Граѓанското здружение ФРОДЕМ и членови на Внатрепартиската иницијатива за реформи во ВМРО-ДПМНЕ од денеска официјално настапуваат како фракција во ВМРО-ДПМНЕ.
„Причина повеќе за јавно дејствување како фракција е фактот дека ова наметнато раководство сè уште е во закрила и во стегите на поранешните партиски фунционери без разлика на јавното глумење за некаква реформа и демократизација. Од тоа нема ништо. Доказ е последниот конкурс за избор на претседатели на општинските комитети на партијата, по сосема ист терк како сите досегашни“, вели Љупчо Алексовски од ФРОДЕМ.
Тој исто така, истакна дека преку фракцијата јасно ќе се иднетификуваат носителите на различни идеи во партијата наспроти постојаните задкулисни партиски игри.
Б.Јордановска