„Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје од вкупниот број на позитивни случаи регистрирани од период од 12 до 20 јуни најголемиот дел се од Скопје, 58,3%, од Тетово 14,2%, со ова се докажува дека овие града се жаришта во државата, во другите места драстично помалку. Од 12 јуни заболени лица во сите возрасни групи најзастапена возрасна група се над 60 години, 24,2%, има и помлади лица од 30 до 39, околу 19,4%, никој не е поштеден ни имун“, изјави министерот Венко Филипче на денешната прес-конференција.
Филипче истакна дека во тој период, од 12 до 20 јуни, има 65 смртни случаи, од 10 градови, најголемиот дел од возраст над 60 години, околу 83,1%, а 89% од нив се со бројни хроночни заболувања.
„Преку Амбасадата на Јапонија го добивме лекот Авиган, за земјите погодени од вирусот, за 100 пациенти, тоа е антивирусна терапија која се користи во Јапонија за третман за инфлуенцата и не е одобрен како лек, има клинички студии со добри резултати, не само во Јапонија туку и во други земји“, додаде Филипче.
Министерот додаде дека разговарале за дополнително попуштање на мерките, да се отворат целосно казината и обложовалниците, под строги правила, да профункционира јавниот превоз во Тетово и отворање на тератаните и фитнес центрите.
Во однос на отворањето на границите, Филипче истакна дека за тоа дополнително ќе биде разговарано денес и утре.
А. П.












