• Latest

Преглед на денот: Македонското општество се сеќава на „Крвавиот четврток“, да не се заборави, за да не се повтори, кривична за Тодор Петров…

April 27, 2021
Илустрација. ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (2): „Ние знаеме што правиме“ – избирачките одбори пречка во работата на набљудувачите на ЦИВИЛ

November 12, 2025
Фото: Лукоил Македонија/ Фејсбук

Лукоил во цајтнот, нема одговор за судбината на македонската подружница со 550 вработени и 40 бензински пумпи

November 12, 2025
Презентацијата на рускиот робот со вештачка интелигенција сличен на човек - падна додека одеше на сцената.. скриншот од X/@Gerashchenko_en

(ВИДЕО) Првиот руски хуманоиден робот падна на сцената за неколку секунди од презентацијата

November 12, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Њујорк Тајмс: Жените -лидерки во светот, „железните дами“ на десницата

November 12, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ: Информациска војна и пропаганден екосистем во Северна Македонија

November 12, 2025
Фото: Скриншот од Јутарњи лист / Х

Загреб го забрани поздравот „За дом спремни“ на концертите и јавните настани во градот

November 12, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Стармер ќе се бори против обидите за негова замена како лидер на Лабуристичката партија

November 12, 2025
Војниците на ИДФ дејствуваат на источната страна од Жолтата линија во Кан Јунис во јужна Газа, на фотографија од брошурата објавена на 9 ноември 2025 година. Фото: ИДФ

Кушнер и Нетанјаху сè уште бараат решение за застојот со терористите на Хамас во тунелите во Рафа

November 12, 2025
Демонстрантите се судрија со обезбедувањето на местото на одржување на COP30 во Бразил. Скриншот од видео на ВВС

Домородни демонстрантите упаднаа на COP30 во Бразил носејќи транспаренти „нашите шуми не се на продажба“

November 12, 2025
Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

Графикон на неделата: Европа стана најголемиот купувач на американско оружје додека руската закана расте

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на денот: Македонското општество се сеќава на „Крвавиот четврток“, да не се заборави, за да не се повтори, кривична за Тодор Петров…

April 27, 2021 17:34
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Сеќавања на 27 април, најцрниот датум во историјата на македонската демократија

На 27 април – „Крвавиот четврток“  околу 300 лица насилно упаднаа во Собранието со цел да го спречат изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието на Република Северна Македонија. Покрај насилството и упадот во Собранието, Талат Џафери беше реизрбан, со што неговиот избор беше признат од САД, Европската Унија и дел од меѓународната заедница.

Четири години подоцна, пратениците кои беа нападнати во Собранието ја потсетуваат јавноста за тоа што се случи на овој ден.

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, за време на својата посета на „Криволак“, упати порака дека колку и нечии ставови да се различни, таа во Парламентот ги почитува, повикувајќи на сите пристојни луѓе да ја повлечат црвената линија на своите партии, бидејќи како што кажува таа, на тој ден биле на чекор до смртта.

„Да бев како нив, ќе им посакав се да им се врати. Ама не сум и никогаш нема да бидам. Не посакувам тоа зло повеќе никому да му се случи. Не посакувам никогаш човек на човек да крене рака. Ја напуштив политиката и повторно ќе се обидам да заборавам, ама никогаш нема да им простам. А на оние изгубени политичари кои го организираа и присуствуваа на протестот во неделата, сакам да им порачам дека следниот пат кога ќе се видиме нема никаква потреба да ми викаат здраво…“, напиша Дамјан Манчевски, поранешен пратеник и министер за информатичко општество.

Вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски за ЦИВИЛ МЕДИА изјави дека насилсниците не се и не може да бидат уставобранители.

„Денеска, четири години од упадот во Собранието на 27 април, се уште се свежи сеќавањата на тој крвав четврток и велиме да не се заборави за никогаш да не се повтори. Се уште ја паметиме неизвесноста, тензиите, насилството, дупнатите глави… ама и одлучноста да не отстапиме од борбата за подобра иднина на народот, дури и кога нашите животи беа загрозени“ – изјави Николовски.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски напиша: „Четири години од крвавиот четврток, ден на едно мрачно сценарио во режија на тогашната режимска власт, кога беше организирана и спроведена акција со единствена цел – убиство, човечко, но и на надежта за иднина на државата. Сосема спротивно од нив, ние бевме подготвени да ги дадеме своите животи во одбрана на нашата цел – слободна, демократска држава, на сите граѓани, со можности еднакви за сите, со стабилни институции кои се во служба на граѓаните“, вели тој.

Премиерот Зоран Заев објави: „Сите обиди да се бришат белезите низ кои е запаметен 27 април 2017 година како најмрачен ден во поновата македонска историја се залудни и се израз на апсурдната и бесмислена намера да се прикажат како патриотизам дивеењата низ храмот на демократијата. Опасни и антинародни се обидите тепањето и влечењето по подот пратеници претепани до бесознание и насилството врз новинарите да се прикажува како одбрана на Устав. Тој ден се обидоа да го погазат народот и да ја доведат државата на работ на граѓанска војна само за да ја одбранат политичката иднина на човекот кој потоа истите тие свои следбеници ги осуди и избега од правдата. Нема ништо да го избрише, ниту да го смени фактот дека на 27 април 2017 година, имаше организирана и со насилство спроведена монструозна акција од лидерите на тогашната владејачка партија кои беа решени да се задржат на власт по секоја цена, без најмало чувство за одговорност и за последиците на нивните мрачни амбиции.“

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ Богоевски: Не смееме да го заборавиме 27 април, бидејќи така ќе ни се повтори

„Таа вечер не беа цел само пратениците. Беа цел и медиумските работници, беше цел и персоналот на Собранието, а во најширока смисла на зборот, беше цел и целата држава. Не смееме да заборавиме дека вистинската цел на 27 април беше заканата дека имаат реална намера да предизвикаат вистинска граѓанска војна која засекогаш ќе го променеше ликот на нашата држава и општеството. Поради тоа, пораката е: Не смееме да заборавиме, бидејќи така ќе ни се повтори“ – изјави Павле Богоевски за ЦИВИЛ МЕДИА. 

ФЛЕШ ВЕСТИ

КРИВИЧНА МВР му поднесе кривична пријава на Тодор Петров, претседателот на Светскиот македонски конгрес, затоа што го организирал неделниот протест за „поддршка на уставобранителите“ во време на пандемија, објави Слободен Печат.Станува збор за кривична пријава поради непочитување на мерките за заштита на населението од заразни болести.

СРЕДБА Европската перспектива на земјата, реформската агенда и справувањето со КОВИД-19 главни теми на денешните средби на претседателот Стево Пендаровски со потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Жозеп Борел и со претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли во Брисел.

ПРАШАЊЕ Денеска четири години по 27 април, лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села го посети Фета Халими во затворот Идризово. Села јавно го праша лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој е висок функционер на оваа партија, кој на 27 април 2017 година го информираше Груевски за изборот на претседател на Собранието.

МЕРКИ Од утре, 28 април (среда), забраната за движење на населението и на возила од јавен превоз на целата територија на државата, наместо од 20:00 ќе важи од 21:00 до 5:00 наредниот ден. Исклучок од забраната и посебниот режим на движење се вечерните часови меѓу 1 и 2 мај, односно за време на верскиот празник Велигден, и вечерта меѓу 13 и 14 мај за време на верскиот празник Рамазан Бајрам.

ОДЛУКА Премиерот Зоран Заев денеска соопшти дека ги слушнал аргументите на инспекторите и детално ќе ги прочита материјалите што му ги доставиле пред носењето на одлуката околу разрешување на директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски на денешната владина седница.

ВАКЦИНИ Според последната информација од вчера, кинеските вакцини на 28 април треба да тргнат од Пекинг кон Истанбул, на 30-ти од Истанбул во Белград и оттука најверојатно или на 30-ти вечерта или на 1 мај со специјални камиони ладен ланец ќе пристигнат во Скопје, по што ќе ги сместиме во ладната соба во поликлиниката „Јане Сандански“, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

ОБРАЗОВАНИЕ Министерството за образование и наука демантира дека се откажува од донесување нов закон за учебници и други наставни и дидактички материјали со кој се нудеше и можност за дигитализација и укажува дека го повлекло од собраниска процедура само заради дополнување на делот за усогласување со европските документи. МОН најавува дека законот ќе биде денеска на седница на Влада и оти потоа повторно ќе биде вратен во Собрание.

СЛОБОДНА ЗОНА

Луѓе од „пи-арот“ или односите со јавноста ќе ви кажат дека Земјата е округла и дека за тоа може да прочитате во современите учебници и научни трудови, ќе ви дадат линкови до документарни филмови и до институции каде што ќе се уверите и самите во вистинитоста на таа изјава. И отворени се за прашања и дискусија, без оглед на тоа колку се непобитни фактите.

Пропагандата ќе одговори дека Земјата е рамна и дека сите што тврдат поинаку ќе горат на клада, бидејќи се зли предавници на исконските човечки вредности. Исклучуваат секаква дискусија или ја сведуваат на дискредитација на изворите, со „аргументи“ од типот: „Сето тоа е заговор на Западот“, „Библијата не вели така“, „Масоните, Евреите, Сорос, Меркел, Бил Гејтс и Заев лажат“… пишува Џабир Дерала во рафалот Има разлика.

„Но, откако стана јасно дека Владата не сака да ја менува односната политика, Пауновски реши дека тој ќе ја менува Владата. Оти, ако поради него владата не си дава оставка, освен да биде сменет од функција, Пауновски има и можност самиот да си даде оставка, со оглед на несогласувањето со владината политика – за него е сеедно, бидејќи во кој било случај, веќе е акламативно прогласен за херој во јавноста, па ако нема намера да ја смени Владата, логично би било самиот да си замине од неа. Па, сепак, не.

Како и да ја заврти, Заев е во губитничка позиција. Доби уште еден „Стојко“ во рабушот на јавноста која обожува државни функционери кои, од некаков принцип, им пркосат на помоќни државни функционери. Има и иронија во сето тоа, бидејќи ако некој пркосел во политиката, тоа е секако Заев, па таа политичка емоција би требало добро да ја познава. Сепак, работата со Пауновски гледаме до каде стигна, ни телефон инспекторов, од инает, на премиерот не му крева…

Ништо. Ќе лета, изгледа, Стојко во пилоти. Ќе си ја исполни својата дамнешна желба“, пишува Сашо Орданоски во денешната колумна Стојко лета во облаци.

„Не може да си бил дел од Шарената револуција, а да го поддржуваш 27 април. Вредносно, логички, рационално гледано е невозможно.

Но е возможно – за опортунисти, кариеристи, сончогледи, мразачи, лицемери…луѓе без кичма, вредности, луѓе аморфни, кои лесно се вклопуваат во секоја наредна „мода“, макар било тоа оправдување на омраза и насилство.

Таквите, што „не се бавеа со политика“ а беа послушни шрафчиња и алатки за „хуманизирање“ и давање „човечки лик“ на една десетгодишна диктатура, почнаа да доаѓаат на протестите против режимот на Груевски пред самиот негов крај. За да бидат видени, сликани, да фатат „приклучок“, ред за „баци-рака“. Тие најгласно викаат дека некој се „ухлебил“, „вдомил“…оти тој им е светогледот и дометот.

Ваквите луѓе се најголема рак-рана за секоја власт во Македонија, 30 години наназад. Тие се секогаш меѓу првите за бркање врски, услуги, и најгласни ако не бидат примени преку ред.

И некни го правеа тоа. Само, овој пат, се пресметале погрешно, и прерано фатиле „приклучок“. Нивниот 27 април, тоа дивеење, жед за крв, насилство, владеење на криминалот и омразата, никогаш нема да се врати назад“, пишува Петрит Сарачини во колумната Ем на шарена револуција, ем поддршка за крвниците од 27 април?.

Д. Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ