Уставниот суд вчера донесе одлука за укинување на „балансерот“ – алатката за вработување според етничката припадност во државните институции. Одлуката нема да важи ретроактивно.
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Со укинување на „балансерот“ одиме чекор напред или се враќаме чекор назад?
ЦивилМедиа ги повикува сите заинтересирани граѓанки и граѓани да одговорат на ова, но и на претходните прашања на денот во коментарите на објавата.
Анонимност
Доколку сметате дека може да биде загрозена вашата приватност, освен во коментари, секогаш постои можноста да се биде анонимен, па одговорите на Прашањето на денот може да се даваат анонимно, во порака на месинџер или на другите онлајн контакти на ЦИВИЛ.
Најдобрите одговори ќе бидат објавени во посебен прилог.
Редакција ЦивилМедиа