„Шест години од кризата во Сирија, владините сили и вооружени групи сè уште бомбардираат цивили, извршуваат воени злосторства и злосторства против човештвото. Тие се извлекуваат без казна“, тврди Амнести Интернешнел во повикот за поддршка, и за правда и репарација за жртвите од војната во Сирија.
„Конфликтот предизвика смрт на стотици илјади жртви и натера милиони луѓе – повеќе од половина од населението – да ги напуштат своите домови, или на други места во Сирија, или во странство. Денес, луѓето кои се одговорни за овие злосторства продолжуваат да бидат надвор од дофатот на правдата и цивили сé уште да страдаат секој ден.
Време е да се испорача правда и репарација за жртвите и нивните семејства. Време да се осигура дека воените злосторства и злосторства против човештвото нема да останат неказнети“, се вели во повикот на Амнести Итернешнел до ОН.
„Вистинската можност за правда постои во гласањето на меѓународната заедница за нов механизам на Обединетите Нации, кој има за цел да ги истражи злосторствата извршени во сирискиот конфликт. Повикот до ОН за да се обезбеди непристрасна и независна истрага во Сирија се случува сега, така што оние кои се осомничени дека извршиле воени злосторства и злосторства против човештвото, ќе бидат донесени пред лицето на правдата во иднина. Патот до правдата може да биде долг, но каде што постои волја, постои и начин!“, порачува Амнести Интернешнел.
Организацијата Амнести Интернешнл, ги повикува сите заинтересирани да потпишат петиција со која ќе го поддржат барањето за правда за Сирија и за нејзините жители.
Потпишаните петиции ќе бидат испратени до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.