ВЕСТ НА ДЕНОТ: Владата прифати недела да биде прогласен за неработен ден
Анкета: Со влез во ЕУ ќе се воведе ред и ќе проработи системот
Хоџиќ: Нашето општество е оптоварено со различни стеротипи кон помалубројните заедници
ФЛЕШ ВЕСТИ
Владата на денешната седница донесе одлука да се скрати работното време на угостителските објекти, до 21 часот, освен за достава и шалтерска продажба на храна, соопшти премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил.
Влада: Честите контакти и средби на високо ниво со Бугарија водат кон приближување на позициите
По двонеделено одложување поради КОВИД-19 денеска во Основниот кривичен сид во Скопје продолжува судењето за незаконско следење на комуникациите „Таргет-Тврдина”.
Министерката за образование и наука, Мила Царовска денес учествуваше на онлајн состанок на работната група МОН-МЛАДИ, на кој беше усвоен деловникот за работа и беше избран претседавач.
Филипче: Аплициравме за 800 илјади вакцини против Ковид-19, ги очекуваме на почетокот на следната година
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска се сретна со претставничката на УНИЦЕФ во земјава, Патриција Ди Џовани, на која се разговараше за тековните и идни проекти и соработката помеѓу двете институции.
Брзите тестови од денеска бесплатни за граѓаните, на вчера тестираните ќе им бидат вратени парите.
СЛОБОДНА ЗОНА
„Парадоксот на американскиот изборен систем е во тоа што Бајден, најверојатно, ќе го „надгласа“ Трамп на ниво на целата федерација со многу милиони повеќе освоени американски гласови отколку трите милиони на Хилари Клинтон на минатите избори, но тоа сè уште не е гаранција дека Бајден ќе стане нов претседател на САД. Разликата од неколку десетици илјади гласови во изборно клучните 6-7 федерални држави (особено во Пенсилванија) во корист на Трамп можат да ја „поништат“ изборната волја на многу други милиони американски граѓани кои ќе му ја дадат изборната предност на Бајден“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Денеска Американците гласаат… Врзете ги појасите, полетуваме!“.
„И така, тема на денот денеска е дека еден од терористите е по потекло Албанец од Македонија. Фрштат наслови по портали и секаде, Албанците (од Македонија) на Фејсбук ( вклучително и јас), од утрово не престануваат со објави на темава, зошто треба или не треба да се потенцира етничката припадност на терористот, зошто известувачките машини на интернет речиси секогаш кога станува збор за некое (не)дело од страна на одредени Албанци, по некакво непишано, но сепак правило „беснеат“ со наслови со потенцирање на етничката припадност, а кога станува збор за позитивни остварувања, исто така, по некакво непишано, но сепак правило, не се повикуваат на истата таа припадност, туку на државјанството. Примери колку сакаш“, пишува Дијана Тахири во колумната „Тројца Албанци, во една вечер, во три различни улоги во животот, а можело да бидат и од иста мајка…“.
А. Петровска