• Latest

Познатите за книгата „Во чекалницата на слободата“ од Сашо Орданоски

May 29, 2018

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Познатите за книгата „Во чекалницата на слободата“ од Сашо Орданоски

May 29, 2018 14:06
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Колумните на Сашо Орданоски што ги објавуваа ЦИВИЛ Медиа, а беа пренесувани во Плусинфо и Слободен печат, секој работен ден, почнувајќи од 4 септември 2017 година, сега се објавени во обемното издание на ЦИВИЛ под наслов „Во чекалницата на слободата“. 

За колумните на Орданоски рекоа:

Ѓунер Исмаил: „Во нормалниот свет, денот никогаш не започнувал со изгревањето на сонцето, туку, како што велел Хегел, со читање на весници, што се подразбирало како утринска молитва. Денот, Светот, а особено умот на цивилизираниот граѓанин со весниците ја добивале неопходната светлина, неопходниот кислород за да ја издржиме, та дури и за да ја разбереме сета авантура на живеењето, особено во општество како нашето. Среќа е што Сашо, со исклучителна компетентност, се нафати во годинава зад нас да ни биде токму тоа: да го активира нашиот будилник, да го запали светлото „на крајот од тунелот“, да ни обезбеди неопходни дијагнози и по некој лек, да ни помогне да си ги протриеме гуреливите очи и, ако сме доволно храбри, да се впуштиме во дневните битки со Сцилите и Харибдите кои, најчесто, сами си ги произведуваме…

Брзам да завршам, часот е осум-нула-нула, тајмерот ме предупредува дека Сашо и денеска е објавен на civilmedia.mk!“

Џабир Дерала: „Едноставно е. Сашо е барометар на нашето општество. Најдобар автор. Неповторлив.“

Бранко Героски: „Орданоски е врвен аналитичар на политичките прилики во Македонија, неговите анализи се неодминливо четиво за секој што сака да копне под површината на дневните настани и сензации. Ги препорачувам и како задолжителна лектира за секој политичар што претендира на влијание и моќ.“

Бранко Тричковски: „Колумнистиката на Орданоски е ѕвезда во мрачната вселена на македонската транзиција. Светлост што ни помага да видиме што се случува зад појавноста на нештата. Одело за нуркање, скафандер за леонирање. Луѓето што не прочитале макар една колумна од Сашо, немаат право да кажат дека ја разбрале Македонија.“

Санта Аргирова: „Повеќе експлозивен коктел наместо утринско кафе, прецизен дневник на општествените настани. Прирачник за почетниците во политиката.“

Слободан Унковски: „Орданоски е симултан преведувач на животно загрозувачките болести што македонското општество ги имало, ги има и евентуално ќе ги добие. Со неговите колумни, кој знае да препознае, доаѓа и рецепт за лекот, што, за жал, го нема на позитивната листа.“

Гордана Дувњак: „Орданоски е поразличен од сите останати. Тој провоцира со актуелноста во изборот на теми, вештината во пласирањето и одбраната на тезите, сочниот јазик што го користи. Наметнува дилеми, полемизира, но и нуди решенија. Тоа не му успева секому, туку само на оној што умее да ги подреди и анализира фактите, а притоа, има и животно искуство, широк светоглед и бројни контакти.“

 

Tags: колумниСашо ОрданоскиЦивил
Share38TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ