• Latest

Предлог за разрешување на Зврлевски поради незаконско и ненавремено извршување на функцијата!

June 6, 2017

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026

Лајпциг ја подигна безбедносната тревога во Европа: Берлин, НАТО и ЕУ најавуваат посилен одговор кон Русија

September 3, 2026
Фото: Скриншот од видео на
moneycontrol

Путин за можен руски напад врз британски цели: „Тоа е воена тајна“

September 3, 2026

За едно лето, рускиот агресор уништи над 10 милиони книги во Украина

September 2, 2026
Воениот злосторник пред Хашкиот трибунал

Смртта на Младиќ како Прокрустова постела за балканските политичари

September 2, 2026
Кијив, 2 септември 2026

Седми ден континуиран руски терор врз цивилите во Кијив: Итно се потребни ПВО и санкции против агресорот

September 2, 2026

ЦИВИЛ потсетува: Барањата за политичка, морална и законска одговорност за величањето на Ратко Младиќ се јавно објавени од 30 август

September 2, 2026
Фото: МИА архива

Германија ја обвини Русија за обидот за напад со дрон на аеродромот во Лајпциг

September 2, 2026
Европската комисија; Фото: Европска Унија

ЦИВИЛ: ЕУ мора конкретно да санкционира глорификација на воени злосторници и негирање на геноцид

September 2, 2026

Невработени има, работници нема: Парадоксот на македонскиот пазар на труд

September 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Предлог за разрешување на Зврлевски поради незаконско и ненавремено извршување на функцијата!

June 6, 2017 15:24
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На денешната седница на Владата на Република Македонија е одлучено да се иницира постапка за разрешување на Јавниот обвинител на Република Македонија, Марко Зврлевски. Во соопштението се вели дека Владата донела одлука за предлогот за разрешување на републичкиот јавен обвинител, поради незаконско и ненавремено извршување на функцијата и, согласно законските одредби, да го достави до Советот на јавни обвинители и да побара мислење. 

Според законските процедури, Владата – по претходно мислење од Советот на јавни обвинители, до Собранието поднесува предлог за разрешување на Јавниот обвинител на Република Македонија. Јавниот обвинител може да се разреши од фукнцијата пред истекот на мандатот поради: незаконито, ненавремено или недоволно стручно вршење на функцијата, ако со своето однесување и дејствување покажува дека не е способен за извршување на функцијата, ако не поднесува барање за покренување кривична постапка во случаи предвидени со закон и поради нарушување на угледот на функцијата.

Советот е должен во рок од 15 дена да ѝ одговори на Владата со позитивно или негативно мислење.

На денешната седница на Владата разрешен е досегашниот директор на Службата за општи и заеднички работи на владата Васе Доневски, а за нов директор е именуван Пеце Мирчески.

На седницата на Владата се разгледани и првичните информации за последиците од невремето во тетовско, поради излевањето на Поројска Река и задолжени се повеќе надлежни министерства за брзо формирање комисија која што ќе излезе на терен за брзо утврдување на настанатите штети. Истовремено, дадено е задолжение на министерствата за транспорт и врски и за животна средина, да изготват подетална информација за теренската состојба околу Поројска Река, со цел трајно решавање на проблемот за жителите од овој реон.

 

 

Tags: владаМарко Зврлевскинезаконско и ненавремено извршување на функцијатаПоројска Река
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ