Учебната 2024-2025 започна со низа проблеми, недостаток на учебници, недовршени наставни програми, финансиски проблеми на училиштата и низа други нерешени прашања, пробелм беше и јавниот превоз. Дали второто полугодие почнува со истите проблеми или нешто се промени во меѓувреме?
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Каков почеток на второ полугодие ги очекува децата и младите?
Редакција ЦивилМедиа ги повикува сите заинтересирани граѓанки и граѓани да одговорат на ова, но и на претходните прашања на денот во коментарите на објавата.
Некои прашања се деликатни, така што, освен во коментари, секогаш постои можноста да се биде анонимен, па одговорите на Прашањето на денот да се даваат анонимно, во порака на месинџер или на другите онлајн контакти на ЦИВИЛ.
Најдобрите одговори ќе бидат објавени во посебен прилог.
Сите прашања на денот може да се најдат во рубриката ФОРУМ на интернет весникот ЦивилМедиа.
Редакција ЦивилМедиа