• Latest

Познати новинарки бегаат од Русија

November 18, 2017

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Нов бран на руски терор: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Пропаганда под маската на новинарство: OpenAI откри како руски и ирански мрежи манипулирале со медиумите

October 10, 2026

(ИНФОГРАФИК) Банките доминираат на Македонската берза: Пет банкарски акции со над 71 отсто од редовниот промет

October 10, 2026

Шефот на Microsoft AI предупредува: Машините што веруваат дека имаат свест и права може да станат закана за човештвото

October 10, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер за желбата за терор и сценариото за уривање на американската демократија

October 10, 2026
Меморијал во близина на домот на Ана Политовскаја, Москва, 2006 (фото извор: Wikimedia)

„Путин не разбира дека луѓето имаат права“: 20 години од убиството на Ана Политковскаја, нарачателите сè уште непознати

October 9, 2026
Патување низ лавиринтот на европскиот сон (илустрација: ChatGPT / ЦИВИЛ МЕДИА)

Случај Северна Македонија: Земја изгубена во лавиринтот на сопствените блокади

October 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Познати новинарки бегаат од Русија

November 18, 2017 15:28
in СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Неколку месеци пред претседателските избори закажани за март 2018 година, Русија се соочува со нов бран бегства на новинари кои критички пишуваат за Кремљ. Во рок од неколку недели, три истакнати новинарки објавија дека си заминале од Русија и дека во догледно време нема да се вратат. Тој тренд би можел да продолжи.

Олга Романова: Рации поради сомнежи за проневера

Олга Романова (51) предизвика внимание во руските медиуми откако објави информација дека од септември живее во Германија. Реномираната московска новинарка и активистка за човекови права на Фејсбук соопшти дека летоска ја напуштила Русија.

Повод за тоа биле рациите во јуни во просториите на невладината организација „Русија зад решетки“. Неа ја основала Романова и во рамките на тој проект се залагала за правата на затворениците. Рацијата  била дел од предистражните постапки поради сомнежи за проневера на пари.

Романова ги демантираше овие обвинувања, но повеќе би сакала својата невиност да ја докажува „од слобода“. Тоа би можело да се интерпретира вака: очекувала дека ќе биде уапсена, па затоа ја напуштила земјата. Романова инаку на почетокот беше недостапна за Дојче Веле.

Според соопштението на фондацијата „Фридрих Нојман“, блиска до германските либерали, Романова моментно води еден проект во Берлин.

Романова во Русија работела за разни печатени и електронски медиуми. Меѓу другото, била активна и во протестното движење на опозицијата во зимата 2011/12, против изборната измама и за повеќе демократија. Таа во 2012 година ја добила и наградата за слобода на новинарството, која во Хамбург се доделува на новинари од Источна Европа.

Ксенија Ларина: Напад со нож на колешка

Случајот на Романова привлече толкаво внимание затоа што делуваше како да станува збор за своевиден тренд. Имено, неколку дена претходно, на 31 октомври, главниот и одговорен уредник на либералната радио станица „Ехото на Москва“, Алексеј Венедиктов објави дека неговата колешка и водителка Ксенија Ларина, од безбедносни причини ја  напуштила Москва и тоа на половина година – се додека не поминат претседателските избори. Оваа информација е потврдена за Дојче Веле. Останува тајна во која земја престојува моментално.

Ксенија Ларина (54) своите емисии сега ги води преку Скајп. Причина за напуштањето на Москва не била само новиот бран хушкање и поттикнување омраза против либералните новинари и критичари на Кремљ од страна на државната телевизија.

Имено, еден влијателен новинар лично ја нападнал Ларина, а потоа кон крајот на октомври со нож е нападната уште една соработничка на истата ТВ станица – Татјана Фелгенхауер. Таа при тоа се здобила со повреди во пределот на вратот.

Ларина ги обвини држаните медиуми дека шират атмосфера која овозможува такви напади. Повредената новинарка Татјана Фелгенхауер изјави дека напаѓачот не делувал како некој кој е ментално нарушен. Тој во моментов е во притвор во Москва и е обвинет за обид за убиство.

Јулија Латинина: Запален автомобил

Најистакнат случај на бегство во странство се случил пред два месеци. Кон средината на септември, познатата новинарка и писателка Јулија Латинина објави дека од безбедносни причини ја напуштила Русија и своето семејство.

Причина: непознати луѓе на оваа 51-годишна жена и го запалиле автомобилот пред куќата во близина на Москва. Претходно Јулија Латинина била жртва на неколку напади, а летоска некој распрскал и отровна течна материја во нејзината куќа.

Латинина ја водела неделната програма на станицата „Ехото на Москва“, а работела и како колумнистка за познатото списание „Новаја Газета“. Таа во 2004 година добила специјална награда од фондацијата „Цајт“. Јулија Латинина, поради безбедносни причини, исто така не сака да објави во која земја моментално престојува.

Нема класична миграција

Овие три новинарки не се првите кои во последно време ја напуштиле Русија. Од враќањето на Владимир Путин во Кремљ во 2012 година, а посебно по анексијата на Крим во 2014, повеќе новинари, опозициски политичари, уметници и експерти и свртиле грб на Русија.

– Загржувачки е, кога станува збор за тие случаи, тоа што се попознати московски новинари се чувствуваат толку загрозени за да бидат приморани да бегаат, вели за Дојче Веле Кристијан Мир, директор на организацијата „Репортери без граници“ во Берлин.

– Тоа покажува колку е опасно кога напаѓачите на новинари не се казнуваат. Тоа ги охрабрува другите на насилство над новинари и ги обесхрабрува новинарите да известуваат самостојно. Дури и државната телевизија неславно придонесе за тој тренд ширејќи клевети и лаги против либералните медиуми, рече Мир.

Романова, Ларина и Латинина не сакаат да кажат дека засекогаш ја напуштиле Русија. Тие, штом пројде опасноста, се надеваат дека ќе се вратат.

[divide]

извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: МедиумиМедиумски ПрогонновинарствоРусија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ