• Latest

Правото на знаење – клучен столб на демократијата

September 28, 2017
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Правото на знаење – клучен столб на демократијата

September 28, 2017 17:35
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска (28 септември) е Меѓународниот ден за правото на знаење. Овој ден на граѓаните од целиот свет, всушност, им ја дава можноста за промовирање и дискусија за отворени прашања до владите. Им дозволува на граѓаните пристап до информациите, што се во надлежност на владите, на државните институции и на јавните претпријатија. Слободата на информациите или правото на  јавноста да дојде до точна информација – е клучен столб на демократијата. Но, многу земји во светот не успеваат да живеат според овој стандард.

Во изминатата година, неколку земји во светот усвоија нови закони за слобода на информации, но правилното спроведување на овие закони останува предизвик, како и секогаш.

И покрај постоење на Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер, новинарите, медиумите и граѓаните на Македонија, изминатава деценија тешко доаѓаа до вистината и до точна информација од претходната Влада и од државните институции, како на централно, така и на локално ниво.

Многу медиуми под силен притисок на власта беа затворени, а новинарите оставени без егзистенција. Многу новинари беа жртви и на физичка тортура, притворани, новинарски екипи беа мета на напади на одделни структури во општеството, блиски до власта.

Загрозувањето на правото на граѓаните и јавноста на точна, вистинита и објективна информација, беше причина за основање на Советот за етика на медиумите, како тело кое што ќе ја буди свеста кај новинарите и медиумите за саморегулација.

Агенцијата за аудио и аудио визуелни медиуми, како регулаторно тело кое што има обврска да ја мониторира работата на медиумите, по доаѓање на новата власт, од крајот на мај годинава, ги зеде повторно законските ингеренции во своите раце.

Невладината организација ЦИВИЛ-Центар за слобода, којашто будно ја следи работата на медиумите, спроведува проект „Слободни медиуи-слободно општество“, давајќи огромен придонес во процесот на остварување на ова елементарно човечко право – Правото да се знае.

28 септември е предложен за Меѓународен ден на правото на знаење во 2002 година, на состанокот на организациите за слобода на информации од целиот свет во Софија, Бугарија.

Целта е да се подигне свеста за правото на луѓето да пристапат до информациите на владите, истовремено промовирајќи слобода на информирање, што е од суштинско значење за демократијата и за доброто владеење. Организациите кои се застапуваат за слобода на информации ширум светот, оттогаш го одбележуваат датумот со активности за прослава и подигнување на свеста за правото на информирање.

 

Tags: 28 септемвриЗакон за пристап до информацииправо да се знаеСлободни медиуми за слободно општествоСовет за етика на медиумитранспарентностЦивил - Центар за слобода
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ