„Кој како сака нека гласа. На крајот ќе ги видиме резултатите“, беше еден од одговорите што ЦИВИЛ Медиа ги доби од граѓан(к)ите во Кратово и Крива Паланка на прашањето што мислат за референдумот.
„Немаме подобро решение. Можеби не е најдобро, но нека понудат некое друго ако имаат, да споредиме, па да видиме“, изјави друг соговорник.
„Ќе успее за да Македонија оди напред“, изјави еден млад кратовчанец.
„Неопределено ми е мислењето. Не очекувам подобра иднина, децата ми се надвор, ништо овде веќе немам“, беше одговорот на една граѓанка.
„Прашање е дали воопшто ќе излезам на гласање. Траба да знаеме за што гласаме. Некако сè е скриено“, објасни еден од нашите соговорници.
Филип Петровски
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Владо Крстевски