• Latest

Преглед на настани: Какви закони – такви избори, време за нов Изборен законик, Груевски и Мијалков обвинети и за „Плацевите“

May 12, 2021
Германски и советски војници фотографирани заедно неколку дена откако советските единици влегоа во Полска. Фото: Јавен домен / Wikicommons

Пропаганда и негирање: Како Русија ја правда својата инвазија на Полска во 1939 година, во договор со Хитлер

September 17, 2025
Фото: ЦУК

ЦУК: Под контрола пожарите во селото Трубарево и во Дрисла, активни пожарите во селата Виниче, Петрово, Вражале и Крушево

September 17, 2025
Дел од „пакетот“ американска воена помош за Украина, 20 јануари 2022 година. (photo source: Wikimedia Commons / photo by Mauricio Campino)

Администрацијата на Трамп одобри прва помош во оружје за Украина финансирана од НАТО сојузниците

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

ЕУ крои план за ограничувања на трговијата со Израел поради војната во Газа

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ONT TV Channel

Руските војници почнаа да ја напуштаат Белорусија по вежбите „Запад-2025“

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Поранешна шефица за здравство на САД: РФК помладиот ме отпушти кога не сакав да отпуштам персонал за вакцинирање без причина

September 17, 2025

24 ЧАСА: Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК; Србија прва во ЕУ по кршења на медиумската слобода; Навални бил отруен; Фемицидот во Северна Македонија – невидливо злосторство и глуви институции

September 17, 2025
Фото: Скриншот

MFRR: Србија е на прво место во Европа по бројот на кршења на слободата на медиумите

September 17, 2025

„Стела“ повикува на протест пред МВР против колективниот системски крах кој дозволува континуирано насилство врз жени што доведува до фемициди

September 17, 2025
Тануја Пандеј, 24-годишна активистка за заштита на животната средина, една од организаторите на протестот. Фото: Скриншот од видео на Al Jazeera English

Политичарите се богатат додека ние страдаме – Генерацијата Z во Непал ја собори владата за помалку од 48 часа

September 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: Какви закони – такви избори, време за нов Изборен законик, Груевски и Мијалков обвинети и за „Плацевите“

May 12, 2021 17:29
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Дескоска, Лазаревска-Героска, Алексов, Димитровска и Дерала говореа на тема „Какви закони, такви избори“

ЦИВИЛ денеска одржа уште една извонредно интересна панел дискусијата, овојпат на тема „Какви закони, такви избори“.

Учесници на панелот беа проф. Рената Дескоска, државната советничка при Министерството за правда, Радица Лазареска Героска, извршниот директор на МОСТ, Дарко Алексов, претседателката на здружението „Инклузива“ Благица Димитровска и претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала.

„Изборниот законик е хаотичен и не е читлив и затоа мислам дека треба да се направи нов законик. Граѓани како учесници во изборниот процес немаат правен лек. За чисти избори треба да бидат сите вклучени и доколку се дојде до ситуација на нерегуларности тоа да се пријави, истакна проф. Дескоска.

„Како Претседател на работната група за измени на изборниот законик не верувам дека ќе имаме целосно нов изборен законик до локалните избори. Процесот е сложен бидејќи има многу предлози од невладини, експерти, новинари, но, на крај има многу политика“, истакна државната советничка при Министерството за правда, Радица Лазареска Героска, на панел дискусијата на ЦИВИЛ на тема „Какви закони, такви избори.

„Тоа што не е решено е непристапноста до гласачките места на лицата со попреченост. И тоа не е само за гласање, тие места имаат ученици бидејќи изборите се случуваат во училиштата. Гласачкото место мора да биде пристапно за овие луѓе.  На оние луѓе кои имаат изгубено работна способност, тие го губат правото на глас, тие оттука не се на избирачки список, некој друг одлучува за тоа лице, и дури и да се појават на гласачкото место не можат да гласаат. Тоа спаѓа во одземање на човекови права. Одамна бараме да се смени ова а како одговор добиваме дека треба многу закони да се сменат. Не е прашање дали сакаме или можеме, туку мораме, рече Димитровска.

„Граѓанинот има право на информиран избор и почитување на правото на глас на граѓанките и граѓаните. Тие треба да бидат добро информирани и да не подлегнуваат на дезинформации и црна пропаганда. Треба да се направи целосно нов изборен законик. Едно одело да го кроиш 30-35 пати, тоа одело на што ќе личи? Исто е и со изборниот законик. Изборите не се на политичките партии, туку се за граѓан(к)ите. Партиите се на врвот на таа пирамида, а тоа би требало да се граѓаните“, нагласи Дерала.

„Не велам дека не треба да не го мониторираме процесот, мора секогаш да сме внимателни, но имаме закани од дезинформации кои можат и те како да влијаат врз изборниот процес и сериозно да го оштетат процесот и да ја намалат довербата на истиот. Исто имаме и  со хибридните закани и злонамерно мешање на други држави во изборниот процес. Процесот како процес нема веќе закани. Гледаме што се случува и има транспарентност. Но ова што тешко се фаќа и се гледа, ќе претставува огромна закана за изборите. Кога ќе ги сублимираме работите, заклучуваме дека растеме, се развиваат работите, последниве години одат во една правилна насока, но треба да се продолжи со работа и да се има трпение“, истакна извршниот директор на МОСТ, Дарко Алексов на панел дискусијата на ЦИВИЛ  на тема  „Какви закони, такви избори“

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Дескоска: Време е да се отпочне процесот за пишување на нов законик

„Очигледно е дека одредени дебати кои се водат меѓу одредени партии не вродуваат со плод. Доколку нема согласност за други политички прашања, изборен модел и слично не треба да се губи време туку собранието треба да пристапи кон усвојување на препораките на ОБСЕ. Ова не треба да биде пречка за отворање на нов процес за нов изборен законик. Една од препораките на ОБСЕ како приоритетна е дека изборниот законик треба да се усогласи со одредени стандарди кои се дадени во меѓународните документи. Проблемот во обезбедувањето на што е можно подобра атмосфера за спроведување на изборите се спроведува во две рамки. Изборниот законик е хаотичен и не е читлив и затоа мислам дека треба да се направи нов законик“ истакна професорката Дескоска на панел дискусијата на ЦИВИЛ на тема „Какви закони, такви избори“.

ЦИВИЛ ВО ЖИВО: (ВИДЕО) Не во мое име!

Во денешното издание на „ЦИВИЛ во живо“, објавено во 12:30 часот, Дерала го поддржа правото на протест, но воедно ја критикуваше партиската инструментализација на граѓанскиот протест и ги повика оние што организираат протести да не ги пласираат своите ставови во името на сите граѓанки и граѓани. Ова особено се однесува на протестите против дигитализацијата како дел од образовните реформи.

ФЛЕШ ВЕСТИ

КОВИД-19  Полициски час денеска ќе нема поради верскиот празник Рамазан Бајрам, а веќе од утре тој ќе биде скратен и ќе трае од полноќ до 4 часот наутро.

Вакцина против Ковид-19  вчера примиле 14.976 граѓани.

Пристигнаа 6.000 дози вакцини за имунизација на Граничната полиција, донација од унгарската Влада

ЕКОНОМИЈА Објавени се седум јавни повици за финансиска поддршка за угостителскиот и туристичкиот сектор. Јавните повици се однесуваат на туристичките агенции, туристичките водичи, естрадните уметници, компаниите организатори на настани, игротеките, приватните детски одморалишта, кабареата, ноќните клубови, диско клубовите и рестораните за свадби.

ЗЕЛЕНИ Без согласност од Министерството за животна средина и просторно планирање нема да може да се стави во правна рамка објект во заштитени подрачја.

ИНТЕГРАЦИИ ЕУ е едногласна дека Северна Македонија ги исполнува условите за преговори, останува да се надмине спорот со Бугарија.

Шпанија целосно го поддржува процесот на интеграција на Северна Македонија во Европската Унија, е пораката која беше испратена денеска на средбата на шпанската министерка за надворешни работи, ЕУ и соработка Аранча Гонзалес Лаја со вицепремиерот задолжен за европски прашања на Република Северна Македонија, Никола Димитров.

ПРАВДА По спроведена истрага од меѓународни рамки во која биле вклучени и меѓународните организации ОЛАФ и ЕУРОПРАВДА, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, поднесе Обвинителен акт против две лица, за злоупотреба на службена положба и овластување при спроведување на ИПА проекти.

Клучнитe предизвици на кои мора да се работи се модернизација на судовите, кадровско зајакнување и зголемување на транспарентноста

ПОЛИТИКА Специјалниот пратеник на Владата на Северна Македонија за Бугарија Владо Бучковски во интервју за емисијата за меѓународна политика  „Светот и ние“ на БНТ  рече дека му е јасно зошто неговата генерација емотивно гледа на разговорите со Бугарија, со оглед на настани од Втората светска војна и односите со Југославија.

Техничката Влада на Бугарија ќе продолжи да се придржува кон досегашните позиции на Бугарија за Република Северна Македонија.

Куенка истакна дека членовите на Сенатот ја препознале важноста на пристапувањето на Северна Македонија во НАТО и затоа со задоволство ги презеле сите пандемиски мерки за да обезбедат електронско гласање за да го затворат процесот на ратификација по што следуваше и формалниот прием на земјата за членка во Алијансата.

Груевски и Мијалков меѓу обвинетите за случајот „Плацеви на Водно”

СВЕТ Во ескалацијата на судирите меѓу Израел и Хамас, бројот на жртви денеска се зголеми на најмалку 43 убиени во Газа и шест во Израел. Палестинските сили истрелале стотици ракети кон Израел, кој изврши силни воздушни напади врз Појасот Газа.

ОБРАЗОВАНИЕ  Министерката за образование и наука Мила Царовска смета дека најавените протести и иницијатива за референдум за образовните реформи се уставно загарантирано право, но, нагласи дека реформата ќе продолжи со цел во фокусот на образованието да се стави ученикот и неговите потреби, затоа што таа не само што не е избрзана, туку можеби и задоцнета.

ОПШТЕСТВО Министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија Петер Сијарто денеска ќе престојува во еднодневна посета на државава, при што ќе предаде донација во вакцини наменета за потребите на Министерството за внатрешни работи.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Прво, треба да се направи измена на изборниот модел, односно наместо со шест изборни единици да имаме само една изборна единица. Ова прашање повеќепати е елаборирано, само да потсетам дека основниот бенефит ќе биде што ќе нема изгубени гласови и секој глас подеднакво ќе биде вреднуван. Со сегашниот модел ако во една изборна единица хипотетички излезат 90 отсто од гласачите и сите гласачки ливчиња се важечки, а во друга излезат 45 отсто од гласачите иако на хартија и двете изборни единици имаат приближно ист број на гласачи избраниот претставник во првиот случај ќе треба да освои двојно повеќе гласови од избраниот во другата изборна единица“ пишува Велин Стојановски во колумната „Генерален ремонт на Изборниот законик“.

И. Крџиќ

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    240 shares
    Share 96 Tweet 60
  • Крвави лица на Мицкоски, Тошковски и Јанев на страницата „Убијците на Кочани“ – ВМРО-ДПМНЕ бара истрага

    183 shares
    Share 73 Tweet 46
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ