• Latest
Фото: МИА

Пратениците одобрија предлог-законот за реорганизација на министерствата да се носи по скратена постапка, попладне ќе се најде пред матичната комисија

June 7, 2024

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026

„Неспортско однесување“ или „нормализација“ на руската агресија

May 29, 2026

Руско беспилотно летало експлодираше во зграда во Романија; Букурешт го протера рускиот конзул и ја затвора мисијата

May 29, 2026
Полскиот претседател Анджеј Дуда му го врачува Орденот на Белиот Орел на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Варшава, април 2023 година (фото: Кабинет на Претседателот на Украина)

Дипломатски земјотрес меѓу Варшава и Кијив: Полското државно водство остро реагира на именувањето на воена единица по „Украинската востаничка армија“

May 29, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Партизација, корупција и сиромаштија – Граѓаните револтирани по пораката дека реформите се завршени

May 28, 2026

Школската година завршува, а децата што научија?

May 28, 2026

Сирените на „братството и единството“

May 28, 2026

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Спортот не е платформа за пропаганда на убиства

May 27, 2026

Уставните измени, „бугарското прашање“ и европскиот пат: Како да се води рационална дебата без страв и манипулации

May 27, 2026
Илустрација: ВИ

РЕАКЦИИ: Од повици за компромис до обвинувања за „бугарска уцена“ – граѓаните поделени за ставовите на Мицкоски и Филипче околу Бугарија

May 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пратениците одобрија предлог-законот за реорганизација на министерствата да се носи по скратена постапка, попладне ќе се најде пред матичната комисија

June 7, 2024 15:00
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Откако доби зелено светло од пратениците да се носи по скратена постапка, законот сега ќе оди на Комисијата за политички систем и Законодавно-правната комисија пред повторно да се најде на пленарна седница. За попладне од 18 часот веќе е закажана седница на Комисијата за политички систем на чија единствена точка од дневниот ред ќе се најде предложеното законско решение за реорганизација на министерствата

Со мнозинство од 74 гласа „за“, 24 „против“ и ниту еден „воздржан“, пратениците на денешната пленарна седница одобрија предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа, чиј предлагач е пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар за состав на нова влада, Христијан Мицкоски, да се носи по скратена постапка.

Гласањето уследи откако по вчерашното повлекување Мицкоски повторно го достави предлог-законот пред пратениците и образложи дека бил накратко повлечен од собраниската процедура поради номотехничко усогласување. Од позиција на предлагач на законот, Мицкоски побара поддршка за усвојување на решението со кое се прави реорганизација на министерствата во име на, како што рече, огромната поддршка што коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја добила на изборите и во име на реформите кои се заложила дека ќе ги спроведе.

„Она што е важно да го напоменам и потенцирам е дека на овој начин после неколку децении доаѓа до реорганизација на министерствата во рамките на самата влада, реорганизација во која дел од министерствата ќе бидат нови, а агенциите кои досега постоеја, практично ќе бидат укинати. Дел од министерствата ќе бидат прегрупирани, односно пренесени дел од надлежностите од едно во друго министерство со цел да бидат спроведени реформите коишто ги има за цел новата влада, но и во исто време да одговориме на потребите на граѓаните кои на минатите избори на 8 мај го дадоа гласот за коалиција ‘Твоја Македонија’“, рече Мицкоски пред пратениците, претставувајќи го предлог-законското решение за реорганизација на министерствата.

Откако доби „зелено светло“ од пратениците да се носи по скратена постапка, законот сега ќе оди на Комисијата за политички систем и Законодавно-правната комисија пред повторно да се најде на пленарна седница. За попладне од 18 часот веќе е закажана седница на Комисијата за политички систем на чија единствена точка од дневниот ред ќе се најде предложеното законско решение за реорганизација на министерствата.

Пред и официјално да се гласа предлог-законот да се најде на дневниот ред на денешната седница, пратениците Митко Јанчев од Левица и Оливер Спасовски од СДСМ побараа точката да се симне од дневен ред со образложение дека вакви системски закони не смеат да се носат по скратена постапка.
Предлогот на Јанчев и Спасовски не беше усвоен бидејќи доби 23 гласа „за“ и 74 „против“, без „воздржани“.

По ова следуваше гласање на кое пратениците со мнозинство од 74 гласа „за“ и 24 „против“ одлучија точката за предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа да биде дел од дневниот ред на втората пленарна седница.

„Овој предлог-закон ќе го разгледуваме штом ќе се создадат деловничките можности“, рече собранискиот спикер Африм Гаши пред да ја прекине денешната седница.

Извор: 360 Степени

Tags: владаСобрание
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ