ВЕСТ НА ДЕНОТ: Собраниската расправа за избор на заменици министри во Владата
Справување со последиците од пандемијата, зачувување на работните места, создавање функционална економија и враќање на економскиот раст на 4 отсто, унапредување на животниот стандард на граѓаните и натамошен раст на платите, силни институции, неселективна правда и борба против корупцијата, изградба на општество со еднакви шанси за сите, како и активно учество во сите процеси и активности на земјата како членка на НАТО и почеток и успешно завршување на преговорите за членство во ЕУ, се дел од приоритетите на новата Влада, во чија реализација премиерот Зоран Заев очекува да се вклучат и новите заменици на министри што ги предлага.
Со именувањето на заменици на министрите, рече премиерот, се комплетира системот на ефикасни и силни институции со полн капацитет и легитимитет кои ќе работат на реализација на програмата на Владата и пред се во справувањето на последиците од пандемијата со КОВИД-19 како еден од првите владини приоритети.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Заев: Просечната плата продолжува да расте и во услови на здравствено-економска криза
ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ: Зелениот караван на ЦИВИЛ со работилница за зелените вредности во Штип
ЦИВИЛ во рамките на Зелениот караван денеска, 22 септември со почеток во 11 часот одржи работилница во просториите на Општина Штип.
На работилницата ќе учествуваат претставници на Општината и општинскиот совет, институциите, организациите на граѓанското општество, зелените иницијативи, политичките партии, медиумите и активистите во соодветните области. На работилницата се предвидува учество од максимум 20 лица, со почитување на мерките за заштита од КОВИД-19.
Модераторка на работилницата ќе биде Биљана Јордановска од ЦИВИЛ, а со свое излагање за проектот ќе се претстави претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала.
Зелениот караван на ЦИВИЛ по работилницаа продолжува со инфо-штандови во Штип и Свети Николе каде граѓанките и граѓаните, медиуимите и сите заинтересирани лица кои ќе ги посетат ќе имаат можност да разменат искуства и ставови со тимот на ЦИВИЛ, а воедно ќе можат да учествуваат во видео анкетата: „Зошто зелено? Кажи го гласно своето мислење“.
Дерала во Гостивар: Зелени вредности и националистички испади во една општина не одат заедно
Графитот „Ѕидот на мирот“ ги покри пораките со говор на омраза во Скопска чаршија
Графит посветен на мирот ги покри пораките со говор на омраза на еден од ѕидовите во Старата скопска Чаршија. Графитот е реализиран од активистите Јетмир Асани и Валон Кучи, а го нацрта артистот Дако Ѓи, во соработка со Мировна Организација – Мировна Акција, а е насловен „Ѕидот на мирот“, по повод 21 септември – Меѓународниот ден на мирот.
ФЛЕШ ВЕСТИ
“Таргет-Тврдина”- Новинари, политичари и други кои биле прислушувани во периодот од 2008 до 2014 година денеска сведочеа за тоа која функција ја имале во општеството во тој период и како дознале дека се прислушувани и се изјаснија дека се оштетени, а најавија и оштетено побарување.
Заев-Закоњшек: Вложувањето во квалитетен, ефикасен и економичен транспортен систем е од исклучително значење за развој на стопанството и за повисок квалитет на животот на граѓаните, констатирале на денешната средба.
Христијан Мицкоски на вчерашната седница на Централниот комитет предложил свикување на вонреден конгрес, на кој би се извршила промена на раководниот состав на партијата, но неговиот предлог бил одбиен. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека самиот предложил вонреден конгрес.
Сведокот Николовски за случајот „Титаник”: Ми го фалсификуваа потписот, јас никогаш не донирав 1.000 евра на ВМРО-ДПМНЕ.
Врховниот суд уште не ги пратил во Кривичен суд Скопје, списите за предметот „Тенк”, со кој се потврдува казна од 4 години затвор за поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.
Носење маски и на отворено, ограничување на бројот на лица по маси, казни за семејни веселби, најави министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.
СЛОБОДНА ЗОНА
Рафал на Џабир Дерала Одложен политички земјотрес во „Белата дивоградба“: По серијата катастрофални политички порази откако ја презеде функцијата претседател на партијата, како марионета и извршител на Груевски, на позицијата на Мицкоски не ѝ завидува никој. Секојдневно е растргнат меѓу гласните барања за негова оставка и притисокот да остане на таа позиција.
Поенти на Џевдет Хајредини Правичното вработување во администрација по сто дена влада, кога за прв пат ќе има премиер Албанец!: Станале полнолетни децата кои се родени кога е склучен Охридскиот Договор и требаше да се спроведе до 2004. Досега не е постигната ниту правичната вработеност во јавната администрација, ниту е решен статусот на припадниците на ОНА, додека Груби ја најави намерата на владата дека ќе им дава субвенции на приватните компании за вработување на албанци, за што веднаш беше демантиран од Заев.
А. Петровска