• Latest
Креирано со помош на ВИ

Повикот на Трамп за „национализирање“ на изборите, стравувања од суспензија и можен „домино ефект“ во Западен Балкан и Северна Македонија

February 3, 2026

Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

May 12, 2026
Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

May 12, 2026

Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

May 12, 2026
Реакции - идентитет

РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

May 12, 2026

Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

May 12, 2026

Нафта, нуклеарни закани и геополитички притисоци – разгорување на тензиите меѓу САД и Иран

May 12, 2026

Путин призна: Инвазијата во Украина не беше за „ослободување“, туку за запирање на нејзиниот пат кон ЕУ

May 12, 2026

ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

May 12, 2026

Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

May 10, 2026

VSquare: Тивкото протерување — Како Унгарија засолнуваше руски шпион сѐ додека Орбан не падна

May 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

    РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

    Реакции - идентитет

    РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

    Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

    Нафта, нуклеарни закани и геополитички притисоци – разгорување на тензиите меѓу САД и Иран

    Путин призна: Инвазијата во Украина не беше за „ослободување“, туку за запирање на нејзиниот пат кон ЕУ

    ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

    Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026

    Зеленски дозволи одржување на парадата во Москва: Потпиша декрет за локализиран прекин на огнот

    Инфлација од 1,3% во април 2026: Најголем скок во храната и транспортот

    Фптп: Скриншот од видео на Guardian

    Нов правен пораз за Трамп – блокирани глобалните царини и најавени огромни рефундации

    Румен Радев / Фото: МИА архива

    Радев официјално ја презеде власта: Нова политичка ера во Бугарија меѓу реформите и геополитичките дилеми

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Реакции - идентитет

    РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

    Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

    ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Дебата за политичките состојби во изборен контекст: Контрола на штетата и продолжување на политичкиот рок на траење на власта

    Предвремени избори за одржување на режимот

    Џабир Дерала (фото: Рилинд Сулејмани)

    Звукот на привикнувањето

    Светски ден на слободата на медиумите: Помеѓу европските реформи и реалноста

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

    Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Москва, 23 август 1939 година | Советскиот министер за надворешни работи Вјачеслав Молотов го потпишува Пактот за ненапаѓање. Зад него стојат Јосиф Сталин и германскиот министер за надворешни работи Јоаким фон Рибентроп.

    Крвното братство што тие сакаат светот да го заборави

    Илустрација ВИ

    Предвремени избори како алатка за продолжување на политичката контрола

    Германски трупи парадираат пред платформата со високите офицери на германската и советската армија (Bundesarchiv Bild 101I-121-0011A-23, Polen, Siegesparade, Guderian, Kriwoschein)

    Заборавениот сојуз и пријателство „запечатено со крв“: Кога нацистите и сталинистите парадираа заедно

    Предвремени избори за одржување на режимот

    Новинарство без слобода не бива. Прашањето е – колкава е таа слобода

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home АНАЛИЗИ

Повикот на Трамп за „национализирање“ на изборите, стравувања од суспензија и можен „домино ефект“ во Западен Балкан и Северна Македонија

February 3, 2026 15:35
in АНАЛИЗИ, ИЗБОРИ ВО САД, СВЕТ, ТОП 5
Креирано со помош на ВИ

Креирано со помош на ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Повикот на Доналд Трамп до републиканците да го „национализираат гласањето“ не е само уште една агресивна маркетиншка порака. Тој претставува јасен сигнал за политичка стратегија во пресрет на среднорочните избори – но и предупредување дека изборниот процес може да стане следното бојно поле во продлабочувањето на американската институционална криза.

Во понеделникот, за време на појавувањето во подкастот на поранешниот заменик-директор на ФБИ, Ден Бонгино, Трамп изјави дека републиканците треба да „преземат контрола“ врз гласањето во „најмалку 15 места“ и дека гласањето треба да се „национализира“. Повикот е во најмала рака симптоматичен – сугерира централизација на изборниот процес во земја каде што изборите традиционално се администрираат на државно и локално ниво, а федералната влада има ограничена улога.

Повикот следеше по шокантниот понижувачки пораз за Доналд Трамп, во Тексас, каде синдикалниот лидер Тејлор Ремет го победи републиканецот Ли Вамбсганс во трката за 9-то место во Сенатот на државата Тексас со 57,2% од гласовите на место кое гласаше за Доналд Трамп со повеќе од 17 поени предност во 2024 година, и покрај личната агитација на Трамп кој ги повика републиканците да гласаат за Вамбсганс и за Републиканската партија

Индикативно е што, речиси непосредно пред изјавата, ФБИ изврши претрес во изборна канцеларија во округот Фултон, Џорџија – локација која веќе со години е политички симбол за Трамп и неговата база, поради тврдењата (без докази) дека изборите во 2020 биле „украдени“, што го поттикна сега повторно да го отвора истиот наратив, тврдејќи дека постојат држави каде што „победил, но покажуваат дека не победил“, најавувајќи дека „ќе излезат интересни работи“.

Во вакви случаи, не е пресудно тоа што фактите досега не го поддржале наративот — туку дека повторувањето на сомневањата ја разјадува довербата во изборниот систем, создавајќи предуслов за идни (радикални) потези.

Дополнителна тежина на случајот му дава и изјавата на директорката на Националното разузнавање, Тулси Габард, дека Трамп лично ја упатил да оди во Атланта. Според извори, таа дури го поврзала претседателот со агенти на ФБИ – што укажува на директна вмешаност на Белата куќа во конкретни оперативни активности.

Ова ја отвора суштинската дилема: дали федералните институции се користат како механизам за „спроведување на правото“ – или како политичка алатка за обликување на изборниот терен?

Обиди за редефинирање на изборните правила

Трамп веќе покажа дека сака да го редизајнира изборниот систем преку извршни механизми. Минатата година потпиша извршна наредба која бара доказ за американско државјанство при регистрација за гласање и забрана за броење поштенски ливчиња кои пристигнуваат по изборниот ден.

Иако делови од наредбата се блокирани, пораката останува: администрацијата сака да постави правила што можат да го намалат бројот на гласачи и да создадат нови административни бариери — најчесто во средини каде што традиционално доминираат демократите.

Паралелно, Трамп посегнува по дискутабилен потег – прераспределба на изборните окрузи во средината на деценијата, со цел републиканците да добијат дополнителни места во Претставничкиот дом.

Министерството за правда дополнително ја засили реториката за „измама“ и „инфилтрација“ на недокументирани имигранти во изборите — без независни докази. Во меѓувреме, администрацијата тужи дваесетина држави барајќи целосни избирачки списоци со лични податоци (вклучително и адреси и броеви за социјално осигурување).

За критичарите, ова не е прашање на транспарентност, туку на контрола: ваквите барања создаваат притисок врз локалните власти, ја отвораат вратата за заплашување, и даваат потенцијален инструмент за политичко таргетирање.

Реакцијата од демократските држави покажува дека тие веќе не ја третираат оваа закана како теоретска. Државниот секретар на Минесота, Стив Сајмон, јавно потврди дека тој и неговите колеги разговарале за мерки за заштита на гласачите — вклучително и сценарија каде федерални органи би се појавиле на избирачки места.

„Ова сега е легитимна категорија на планирање… би било неодговорно да ја игнорираме можноста“, изјави Сајмон.

Фактот дека ваков вид планирање станува „нормален“ е аларм сам по себе: во функционална демократија, државните изборни администратори не треба да планираат одбрана од федералната власт.

Минесота како „сценографија“ за вонредна состојба?

Во позадина на оваа изборна ескалација се појавуваат и стравувања дека немирите во Минесота и пошироко би можеле да се искористат како изговор за прогласување вонредна состојба.

Токму тука анализата добива најтемна димензија – ако безбедносната криза стане доминантна рамка, тогаш изборите можат да се претстават како „ризик“ за стабилноста, а демократските процедури како „луксуз“ што може да се одложи.

Правно и политички, прогласувањето вонредна состојба не значи автоматски укинување избори — но во атмосфера на силна поларизација и институционална конфузија, тоа може да создаде услови за де факто суспензија или пролонгирање на изборните процеси, преку „технички“ или „безбедносни“ оправдувања.

Загрижувачки е и поширокиот контекст на безбедносно присуство во градовите: според критичките проценки, по улиците патролираат лица кои не изгледаат како стандарден, професионален полициски состав, туку како мешавина од ад-хок безбедносни формации, платеници и политички мотивирани групи.

Во таква средина, „редот“ може да стане политичка категорија, а државната сила – инструмент за притисок. Оваа логика веќе беше видлива во нападот на Конгресот во 2021 година: толпата тогаш беше мотивирана од наратив дека изборите се нелегитимни.

Селективен фокус кон „сини“ држави

Дополнителен индикатор за политичка селективност е тоа што имиграциските операции и притисокот се концентрирани главно во „сини“ држави управувани од демократи. Таквиот фокус може да се толкува како казнена политика кон политички противници, но и како обид да се создаде впечаток на хаос и небезбедност токму таму каде што демократската инфраструктура е најсилна.

Повикот за „национализирање“ на гласањето, федералните акции во Џорџија, обидите за редефинирање изборни правила, притисокот врз избирачките списоци и зголемената безбедносна тензија – не се изолирани епизоди. Тие се дел од поширок тренд во кој изборите се претвораат од демократски механизам во поле за институционално надмудрување и можен судир меѓу федералната власт и државите.

Во ситуација каде што популарноста на Трамп според критичките проценки опаѓа, а политичката поларизација се продлабочува, ризикот е јасен: наместо натпревар за гласови, САД може да влезе во период каде што главната битка ќе биде – дали изборите воопшто ќе се одржат во нормални услови и дали резултатите ќе бидат признаени. Или уште по драматично – дали изборите воопшто ќе се одржат?

Можен „домино ефект“ врз ЕУ, Западен Балкан и Северна Македонија

Иако американската изборна и институционална криза на прв поглед изгледа како внатрешно прашање на САД, се чини дека овој процес води кон колапс на светскиот поредок што се појави по Втората светска војна. Овој процес не е од сега,  почнат е од поодамна, но сега, под Трамп доживува  ескалација.   се забрзува  и добива  видливост и поддршка на глобално ниво, особено во земјите, вклучително и во некои членки на ЕУ, каде дојдоа на власт автократи, кои се истовремено и трамписти и путинисти.

Последиците би се почувствувале далеку надвор од Вашингтон – особено на Западен Балкан, регион кој историски реагира чувствително на секое слабеење на западните гаранции. Доколку процесите на „национализирање“ на изборите, политизирање на институциите и евентуално прогласување вонредни состојби станат реалност или дури и сериозна можност, тоа би значело сериозен удар врз кредибилитетот на демократскиот модел што САД традиционално го промовираат, и би претставувало „карт бланш“ за примена на ваквото сценарио во кревките демократии на Западен Балкан.

За Балканот, најопасна би била не толку конкретната одлука на Вашингтон, туку симболиката: ако демократијата во најмоќната западна држава стане условна, оспорена или „суспендирана“ под изговор на безбедност, тогаш тоа неизбежно ќе ги охрабри локалните елити да ги релативизираат истите стандарди дома. Притисокот за владеење на правото, изборна транспарентност и медиумски слободи би ослабнал, а авторитарните тенденции би добиле легитимација. Во ваков вакуум, се отвора дополнителен простор за влијание на актери кои со години инвестираат во дестабилизација на регионот – пред сè Русија, но и други центри на моќ што ја хранат антизападната недоверба.

За Северна Македонија, последиците би биле двојни. Прво, би се засилил дезинформацискиот бран со веќе познати наративи – дека „Америка нема демократија, па зошто ни држи лекции“, дека „Западот е во распад“ и дека евроатлантската ориентација е промашена. Второ, би се нарушила внатрешната политичка кохезија: во услови на растечка поларизација, секоја слабост на Западот се претвора во аргумент за популизам, радикализација и оспорување на изборната легитимност.

На крај, најопасен е „домино ефектот“: ако во САД се нормализира институционалната злоупотреба и релативизирањето на изборниот процес, Балканот, вклучително и Северна Македонија, ќе добие оправдување за сопствени, локални верзии на истото – со далеку посериозни последици за стабилноста и демократијата.

ЦИВИЛ МЕДИА | Ставовите и наодите во овој текст се целосна одговорност на Авторот и не нужно ги претставуваат ставовите на донаторите или на другите партнери и соработници на организацијата.

Share33Tweet21Send
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ