• Latest

Потресно Фејсбук сведоштво за тешко кршење на човековите права

March 11, 2017

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Потресно Фејсбук сведоштво за тешко кршење на човековите права

March 11, 2017 13:40
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Марија Баришин објави потресно сведоштво за нејзиното искуство со институциите и тешкото кршење на нејзините човекови права. Нејзиното сведоштво го пренесуваме во целост. ЦИВИЛ – Центар за слобода ќе се обрати до засегнатите институции и ќе побара одговори за наводите во оваа исповед од надлежните институции. 

Драги мои стари и нови пријатели,

Долго време размислувам дали да споделам низ што се поминав во мај, јуни, јули и август 2015.

Во тој период работев како неофицијален одговорен менаџер за документацијата на изградбата на новиот гасовод Клечовце-Штип но во приватна фирма кои беа подизведувачи.

Гасоводот е платен од Путин како стар долг на русите кои ветиле дека комплетно ќе ја гасифицираат Македонија, иако постоечкиот гасовод на Гама каде па документацијата ја водеше татко ми и е со сосема доволен капацитет.

Работев со русите Газпром и со нивната ново оформена фирма (а.д.) на Гаспром и Македонски Енерго Ресурси (МЕР). Знаев дека си имам работа со капитален владин проект и се чував и снимав.

Како почнаа протестите во мај со бомбата за Мартин Нешковски така атмосферата стана неподнослива на работа. Надзорот, Идеја Проект, кои исто така го правеле основниот проект ама под друго име што е противзаконски (Кумановска градежна фирма со милион владини проект) почнаа да паничат и буквално да не малтретираат. Инаку истите инженери имаат потпис и печат на двата проекта така што лесно ќе изгубат дозвола со новата власт.

По некое време и русите испаничија и главните ги викнаа во дирекцијата на Газпром во Москва на состаноци со генералниот кој е буквално најблизок пријател на Путин.

Работата тече, пари од Мин за Транспорт и Врски не ни се исплаќаат. Во меѓувреме во неврзан муабет еден од инженерите ми кажува како мал нивен тим пред да дојдам во Скопје, работеле на овој проект за Македонскиот гасовод стационирани во Прага, цела година. Ми излистаа од која фирма добивале плата. Со еден телефонски разговор со пријател од Прага дознав чива е фирмата. Секако на началникот/братучедот. Значи сите тие 64 милиони долари (мислам) кои Путин ни ги пребацил за проектов директно отишле натаму.

Па од таму се отвори цел прстен на бизнисмени грчки и бугарски (Газпром го градеше гасоводот и во Бугарија како и повеќето гасоводи).

Јас сето ова и го пренесувам на Мариет Шурман, поранешната амбасадорка на Холандија која ми вели дека сум во опасност затоа што ме прислушкуваат и се ми читаат и дека ќе ми среди да влезам во Американска или Германска амбасада. Но во меѓувреме Мери Николова ми даде телефон од Заев и отидов кај него, жива испаничена и со 8 гига документи. Изгледав и звучев како тотална лудача кај него.

Сето тоа Заев го искористи во преговорите но битангиве секогаш имаат начин да се покријат.

Недела дена по ова, ми улетуваат полицајци во 9 и пол навечер, ми ставаат лисици кои ми ги искрвуваат рацете и ме носат директно во Бардовци и тоа во второ женско. Тоа е најтешкиот оддел. Со жени кои си ги убиле децата и една која си ја заклала мајката со секира.

Во меѓувреме донесоа една професорка од правен факултет и една жена од собрание која само си ја работела работата и двете параноични и исплашени. Професорката по хотели спиела со недели.

По закон ако фамилијата сака да ме земе треба да ме пуштат но не ме пуштаат. Ми остава мајка ми нејзин мобилен (мојот во Беко ми го земаа) за да се јавам кај знам за помош. Вртам на сите чии телефони ги знам знаејќи дека мијалков машинерија ради. Истата вечер му се јавуваат на татко ми на домашен телефон од скриен број со следнава порака – вашиот мобилен, број тој и тој ви е оставен во Бардовци, веднаш да си го земете или не гарантираме за сигурноста на вашата фамилија и вашето внуче и ќе има последици.

Следното утро во 8 и пол доаѓа една од лекарките и ми вика, зошто збориш по ходници дека те дрогираме? Викам ходници по пациентиве? Или по телефон па ти се јавија од штаб. Тебе ќе те снема од тука во исто време кога ќе го снема вмро од власт. Се потресе и од тогаш со мило и злато ми се обраќаше.

Нормалните лекарки направија се во нивна моќ и ме преместија на акутно каде е далеку подобро. И еден ден недела успеаа да ме пуштат незаконски кога нема лекари, една прекрасна сестра турчинка да одам дома на три саати, детето да си го видам и чаре да барам.

И пишав на Мариет на фб што ми се случува. А петокот пред тоа еден албанец лекар од акутно ми вика не те пуштаме тебе уште месец и пол минимум. Истиот тој дојде во понеделник во 8 сабајле со милион извинувања и ме пуштија да си одам. 6 недели ми ја земаа слободата, 6 недели ме одделија од детето и фамилијата, 6 недели се борев да останам нормална.

И да додадам ме тролаа по социјалниве мрежи нивните полтрончиња со статуси каде што не се спомнува мое има но се спомнува се што ми се случило дента. Ми требаше време да сфатам дека е за мене. Како ако нема ручек прав македонец си ја тепа жената (што ми се случи дента со поранешниот ми партнет) и ред други работи. Знаете оние како бетмени, девојка му убава – најславната ни самопромовирана самохрана мајка, една девојчица од бекстејџ која не ја ни знам пишала – а бе сеа смирија ли овие или уште се тепаат?

Го пишувам ова не за себе промоција, и така ја напуштам Македонија наскоро. Го пишувам за да знаете дека Бардовци се користи како затвор за политички затвореници. Го пишувам затоа што сум горда на се што поминав и што во ниту еден момент не им се плашев затоа што знаев и знам дека бев и сум на правата страна на историјата. Го пишувам да знаете дека се ви се чита и прислушкува, дури знаат и кое радио во кола го слушате доколку телефонот ви е уклучен на интернет. Ви пишувам затоа што имам чувство дека знам што му се случи на Никола Младенов. Го пишувам затоа што си ја сакам Македонија и сакам конечно да бидеме слободни и да живееме а не да преживуваме.

Ви благодарам што го прочитавте постов до крај.

Tags: @активизамБардовцибомбиГазпромМакедонијаполитичка кризаприслушувањеРусијачовекови права
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ