• Latest

Преглед на настани: Опозицијата против онлајн гласање, видео пораки за „Обединети во различноста“, Заев оптимист за договор со Бугарија

November 23, 2020
Гробовите на Сребреница

Од 1992 до 1995 година во војната во БиХ исчезнале 3.838 жени

July 5, 2025
Газа (скриншот од видео снимка)

Израел продолжува со воздушните напади врз Газа откако Хамас соопшти дека е подготвен за преговори за прекин на огнот

July 5, 2025

Иран не се согласил на инспекции, ниту се откажал од збогатувањето ураниум, вели Трамп

July 5, 2025
Мурал Ратко Младиќ во Белград, Фотографија/ скриншот од видео на Ал Џазира

Србија и Сребреница: Од гласна тишина до бучна релативизација

July 5, 2025
„Жолто копче“ дигитално здравство
Фотографија/ Министерство за здравство

МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство – „Жолто копче“

July 5, 2025

Дојава за бомба во косовскиот парламент, евакуирани пратениците

July 5, 2025
Ванг Ји, министер за надворешни работи на Кина во Брисел
Фото/ скриншот од видео на ЦНА

Кина е подготвена да ги координира мировните напори за Украина со Франција, изјави кинескиот министер за надворешни работи

July 5, 2025
Фото: Твитер

Украинските воздушни одбранбени сили неутрализираа 292 од 322 руски дронови преку ноќ

July 5, 2025

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 5, 2025

Прекината мерката притвор за Додик, според судот на БиХ веќе не претставува опасност по уставниот поредок

July 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Преглед на настани: Опозицијата против онлајн гласање, видео пораки за „Обединети во различноста“, Заев оптимист за договор со Бугарија

November 23, 2020 16:56
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Опозицијата и натаму се противи на онлајн гласање во Собранието

Координаторите на пратеничките групи на опозициските партии денеска претпладне не присуствувале на редовната средба со претседателот на Собранието Талат Џафери, а причина за тоа, како што наведуваат, е, меѓу другите, ставањето на Предлог дополнувањето на Деловникот за работа на Собранието без договор со опозицијата. Се доведува во прашање и учеството на опозициските пратеници на координативните средби и на пленарни седници.

Предлогот за дополнување на Деловникот за работа на Собранието, по сkратена постапка, што предвидува вклучување на далечина на пратеници со Ковид-19 и во самоизолација во работата на Параламентот и работните тела, е ставен на дневен ред на седницата што првиот човек на законодавниот дом Талат Џафери ја закажа за в четврток, 26 ноември.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Заев: Не сме многу далеку од договор со Бугарија

Република Северна Македонија прави се што е неопходно во функција да се постигне решение за отворените прашања коишто постојат со Софија, изјави денеска премиерот Зоран Заев, посочувајќи дека Бугарија е голем пријател на земјава и оти верува дека ќе остане на таа линија.

–  Како што реков, ние не сме многу далеку од договор. Само треба да ја имаме добрата волја, да гледаме позитивно и да ја имаме проектирана иднината пред нас. Верувам дека ќе случи до еве, вториот Совет на министри на ЕУ на 8, 9 или 10 кога и да е, и една средба помеѓу мене и премиерот (Бојко) Борисов, а верувам дека и нашите работни групи коишто контактираат интензивно ќе создадат и атмосфера за тоа, зборувам  за двете страни. Нормално, се развиваат идеи, се разглобува секаков вид на варијанти во духот на дигнитетот и достоинството на двата пријателски народи да се изнајде европско решение со вградените европски вредности во него. Јас верувам дека тоа е возможно. Секако ова екстра време кое што испадна давајќи ни ја шансата за одложениот ГАК или Советот на министри е извонредна можност да бидеме паметни двете страни и да ја искористиме како можност, истакна Заев на маргините на Македонскиот енергетски форум 2020.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

ЦИВИЛ најавува серија видео пораки со заеднички наслов „Обединети во различноста“

Започнува нова фаза на Иницијативата „Обединети во различноста“ што ја води ЦИВИЛ од средината на октомври. Од утре почнува серија видео обраќања од јавни личности во кои се говори за мултикултурата, етничката толеранција и европските вредности. Оваа недела, луѓето обединети во различноста, ќе се дружат со актерките Владанка Димковска и Несрин Таир, авторката Лиса Баута-Шаќири, а во текот на идната недела следат уште интересни видео пораки од новинари, експерти, активисти…

Простор има за сите. Секој што сака да го искаже својот став и своите пораки за тоа како луѓето можат да бидат обединети во различноста. Организацијата ќе објави и подетални насоки за тоа како да се сними селфи видео или да се закаже термин за снимање на отворено со екипата на ЦИВИЛ.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Европската комисија денеска го презентираше својот редовен извештај за состојбата со аерозагадувањето во Европа, кој ги вклучува и шесте земји до западниот Балкан, во кој се оценува дека состојбата се уште е незадоволителна, јави дописничката на МИА од Брисел.

Државава ќе ја добие таа вакцина против Ковид-19, која прва ке биде регистрирана и одобрена преку Ковакс механизмот. Реално би било тоа да се случи во првите месеци од 2021 година, вели проф. д-р Александра Грозданова од Фармацевтскиот факултет при УКИМ, која е претседател на Комитетот за имунизација.

До крајот на денот се очекува да се знае колку припадници на полицијата и Армијата ќе бидат потребни за обезбедување на објектите кои ги посочи Министерството за здравство во Акцискиот план. Како што изјави в.д. директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов по седницата на Главниот штаб за управување со кризи, ситуацијата од безбедносен аспект е целосно под контрола, во болниците нема нарушување на јавниот ред и мир и кај граѓаните не треба да се создава паника.

Министерката за образование и наука Мила Царовска денес одржа онлајн состанок со претставници од естонското и грузиското Министерство за образование, претставници од регионалните канцеларии на УНИЦЕФ и со претставничката на УНИЦЕФ во Северна Македонија, Патриција Ди Џовани.

Министерството за здравство и трите најголеми приватни болници, „Систина“, „Жан Митрев“ и „Ре-медика“, синоќа се договорија да соработуваат во борбата против КОВИД-19. До крајот на неделава старата гинеколошка болница на „Систина“, поранешна „Мала богородица“, ќе биде пренаменета во инфективно одделение каде ќе може да се лекуваат 100 пациенти. Лекувањето ќе биде бесплатно, на трошок на државата, а за пациентите ќе се грижи лекарски тим од „Систина“, „Жан Митрев“ и „Ре-медика“.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Дозволете ми денеска да направам еден редок преседан: на местото на мојата колумна, да ви го пренесам текстот на д-р Станимир Панајотов од Софија, кој е постдокторант во Центарот за академски истражувања во Софија и визитинг професор во Институтот за општествени и хуманистички науки во Скопје. Не сум имал чест лично да го запознам г. Панајотов, но тој е еден од многуте интелектуалци во Бугарија кои деновиве јавно излегоа со критики за политиката на својата влада во врска со ветото за Република Северна Македонија“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Белешки за очекуваното вето на Бугарија против С. Македонија“.

„Државата може да биде перцепирана како алатка за задоволување на потребите и интересите на граѓаните, и, како објект на љубов како највисоко достигнување на заедничкото делување на одредена група луѓе. Во првиот случај односот на индивидуата кон државата се става во корелација со нивото на кое таа успева да обезбеди негова благосостојба, заштита на неговите основни права и слободи и видлива развојна перспектива“, пишува Мирјана Мајчевска во колумната „Национализмот има потреба од минатото“.

А. П.

Print Friendly, PDF & Email
Share40Tweet25Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ