Categories

НЕСРЕЌА Пожар во затворот Идризово, изгорела кровна конструкција

Пожар утринава избувнал во затворот Идризово во Скопје. 

Пожарот бил пријавен околу 4 часот, а изгорела кровна конструкција.

Интервенирано било со едно возило и четворица пожарникари, а пожарникарите го совладале за еден час.

Според информациите направена е штета од 15.000 денари. Нема информации за повредени лица.

Се очекуваат повеќе детали.

М. И.
фотографија: Дехран Муратов

Print Friendly, PDF & Email