Тринаесетгодишниот Закарија Барбах го помина поголемиот дел од својот живот селејќи се од една во друга болница во Газа, пишува Си-ен-ен, пренесе ЦивилМедиа.
Роден без едно белодробно крило, тој постојано се бореше да дише. Лекарите му предвидувале дека ќе му треба трансплантација доколку сака да доживее полнолетство. Но, последните 15 месеци од војната во Газа го направија тоа невозможно.
Кога во неделата (21 јануари) стапи на сила прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас, Закарија беше во екстаза.
„Мамо, сега можеме да одиме да ги бараме моите бели дробови!“ раскажува мајка му на Закарија.
Помалку од 24 часа подоцна, Закарија беше застрелан.
Лекарите во болницата Насер велат дека израелски снајперист го испукал фаталниот истрел во понеделникот во јужниот град Рафах. Семејството на Закарија изјави за Си-Ен-Ен дека тој барал дрво за готвење и греење.
„Тој не умре од својата болест; заврши со смрт од рацете на окупацијата. Сè што сакаше беше да има бели дробови за да дише, што направи за да го заслужи ова? Што направи ова дете?“ рече неговата мајка, не можејќи да ги задржи солзите.
Израелската војска изјави за Си-Ен-Ен дека не знае ништо за инцидентот.
Извор: CNN