Четириесет и осум годишен жител на село Шум струшко, во дворот од сопствената куќа бил повреден од заскитан куршум во пределот на ногата.
Од МВР соопштија дека Д. К. (48) бил пренесен во Медицинскиот центар – Струга, каде е извршена хируршка интервенција, по што е пуштен на домашно лекување. Увид извршила екипа на Полициската станица – Струга, а се преземаат мерки за расчистување на случајот.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.