Последната анекета направена за довербата на граѓаните во новата Влада што МКД. мк ја нарача од Маркет Вижн покажува дека 38,9% од испитаниците се задоволни од новата власт. Опозицијата ја смета за лажна анкета. Истовремено, медиумите укажуваат и на висок рејтинг на Мицкоски што го покажуваат и анкетите на ИПИС.
Но колку може да им се верува на анкетите и рејтинзите, ако се знае дека клиент токму на истите консултантски компании е и Владата на Република Северна Македонија. ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за анкетите и мерењето на политичките рејтинзи?
Редакција ЦивилМедиа ги повикува сите заинтересирани граѓанки и граѓани да одговорат на ова, но и на претходните прашања на денот во коментарите на објавата.
Некои прашања се деликатни, така што, освен во коментари, секогаш постои можноста да се биде анонимен, па одговорите на Прашањето на денот да се даваат анонимно, во порака на месинџер или на другите онлајн контакти на ЦИВИЛ.
Најдобрите одговори ќе бидат објавени во посебен прилог.
Сите прашања на денот може да се најдат во рубриката ФОРУМ на интернет весникот ЦивилМедиа.
Редакција ЦивилМедиа