Денешното ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ е: Каква иднина им обезбедува државата на младите луѓе?
Со оглед на тоа дека Северна Македонија се вбројува во државите од социјален карактер, истата има обврска да обезбеди минимална социјална помош за различни ранливи категории во општеството, како што е, социјална помош во одредена сума, здравствен систем со повластени цени и тн.
Но, дали нашата држава има план за иднината на младите кои што бројки на емиграција се се поголеми секоја година, доколку вака продолжи трендот, државата ќе има недостиг на млада сила во клучни сектори од општеството.
Според вас, каква иднина им обезбедува државата на младите луѓе?
Пишете коментар или порака. Вашето мислење е извонредно важно. Учествувајте!
Со учество во сегментот #ПрашањеНаДенот, секој има можност да учествува во нашите заеднички напори да посочиме на клучните прашања со кои се соочуваме во секојдневниот живот, но и да се обидеме да споделиме мислења и совети едни со други, да споделиме искуства, да посочиме кон решенијата.
ВКЛУЧЕТЕ СЕ.
Некои прашања се деликатни, така што, освен во коментари, секогаш постои можноста да се биде анонимен, па одговорите на Прашањето на денот да се даваат анонимно, во порака на месинџер или на другите онлајн контакти на ЦИВИЛ.
Најдобрите одговори ќе бидат објавени во посебен прилог.
Сите прашања на денот може да се најдат во рубриката ФОРУМ на интернет весникот ЦивилМедиа.
Редакција ЦивилМедиа