fbpx
  • Latest

Предложени три иницијативи за денешната седница на Уставен суд

September 21, 2022

Алаѓозовски: Сите извештаи покажуваат дека свесноста за мултукултурализмот во земјава е подигната на повисоко ниво

September 29, 2023

НАТО испраќа дополнителни сили во Косово

September 29, 2023

Истанбулската конвенција стапува во сила во ЕУ на 1 октомври

September 29, 2023

Ковачевски: „ФЕЦ Новаци“ најголемата приватна фотоволтаичната централа на Балканот е чекор напред кон нашата енергетска независност

September 29, 2023
Фото: Скриншот

Руските окупатори не им дозволуваат на жителите на Севастопол да влезат во засолништето за бомби за време на тревога

September 29, 2023

Во Скопје одбележан Денот на Бошњаците

September 29, 2023
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ПРОТИВ УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ПРОТИВ УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Предложени три иницијативи за денешната седница на Уставен суд

September 21, 2022 08:53
in ВЕСТИ, ПРАВДА, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Уставниот суд денеска ќе ја одржи 29-та седница со дневен ред на кој се предложени три иницијативи за оценување на уставноста и законитоста и едно барање за заштита на слободи и права.

Со првата иницијатива се оспорува членот 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи, а подносите е Илија Русев.

Во наводите на инцијативата се наведува дека со измената на Законот за работни односи, се повредува уставното начело на еднаквост и начелото за владеењето на правото и правната сигурност, при што во конкретниот случај, одредени стопански и нестопански дејности како здравството, универзитетите, судството се ставени во поповолна ситуација, со што на посреден начин се заобикува Законот за работни односи, односно се отвора можност со друг закон поинаку да се регулираат односите поврзани со престанок на договорот за вработување. Подносителот наведува дека со сите горенаведени тврдења се прави нееднаков третман на работниците.

Со втората иницијатива се оспорува член 87 став 2 од Законот за административни службеници, а поднесителот на иницијативата Владан Цибрев се посочува дека со оспорената одредба службениците остваруваат различна основна плата за иста работа на исто работно место и затоа во иницијативата се наведува дека се прави директна повреда на членот 32 став 3 од Уставот кој меѓу другото предвидува дека секому, под еднакви услови му е достапно секое работно место.

Третата иницијатива го оспорува член 22 став 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи.

Подносителот Игорчо Точев истакнува дека во периодот кога бил креиран оспорениот член 22 став 1 од Законот, во членот 117 став 4 од целината на Законот не постоеле зборовите: „кај истиот работодавач“. Се наведува дека со оспорената одредба се надополнува содржината на членот 117 став 4 која ниту суштински ниту содржински не ги содржи зборовите на кои се повикува. Сето ова според подносителот е спротивно на членот 8 став 1 алинеја 3 од Уставот.

Со барањето за заштита на слободи и права се оспорува решението број IV П1 65/20 од 19 февруари 2021 година на Основниот суд Куманово и Решение ГЖ-1.бр.1627/21 од 19 мај 2021 година на Апелациониот суд од Скопје, а подносители се Живко Јаќимовски и Радица Јаќимовски застапувани од Бенита Белешкова, адвокатка од Скопје.

Во барањето е наведено дека Живко Јаќимовски е единствен сопственик на недвижен имот со имотен лист број 40 XXX за КО Куманово со кој се стекнал на 26 септември 2018 година. Со споменатото Решение број IV П1 65/20 од 19 февруари 2021 година на Основниот граѓански суд Скопје било усвоено тужбеното барање на негов сосед од Куманово, кој бил татко и близок роднина на членови на политичка партија на Србите и затоа бил со подобра социјална и општествена политичка позиција. Според наводите во барањето Живко Јаќимовски од Скопје му го нарушил последното мирно, фактичко и непосредно совладение над опишаниот наведен имот од имотен лист број 20 XXX за КО Куманово кој бил во сосопственост на повеќе сосопственици, помеѓу кој бил и подносителот на барањето.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Share
germanEmb
hbs

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Uslovi
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • ES-PRESS-O
  • ЕДИТОРИЈАЛ
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ПРОТИВ УКРАИНА
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ, АВТОРСКИ ПРАВА И ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТА
  • МАРКЕТИНГ