• Latest

Преглед на настани: ДИК ги потврди новите пратеници, бесплатна правна помош, нови одлуки..

October 27, 2020

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: ДИК ги потврди новите пратеници, бесплатна правна помош, нови одлуки..

October 27, 2020 17:05
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: ДИК ги потврди новите пратеници во Собранието

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 89. седница ги потврди новите пратеници – Мирче Аџиоски во ИЕ5 од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“, Рина Ајдари за ИЕ6 од ДУИ, Мирослав Јовановиќ и Лидија Тасевска, и двајцата во ИЕ2 од Коалицијата „Можеме“.

Претседателот на ДИК Оливер Деркоски информира дека го разгледале известувањето од претседателот на Собранието со кое, како што рече, не информира дека Собранието на денешната седница ги констатира оставките на пратениците Игор Дурловски од Изборна единица 5 од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“, на Бајрам Реџепи од ИЕ 6 од ДУИ, Мухамед Зекири од Коалицијата „Можеме“ и Сања Лукаревска од ИЕ2 од Коалицијата „Можеме“.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Шкриељ: Основата на развојот на секоја индивидуа е образованието

 

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ 

Димитриевски: Одредени политичари ги користат најгорливите прашања за ефтини политички поени

 

Граѓанските активисти: Активно вклучување на граѓаните, но и институциите во борбата против национализмот

Зелен ЦИВИЛ ги праша граѓанските активисти колку национализмот е штетен за нашето општество и како да се бориме против него.

Смртта на Амди Бајрам проследена со говор на омраза и дезинформации

ФЛЕШ ВЕСТИ 

Владата на вчерашната седница ги усвои дополнувањата на ребалансот на Буџетот за 2020 година со амандманите кои беа прифатени во комисиската расправа во Собранието, и донесе заклучок вака утврдениот ребаланс на Буџетот да биде доставен на усвојување во Парламентот.

Владата донесе и одлуки за именување директори, в.д. директори и членови на управни одбори на повеќе јавни претпријатија и акционерски друштва во сопственост на Владата на Северна Македонија, врз основа на предлозите на владината Комисија за именувања.

Собранието на денешната седница констатира оставки на четворица пратеници, и тоа на пратеникот Игор Дурловски, кој доаѓа од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на Бајрам Реџепи од ДУИ и на двајца парламентарци од СДСМ, Мухамед Зеќири и Сања Лукаревска.

Во организација на Советот на Европа и Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија вчера се одржа официјална онлајн-промоција на веб-страницата www.pravnapomos.mk, преку која граѓаните може да се информираат за правото кое државата им го дава во вид на Бесплатна правна помош.

Министерството за здравство информира дека во Институтот за јавно здравје од денеска, покрај постојното приемно одделение ќе функционира уште едно одделение за прием со лаборант и администратор со што ќе се забрза процедурата за земање тестови за Ковид-19.

Министерството за образование и наука информира дека помалку од еден процент од учениците и кадарот во основните и средните училишта се заразени со КОВИД-19.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во улога на копретседавач со Берлинскиот процес  имаше воведно обраќање на министерскиот состанок посветен на интеграцијата на Ромите кој се одржa во Тирана во дигитална форма.

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска учествуваше на министерскиот состанок  „Интеграција на Ромите“ во Тирана, Република Албанија , преку видео обраќање преку кое ги  пренесе главните пораки поврзани со темата на министерскиот состанок, соопшти Владата.

СЛОБОДНА ЗОНА 

„Ја следиме ПОЛИТИЧКАТА дебата помеѓу власта и опозицијата за состојбите со епидемијата во земјава. Опозицијата секојдневно плука, блуе отров, бара оставки – а власта го има „истурено“ Филипче и, понекогаш, уште некој член од Комисијата за справување со епидемијата, за да се правдаат, да ги бранат и да ги објаснуваат здравствените состојби и политики во државава. Гледаме и десетина други лекари кои веќе имаат стекнато статус на национални медиумски „селебрити“ кои ги коментираат состојбите, едни покритички, други повоздржано, но главно со добра волја да помогнат во релативниот хаос што владее во дискусиите за епидемијата“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Кога експертите молчат, будалите оро водат!“.

„Дали да се приватизира или да се бара стратешки партнер за ЈП Македонски пошти ? Се разбира дека одговорот е да. Зошто се чекаше до сега? Требаше да поминат 20 години конечно да сфатиме дека државата не е способна ефикасно да управува не само со ова туку и со други  ЈП во државна сопственост. Или можеби тоа ни беше јасно и до сега но во прашање биле други  лукративни цели? Не сакам да верувам  дека некој во државата имал такви намери“, пишува Перо Наумовски во „Приватизација на Македонски пошти: Што се чекаше до сега?“.

А. Петровска 

Share38Tweet24Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ