Јанко Бачев официјално поведе кампања против референдумот, а СДСМ понеделнички започна со кампања за референдумот. Во нивното денешно соопштение уште еднаш ги потсетија граѓанките и граѓаните дека на 30 септември тие ќе го имаат последниот збор за иднината на Македонија и влез во ЕУ и НАТО.
„Граѓаните ја препознаваат историската важност на референдумот, знаат дека Договорот за спорот со Грција е историски најдобра и фер шанса за еднаш засекогаш да се обезбеди македонската иднина, еднаш за секогаш да се обезбеди и гарантира македонскиот идентитет и македонската посебност“, се вели во соопштението.
СДСМ повикува на излезност на референдумот, каде граѓаните слободно, без притисоци и достоинствено ќе кажат – Да, за ЕУ и НАТО преку прифаќање на договорот со Грција.
Од друга страна, заложбите на Бачев и потписниците на Меморандумот за стратешка соработка е бојкот на референдумот преку Кризен штаб кој ќе пропагира воопшто да не се излезе на гласање, наместо гласање – за или против Договорот со Грција.
Инаку, партиите, организациите и граѓанските организации што го потпишаа меморандумот, очекувано, се исклучиво македонски и од македонската дијаспора.
ЦМ