• Latest

Преглед на настани: На Меѓународниот ден на човековите права ЦИВИЛ со конференција за човекови права, правда и антикорупција

December 10, 2020
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026

Кој ќе ја искористи фрустрацијата која ја манифестираат носителите на власта?

June 18, 2026

Лени Фрчкоска и Марта Стевковска ја добиja наградата „Гласник на невидливите“ за сторијата „Женското е туѓа фамилија“

June 17, 2026
Фон дер Лејен, Зеленски, Кошта (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Украина цврсто на патот кон ЕУ: Во услови на брутална агресија, под постојан напад врз цивилите – првиот кластер во пристапните преговори е отворен

June 17, 2026
European Union, 2023 - Source: EP - Laia Ros

Меѓу домашните слабости и европските преседани: Што навистина значи извештајот на Европскиот парламент за Северна Македонија?

June 17, 2026
Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

ОДГОВОР БЕЗ ОДГОВОР: Кабинетот на Сиљановска-Давкова избегнува да одговори конкретно на прашања за шпионската афера, кабинетот на премиерот и понатаму молчи

June 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: На Меѓународниот ден на човековите права ЦИВИЛ со конференција за човекови права, правда и антикорупција

December 10, 2020 16:58
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: На Меѓународниот ден на човековите права ЦИВИЛ со конференција за човекови права, правда и антикорупција

ЦИВИЛ ја организираше Конференцијата за човекови права, правда и антикорупција „Следна Станица: Европа“  денеска, 10 декември, по повод Меѓународниот ден на човековите права, со почеток во 12 часот. Конференцијата се одржа комбинирано, со онлјан и физичко присуство, со максимално почитување на здравствените протоколи.

Конференцијата се одржа во две сесии, во 12 и 13:30 часот. Првата сесија од конференцијата е со наслов „Правда и владеење на правото“, а на неа учествуваа Министерот за правда, Бојан Маричиќ и универзитетскиот професор Александар Спасов.

Втората сесија од конференцијата носи наслов „Борба против корупцијата“, а на неа учестваа Заменик премиерот за борба против корупцијата и криминалот, Љупчо Николовски, политичкиот аналитичар и универзитетски професор Сашо Орданоски и универзитетската професорка Јасна Бачовска. Модератор и учесник на конференцијата беше Џабир Дерала од ЦИВИЛ.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ 

ЦИВИЛ: Борбата за човековите права и слободи продолжува!

ЦИВИЛ им го честита 10 декември, Меѓународниот ден на човековите права на сите граѓанки и граѓани на Северна Македонија и на светот и порачува: Борбата за човековите права и слободи продолжува!

Меѓународниот ден на човековите права, е повик за вклучување на сите граѓанки и граѓани во бескомпромисна борба  во одбрана на човековите права и слободи. На овој ден ЦИВИЛ ги повикува институциите да манифестираат максимална одговорност и посветеност и ги потсетува дека човековите права и слободи се нивна прва и најголема обврска.  Во духот на слободата, солидарноста и толеранцијата, ЦИВИЛ повикува на почитување и заштита на човековите права и слободи.

Обврска на секое општество, на сите институции на локално и национално ниво, на сите носители на одлуки, сопственици на бизнис и на сите луѓе е да ги почитуваат човековите права и слободи. Секој човек ги има истите човекови права и слободи како и сите други луѓе во светот, само затоа што е човек. Човековите права и слободи се неотуѓиви – никој не може да ги даде или да ги одземе, бидејќи тие веќе му припаѓаат на секој човек!

Николовски: Правата кои ги имаат функционерите не можат да останат без контрола

Бачовска: Нашата корупција почнува од авион да се гледа

Орданоски: Борбата против корупцијата нема да успее ако нема ефикасност на судството и обвинителство за организиран криминал

Спасов: Ќе имаме успешни реформи ако воспоставиме функционален правен систем и функционална правна држава

Маричиќ: Ако сакаме да успееме и да станеме модерна европска држава мора да има правда која ќе биде еднаква за сите

Панел дискусија на ЦИВИЛ: Социјална правда и дискриминација

Панел дискусија на ЦИВИЛ -Попис: Помеѓу политиките и статистиките

Ангелов: Доколку бидам градоначалник ќе се посветам на инфраструктурата на Штип

ФЛЕШ ВЕСТИ

Собраниската Комисија за европски прашања денеска во прво читање со десет гласа за и ниту еден против и воздржан го поддржа и го проследи во натамошна собраниска процедура Предлог-закон за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, согласно кој треба да се овозможи одржување на оваа статистичка операција наредната година.

Вкупно 4.635 контроли и надзори извршиле шесте инспекциски служби во периодот од 30 ноември до 6 декември годинава. Инспекторите од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) извршиле вкупно 3.129 контроли и 490 вонредни инспекциски надзори, од кои  најголемиот број се поврзани со почитување на протоколите за отворање и работа на угостителски објекти и кафетерии.

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска присуствуваше на  отворањето на новата детска градинка „Срцко“ во Општина Лозово. Таа изрази големо задоволство што токму на Светскиот ден на човековите права, 10 декември, отворањето на новата градинка е во знак на почитување и вреднување на еднаквоста на сите граѓани во нашата држава, вклучително и децата.

Со изведување на материјални докази – анализа на телефонска комуникација денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судењето за незаконското финансирање на невладината организација
„Меѓународен сојуз”, каде заедно со основачот Бојан Јовановски, обвинети се уште четири лица.

СЛОБОДНА ЗОНА 

„Вчера се случи така, речиси истовремено додека Зоран Заев се обраќаше до нацијата, во Софија госпожа Екатерина Захариева да ги повтори, со избрани зборови, сите ултимативни, а и безвремено навредливи барања заради кои Софија вложи вето за формалниот почеток на македонското интегрирање во ЕУ – уууупс, настрадавме, самото спомнување на зборот „вето“ се смета за „говор на омраза“ од Скопје кон Бугарија! – а лидерите на парламентарната опозиција во Македонија Христијан Мицкоски и Зијадин Села да побараат веднаш и безусловна оставка на оваа Влада, заради „катастрофата“, во сите најтемни нијанси на каталогот на обвинувањата, до која е доведена државата“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Враќањето на Џедајот (Заев)!“.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ