• Latest

Предметот „Латас“ доставен во ОЈО, Бајден: Една година подоцна, Кијив опстои, Дерала: Наспроти сето неизмерно зло со кое се соочува, Украина живее!

February 20, 2023

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ТОП 5

Предметот „Латас“ доставен во ОЈО, Бајден: Една година подоцна, Кијив опстои, Дерала: Наспроти сето неизмерно зло со кое се соочува, Украина живее!

February 20, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Предметот „Латас“ доставен во ОЈО

Секторот за компјутерски криминал при МВР до Основното јавно обвинителство – Скопје достави известување за настанот за кој говори Драган Павловиќ-Латас во интервју на јутуберот Стефан Лазаров, емитувано на 15 февруари

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Бајден: Една година подоцна, Кијив опстои, Украина опстои, и демократијата опстои

Американскиот претседател вели дека „сликовито се сеќава“ на почетокот на војната, кој ќе биде одбележан во петок, кога украинскиот лидер Володимир Зеленски пријавил експлозии во Кијив. – Една година подоцна, Кијив опстои, Украина опстои, и демократијата опстои. Американците стојат со вас, и светот е со вас, потенцираше Бајден.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Зеленски: Со Бајден разговаравме за обезбедување оружје за Украина со голем дострел

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека тој и американскиот шеф на државата Џо Бајден разговарале за обезбедување оружје со голем дострел на Украина за време на неговата ненадејна посета на Кијив.

AL-PRESS

Редакциски избор од албански медиуми Во Албанија учебната недела започна со националната химна, насилството врз медиумските работници голем предизвик, 32 години од уривањето на бистата на Енвер Хоџа

Во училиштата во Албанија учениците ја започнаа неделата со пеење на националната химна, како што беше најавено пред извесно време, а како еден од најголемите предизвици во државата. Според Џејми Вајсмен од Меѓународниот институт за печат, загрижувачки е бројот на случаи на полициско насилство врз медиумски работници. Ова е само дел од денешниот избор на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа од содржините од албанските медиуми во регионот.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ЕКОНОМИЈА

РКЕ со анализи за враќање на евтината струја од 1 јуни

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) сама го носи тарифниот систем и сега се прават анализи дали е возможно од економска гледна точка да се врати евтината струја во текот на денот, вели Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

ЗЕМЈОТРЕС

Потрагата по преживеани во Туркије заврши, Лекари без граници пристигнаа во Сирија

Бројот на жртвите во двата разорни земјотреси што ги погодија Туркије и Сирија на 6 февруари во Туркије се зголеми на 41.020 лица, објави државната Агенција за управување со катастрофи (АФАД). По тие два земјотреси следеа повеќе од 6.210 последователни потреси, јавува Анадолија. Потрагата и спасувањето е завршено, освен во провинциите Кахраманмарас и Хатај, изјави Јунус Сезер, шеф на АФАД. Речиси 47.000 луѓе загинаа во Туркије и Сирија.

ЗДРАВСТВО

МАЛМЕД издаде одобрение за увоз на лекот „Трикафта“

Агенцијата за лекови МАЛМЕД претпладнево издаде одобрение за увоз на лекот „Трикафта“ наменет за пациентите со цистична фиброза, потврди на МАЛМЕД, Љирим Шабани.

Во функција системот „Мое осигурување”, здравствените установи и аптеките имаат увид во осигурувањето до денешен датум

-До овој момент „Мој термин” ги има преземено податоците заклучно со денешен датум, 20 февруари 2023. Сите платени придонеси од сите обврзници се евидентирани во Мој Термин. Ова значи дека сите здравствени работници и аптеки имаат можност да го проверат статусот на осигурување во Мој Термин, соопштија денеска од ФЗОРСМ.

СЛОБОДНА ЗОНА

Дерала: Наспроти сето неизмерно зло со кое се соочува, Украина живее!

„Хероизмот на Украина се гледа на секој чекор. Но тој хероизам и пожртвуваност не се наоѓаат само на фронтовите. Наспроти сето неизмерно зло со кое се соочува, Украина живее! Државата функционира. Во незамисливо тешки услови, се вршат секојдневни поправки, транспорт, снабдување, комуникации – за да се обезбедат основни услови за живот. Оттаму, денешниот настан, претставува уште еден доказ за нескршливиот дух на Украина, за тоа дека Државата живее и дека ќе биде силна, дека ќе се развива и ќе биде гордост на своите граѓанки и граѓани и на сите слободољубиви луѓе во светот“, изјави Џабир  Дерала по повод отворањето на почесниот конзулат на Украина во Прилеп.

Подготви: Д. Варошлија

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ