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) објавија дека нема да го потпишат Општиот колективен договор за јавен сектор предложен од Владата. Претседателот на КСС Благоја Ралповски на прес-конференција информира дека во текот на разговорите со министрите не се согласиле со став 2 од член 14 од предлог општиот колективен договор  за кој рече дека е „камен на сопнување“.

Според Ралповски, предложениот општ колективен договор е штетен за работниците затоа што им одзема многу права и дека со него од наредната година ќе биде тргната минималната плата од законите.

Од Самостоен синдикат за образование, наука и култура – СОНК, пак, реагираа дека потпишан Општ колективен договор е без конкретни одговори на поставените и отворени прашања. Финалниот текст на договорт е привилегија само за ССМ и владините претставници, велат од СОНК.

Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Tags: владајавен секторОпшт колективен договорпотпишувањесиндикати
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    184 shares
    Share 74 Tweet 46
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • Хаотично заебавање

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ