• Latest

Предвремена изборна кампања – вообичаена практика

September 14, 2021

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ КОНТЕКСТ

Предвремена изборна кампања – вообичаена практика

Чекањето на законски предвидениот рок за започнување и завршување на изборната кампања, како да станува исклучок.

September 14, 2021 22:00
in ИЗБОРИ, КОНТЕКСТ, ПРАВДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Кандитатите за градоначалници или кандитатите за советници на Локалните избори закажани за 17.10.2021 година, како да се во трка со изборната кампања, односно временски се пред неа.

Иако изборната кампања започнува 20 дена пред денот на изборите, дел од актуелните кандидати се сѐ повеќе и сѐ помасовно присутни, особено со сопствено интернет претставување преку видео презентации.

Сепак, за останатите облици и манифестации на изборната кампања (како јавно собирање, медиумско претставување, истакнување на плакати, дистрибуција на флаери и друг печатен материјал), кандидатите како да го чекаат официјалниот, законски, почеток на изборната кампања.

Чекањето на законски предвидениот рок за започнување и завршување на изборната кампања, како да станува исклучок.

Кандидатите се во постојан обид за изнаоѓање на наводно суптилни, а сепак толку очигледни, начини за себепромовирање и себепретставување, далеку пред регуларниот почеток на изборната кампања.

Влезени во својата предвремена изборна кампања, кандидатите го игнорираат законски предвиденото и точно определено времетраење на изборната кампања.

А покрај игнорирањето на утврдената временска рамка на изборната кампања, кандидатите, случајно или намерно, како да забораваат и на нивната законска можност да поднесат приговор до Државната изборна комисија (ДИК) за евентуалното непочитување на роковите на изборната кампања, од страна на другите кандидати-учесници во изборната кампања.

Па така, се добива впечаток дека предвремената изборна кампања е прифатена од кандидатите, и тоа како од активните, така и од пасивните (или барем привидно пасивните).

На крај, ваквото однесување на кандидатите, односно нивната предвремена изборна кампања не е санкциониранa како прекршок со одредбите од Изборниот законик, според кој, нелогично, предвидена е глоба само за правно лице ако не го почитува рокот за започнување и завршување на изборната кампања.

Сандра Гавриловска
Експертски борд на ЦИВИЛ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ