Кривичниот суд го одложи судењето за „Поткуп“ на 26 февруари, во кое е обвинет премиерот Зоран Заев.
Претходното рочиште, исто така, беше одложено, бидејќи предметот не беше пристигнат од Апелацискиот суд, кој требаше да одлучи по жалбата на одбраната на Заев, која бара видеоснимките од посебните истражни мерки (ПИМ) да не бидат користени како доказ во судската постапка за случајот „Поткуп“, зато што делови од неа беа јавно објавени на Јутјуб.
Заев во случајот „Поткуп“ е обвинет дека како градоначалник на Струмица барал поткуп од околу 160.000 евра од струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевалиев за легализација на градежно земјиште.
Д.М.