• Latest

Позитивни коментари за Законот за странци

June 6, 2018

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Позитивни коментари за Законот за странци

June 6, 2018 11:38
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Вчера на сила стапи Законот за странци, а ќе започне да се применува по една година. Законот ги уредува условите за влез, напуштање и престој на странците во Република Македонија, како и нивните права и должности. Со денот на започнување на примената на новиот закон ќе престане да важи досегашниот Закон за странците што беше донесен во 2006 година.

Од Македонското здружение на млади правници соопштија дека е за поздравување тоа што со Законот се предвидува можност за добивање на постојан престој на лицата кои по распадот на СФРЈ останале без државјанство, а живеат во Македонија каде што имаат оформено трајни и нераскинливи врски, со што овие лица последователно ќе бидат во можност да се стекнат со македонско државјанство.

Сепак, МЗМП се загрижени што во подготовката на предлог-текстот на Законот не биле вклучени сите релевантни актери, а особено претставниците на граѓанскиот сектор кои работат во оваа област, ниту пак истиот беше достапен на Единствениот национален електронски регистар на прописи – ЕНЕР, спротивно на Деловникот на Владата на РМ, поради што беше исклучена можноста на заинтересираните страни да достават свои мислења и предлози.

Но, генералната оценка е дека ова е позитивно решение кое во голема мера ќе обезбеди решавање на ситуацијата на голем број на лица во социјален ризик, кои во државата немаат пристап до здравствена заштита, образование, вработување и други права поради тоа што немаат државјанство на ниту една земја. Сепак, воедно сметаме дека потребно е допрецизирање на оваа нова одредба, со цел да не создаде забуни кај лицата кои треба да го регулираат престојот на овој начин и дека неопходно е да се превенира можниот ризик од преголема дискреција на службениците кои одлучуваат по барањето за престој.

МЗМП се надева дека со новото законско решение за одобрување на постојан престој ќе се отвори можност да биде решен статусот на дел од лицата без државјанство во Македонија кои ги исполнуваат предвидените услови. Воедно се надеваме и дека преку сеопфатен национален дијалог во Република Македонија соодветно ќе се одговори на идентификуваните недостатоци на новодонесениот Закон.

МЛ

Tags: Закон за странциМЗМП
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ