Самонаречените патриотски организации „Тврдокорни“ и „Македонски обединети сили“ ги повикуваат браќата и сестрите Македонци на протест во недела, во 13 часот, пред Македонското собрание, против како што велат – рушење на македонскиот карактер на државата, двојазичноста и албанизацијата на државата.
„Состојбата е алармантна и нашата земја Македонија сега бара јунаштво од својот народ да може да ја одбрани правдата, своите семејства и својот дом. Бегањето од борбата за Македонија е најголем срам за еден Македонец, а отпорот е чест, обврска и должност, кој воедно е и пат кон бога. Го замолуваме единствен праведен бог да не благослови со храброст во борбата за Македонија која допрва започнува. Слобода за Македонскиот народ, а смрт за предавниците!“, стои во повикот.
Тие потенцираат дека протестот е изнуден од очигледната уништувачка политика која ја спроведуваат поедини политичари во нашата земја.
Дехран Муратов