• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Во Албанија учебната недела започна со националната химна, насилството врз медиумските работници голем предизвик, 32 години од уривањето на бистата на Енвер Хоџа

February 20, 2023

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Во Албанија учебната недела започна со националната химна, насилството врз медиумските работници голем предизвик, 32 години од уривањето на бистата на Енвер Хоџа

February 20, 2023 10:27
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во училиштата во Албанија учениците ја започнаа неделата со пеење на националната химна, како што беше најавено пред извесно време, а како еден од најголемите предизвици во државата. Според Џејми Вајсмен од Меѓународниот институт за печат, загрижувачки е бројот на случаи на полициско насилство врз медиумски работници. Ова е само дел од денешниот избор на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа од содржините од албанските медиуми во регионот.

АЛБЕУ: Нова традиција, учебната неделата започнува со националната химна

„Секој понеделник наставата во албанските училишта започнува со националната химна.

Ова е новата традиција, која почна да се применува во училиштата во нашата земја.

Премиерот Еди Рама на Фејсбук објави видео со новата традиција каде учениците ја започнуваат неделата со националната  химна.“, пренесе албанскиот медиум Албеу.

ДВ: Ограничувањето на просторот за добивање информации останува главен предизвик во Албанија

„Ограничувањето на просторот за добивање информации и понатаму останува главен предизвик за медиумите во Албанија, вели Џејми Вајсмен, од Меѓународниот институт за печат, ИПИ во интервју за Дојче Веле.

Според него, загрижувачки е бројот на случаи на полициско насилство врз медиумски работници, кои сочинуваат 7 од евидентираните 17 случаи (41%).

ИНФОКУС: 32 години од уривањето на бистата на диктаторот Енвер Хоџа

„Пред 32 години, на 20 февруари 1991 година во Албанија  десетици илјади граѓани станаа да го урнат симболот на комунизмот, неколку месеци откако стариот режим, кој ги живееше последните денови, дозволи политички плурализам“, потсетува албанскиот медиум Инфокус.

ЕПОКА Е РЕ: Блинкен не се сретна со Османи и Курти, Красниќи :Лош аларм  за двајцата

„Универзитетскиот професор Милазим Красниќи реагираше откако претседателката Вјоса Османи и премиерот Албин Курти не се сретнаа со американскиот секретар Антони Блинкен на безбедносната конференција што се одржува во Минхен.

Красниќи вели дека ова може да се протолкува  како незадоволство на САД од политиката што ја следат Османи и Курти.“, пренесува косовскиот дневник Епока е Ре.

БОТА СОТ: Што се знае досега за случајот Дехари, исчезнувањето на мострите кај ИМЛ и обвинувањата на Абази

„Смртта на Астрит Дехари во притворската ќелија на 5 ноември 2016 година и понатаму останува нерешена мистерија. Министерката за правда Албулена Хаџиу на 8 декември 2022 година соопшти дека исчезнале доказите во случајот со смртта на Астрит Дехари.

Министерството за правда тогаш објави дека суспендирало четворица службеници на ИМЛ во врска со случајот.“, пренесува косовскиот дневник Бота Сот.

КДП: Малиот Русин , Емир Кустурица

„Кустурица не може да патува во САД, во Холивуд, а му е забранет влез во некои земји, како што беше случај, на пример, на фестивал во Украина. Кустурица како еден од најдобрите режисери на Балканот го загуби некогашниот имиџ и углед. Сега тој е режисер и сценарист кој работи по агенда и диктат на српската влада.“, извадок од колумната „Малиот Русин Емир Кустурица“ од авторот Мерџан Јакупи, објавена во македонскиот интернет портал на албански јазик КДП.

Д. Тахири

 

Tags: Албанијаалбански медиумиБлинкенизборКосовоКуртиКустурицамедиумски работницинационална хомнаОсманиПолициско насилствоУченици
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ