Јанко Бачев, кој неодамна ја ребрендираше својата мини политичка партија Народно движење на Македонија во Единствена Македонија, се стави на чело на кампањата „Македонија бојкотира“ за бојкот на референдумот што ќе се одржи на 30 септември.
Од партијата тврдат дека триесет политички партии и невладини организации застанале зад бојкотот со потпишување на „Меморандум за стратешка соработка“. Воедно, бојкотирачите нашле за сходно да формираат и Кризен штаб за кампањата. Во кампањата на чие чело е Бачев, учествуваат партии и организации со живописни имиња како Христијанско братство чиј потписник е Жарко Гроздановски, Аманет 1903 (Дејан Бошков), Тврдокорните (Драган Угриновски), Трета партија на Македонците и здружението Трета Република (двете потпишани од Љупчо Палески), ВМРО-ДПМНЕ-Демократска фракција, предводени од Јове Кекеновски и Филип Петровски, неколку организации на дијаспората и неколку анонимни здруженија.
М.Л.
фото: Јана Поповска/kolektif.mk