• Latest
Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Има разлика

April 27, 2021

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Има разлика

April 27, 2021 07:00
in КОМПАС, МУЛТИКУЛТУРА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Сето тоа е „пи-ар“, ќе рече некој. Поточно, повеќето (полу)разочарани „мудреци“ ќе го речат тоа, онака фино насадени на двоседот, со пиво, шунка и телевизор пред нив. В ред, нека е и „пи-ар“. (Пи-ар или PR – односи со јавноста; некои често го мешаат и со пропаганда, што во некои услови и под одредени режими најчесто тоа и е). Да ги споредиме.

Едниот „пи-ар“ е позитивен, насмеан, сончев, со поглед кон иднината, повикувачки (има место за сите под сонцето), полн со надеж (некогаш и преполн), успокојувачки (некогаш и премногу)… Па тоа и му е работа на „пи-арот“, впрочем, да успокои кога е тешко, да влее надеж… Секако, уште подобро е кога тој „пи-ар“ и не дава (само) лажни надежи. Добро е кога е пристоен, едноставен, ведар и богат со податоци за кои знаете дека се точни и кои можете да ги проверите и да ги толкувате и самите, ако не ви се допаѓа презентацијата од „пи-арот“. Кога има фотографии и видео снимки, линкови до релевантни извори, кога сѐ е онлајн и може да се провери…

Каков е „пи-арот“ на спротивната страна? Мрачен, злокобен, преполн со апокалиптични слики, со врескање и плачење, небаре е Среден Век и земјата ја изгореле проклетства, чума и суша. Преполн е со контрадикции и „дупки“. Се служи со лаги и навреди, а неретко и со вулгарни изрази. Ни трошка надеж и спокојство. Смрт, пресметки и убиства на „другите“, „различните“, „предавниците“, „шпионите“… Закон на улицата, судот на „народот“, божја казна, исконска правда… Коски, ножеви, знамиња, крв, лелек и смрт, смрт, смрт… Садомазохизам…

Првиот „пи-ар“, оној позитивниот, ако ништо друго, барем не се заканува со крв и убиства, страдања и распад. Може слободно да се посомневате или целосно да го отфрлите и знаете дека нема влакно да ви фали од косата. Зошто? Затоа што зад тој „пи-ар“ стојат луѓе кои никогаш нема да пратат полиција, судови, инспекции или партиски милитанти да ви ја обележат куќата, да ви се закануваат, да ве исфрлат на улица, да ве тепаат, затворат, судат или убијат – само затоа што не им верувате или ги критикувате и повикувате на нивни оставки и слично.

Оној мрачниот „пи-ар“ уште сега ви кажува дека ќе има крв до колена. Бара слобода за криминалци и убијци. Уште сега ви е јасно дека, не само што ќе ја изолираат малата земја во која живеете, туку и дека ќе ја поделат и завојуваат самата со себе. Дека ќе грабаат колку што можат и не можат, дека на своите „смртни непријатели“, наши сограѓанки и сограѓани, ќе им ги земат парите и имотите, а на некои секако и животите. Сето тоа, па и повеќе, е веќе видено и посведочено. „Различните“ се непријатели, тие немаат права, заслужуваат само смрт… Само „истите како нас“ или „нашите“ заслужуваат да живеат.

Едниот „пи-ар“ секогаш е спремен да одговори, другиот „пи-ар“ им одговара само на „своите“, со однапред договорени прашања, со „месијански“ одговори.

Едниот „пи-ар“ е навистина тоа. Другиот е пропаганда.

„Како тоа?“ – прашува „мудрецот“ мрзоволно и сочно ждригнува и пцуе.

Едноставно. Иако често ги поистоветуваат, има голема разлика меѓу нив, што може да се заклучи и од ова погоре. И на двете им е својствено да ги обликуваат перцепциите и јавното мислење. Се користат со исти или слични средства, во прв ред медиумите. Разликата меѓу нив е, пред сѐ, во вистинитоста на нивните пораки.

Пропагандата најчесто се користи си полувистини и дезинформации, манипулации со емоциите на луѓето, најчесто со стравот. Пропагандата секогаш „пронаоѓа“ непријател, секогаш дели на „наши“ и „нивни“. Се разбира, секогаш „нашите“ се загрозени и мораат да се бранат и да го уништат непријателот, односно „нивните“. Ним не им е важна вистинитоста на тоа што го говорат, бидејќи главно „удираат“ на емоциите кај луѓето, а една од главните мети им е кредибилитетот на тие што ги прогласиле за „смртни непријатели“. Нивната вистина е „вечна“ и „од Бога дадена“, не смее да биде доведена под сомнеж, инаку се знае – „неверниците“ ќе горат во пеколот, ќе им суди народниот суд, ќе ги најдат „во ендек“ (М. Протуѓер) и ќе ги снајдат слични „страшни судови“ и „проклетства“ дури до „седмото колено“ (Ѓ. Иванов)…

„Пи-арот“ (односите со јавноста), како што рековме, користат факти. Најмногу се потпира на разумот и логиката, а само понекогаш се повикуваат на емоциите на луѓето, пред сѐ, кога пораките се однесуваат на важни состојби и потреби од јавен интерес – здравје, безбедност, грижа за ранливите… Тие се грижат за вистинитоста на информациите, без оглед на „пакувањето“ и форматите, бидејќи нивниот кредибилитет во јавноста зависи од тоа.

„Дај не ме ј*** што би рекол Кили, не филозофирај! Што сакаш да кажеш? Дај ми некој пример!“ – негодува „мудрецот“ и отвора нов литариполски пластиканер.

ОК, ајде поедноставно, со примери.

Луѓе од „пи-арот“ или односите со јавноста ќе ви кажат дека Земјата е округла и дека за тоа може да прочитате во современите учебници и научни трудови, ќе ви дадат линкови до документарни филмови и до институции каде што ќе се уверите и самите во вистинитоста на таа изјава. И отворени се за прашања и дискусија, без оглед на тоа колку се непобитни фактите.

Пропагандата ќе одговори дека Земјата е рамна и дека сите што тврдат поинаку ќе горат на клада, бидејќи се зли предавници на исконските човечки вредности. Исклучуваат секаква дискусија или ја сведуваат на дискредитација на изворите, со „аргументи“ од типот: „Сето тоа е заговор на Западот“, „Библијата не вели така“, „Масоните, Евреите, Сорос, Меркел, Бил Гејтс и Заев лажат“…

„Пи-арот“ ќе ви каже дека Ковид-19 е опасен вирус и дека треба да носите маска, да држите растојание и да ги миете рацете. Пропагандата ќе ви каже дека вирусот е измислен или е вештачки создаден за да се заплашат луѓето, а „светската влада“ да се збогати.

„Вакцинација за да се заштитите“ на едната страна, а „чипирање“ од другата страна.

Наречете го ова како сакате, но сево ова може да се провери. И да се доживее.

 


НАПРАВИ РАЗЛИКА: ПОЧИТУВАЈ ГИ РАЗЛИЧНОСТИТЕ

Creative Commons 4.0

Текстот е личен став на Авторот.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ