• Latest

Смртта на Амди Бајрам проследена со говор на омраза и дезинформации

October 27, 2020

Кога протоколот ја отсликува надворешната политика

August 8, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Два залaка и чувство на сопственост

August 8, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Србија – Украина: Цената на Вучиќ

August 7, 2026
Илустрација ВИ

Безбедносно тестирање: Напредните AI модели покажаа автономно измамничко однесување, експертите бараат построга регулација

August 6, 2026

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Архива

По жестоките руски напади: НАТО работи на итна испорака на противвоздушна одбрана за Украина

August 6, 2026

Сите цистерни со сертификат, нема штета: Што покажуваат доказите за „Мазут“?

August 6, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Ватос – капина или како стигнавме до таму, змиите да ни бидат друштво

August 6, 2026
Тематска дебата на СДА Македонија, 30 јули 2026 (фото: ЦИВИЛ)

СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО ОРБИТАТА НА СРПСКИОТ СВЕТ: Европскиот пат блокиран, изолацијата станува државна политика – дебата на СДА Македонија

August 5, 2026

РУСКИ ТЕРОР ВРЗ КИЈИВ: Најмалку 17 загинати и 44 повредени во нов масовен напад со ракети и дронови

August 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ГОВОР НА ОМРАЗА

Смртта на Амди Бајрам проследена со говор на омраза и дезинформации

October 27, 2020 16:22
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Говорот на омраза на социјалните мрежи не стивнува кон починатиот поранешен пратеник, лидерот на Сојузот на Ромите, Амди Бајрам.

Пред три дена, веднаш по информацијата дека починал Амди Бајрам, на социјалните мрежи покрај „досетките и жегите“ имаше и голем број на коментари и објави кои содржат говор на омраза. Еден од членовите на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Јандриоски на својот Фејсбук профил објави статус со што го нарече Амди предавник, пришто со неговиот пост изнуди низа на коментари со говор на омраза, пред сè на етничка база.

Говорот на омраза кон Амди Бајрам, Ромите и актуелната власт се зголеми откако медиумите ја прошириле информацијата дека ќе биде закопан во Алејата на великаните. Откако неколку часа на социјалните мрежи се плукаше кон власта како може да дозволат „Амди да се закопа во Алеја на великаните“, се огласија од АД Бутел дека тоа е лажна вест, односно дезинформација!

На постот на Јандриоски, со лажната информација дека Амди ќе биде закопан во Алејата на великаните, коментираше професорката Виолета Ачкоска дека тоа е „дно“.

Но, по разобличување на лажната вест дека сепак нема да биде закопан во Алејата на великани во Бутел, мразачите најдоа друга причина да навредуваат, бидејќи на погребот на Бајрам присуствуваа поголем број на граѓани. Дел од медиумите објавија дека починал од Ковид-19, а неговите роднини тврдат дека починал од мозочен удар…, но која и да е вистината за неговата смрт, дел од граѓаните не пропуштиле можност да ги критикуваат присутните на погребот, бидејќи не ги почитуваа препораките да не се собира поголема група на едно место.

Меѓутоа покрај погребот, медиумите ја актуелизираа и темата дека епидемиолозите не можат да ги најдат гостите од свадбата на неговата внука која се направи во Турција за да ги тестираат за Ковид 19.

Јавноста често е жртва на лажните вести од лажните вести, манипулации и ширење на говорот на омразата. ЦИВИЛ веќе долго време ги следи овие појави и секојдневно објавува извештаи во кои ваквите содржини ги разобличува, и ги повикува граѓанките и граѓаните да се спротивстават на ваквото штетно дејствување со пријавување и преиспитување на секоја содржина во медиумите и социјалните мрежи. Исто така, ЦИВИЛ континуирано ги повикува институциите да ги спречат и санкционираат сите што шират лажни вести и кои користат говор на омраза.

Дехран Муратов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ