ВЕСТ НА ДЕНОТ: Панел дискусијата на ЦИВИЛ „Попис: Статистика, не политика“ во Штип
ЦИВИЛ организираше панел дискусијата „Попис: Статистика, не политика“ во Штип каде учествуваа градоначалникот на Штип, Сашко Николов, Претседателката на Совет на општина, Маријана Рогожарска Поповска, Претседателката на пописна комисија, Соња Китанова, Кординаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Љубе Здравков, Советничката од ВМРО-ДПМНЕ, Христина Серафимовска, Директорот на Дом на млади, Горан Трајков и главниот уредник на ТВ Ирис, Војо Маневски, а модератор на панелот беше Џабир Дерала.
Во согласност со мерките за заштита од Ковид-19, панел дискусијата се одржа без публика, но беше пренесувана во живо на Фејсбук страницата и Јутјуб каналот на ЦИВИЛ. За време на панелот имаше мал прекин поради тоа што смена струја во хотелот.
Градоначалникот на Штип, Сашко Николов, на панел дискусијата на ЦИВИЛ дискусијата „Попис: Статистика, не политика“ во Штип вели дека кога дојде на позиција градоначалник пред два месеца немаше статистика, односно точна бројка на население. Со истиот проблем се соочи како кардиолог кога немале статистика колку пациенти има во источниот регион.
Пописот е суштински значен за една локална самоуправа. Ние немаме податоци колку жители од етничките заедници живеат во нашата општина, не ја знаеме старосната граница.
Ние немаме точни податоци за да може да аплицираме за проекти во Европската унија. Ако имаме податоци ќе знаеме колку градинки, училишта, болници… да се отворат, на пример Клинички центар што е планирано. Ние мора да ги знаеме демографските, социјалните и економските параметри. Треба да ја планираме инфраструктура, но ние немаме статистика за да планираме.
Без попис ќе лутаме и ќе плутаме, нема да бидеме интересни за ЕУ“, вели Николов.
Претседателката на пописна комисија, Соња Китанова на панел дискусијата на ЦИВИЛ „Попис: Статистика, не политика, се осврна на техничкиот дел од статистичката оперција попис.
Комисијата учествува во информирањето на пописот и информирање на населението за пописот, презема мерки за навремено опфаќање на пописот, врши распределба на попишувачи и инструктори, обезбедување простории и итн. Податоците кои ќе бидат добиени ќе се користат за креирање на развојни политики, научни и други истражувања. 129 попишувачи во делот на Штип и Карбинци, 13 лица за реонски инструктори, на јавен конкурс се пријавени 265 попишувачи, а 129 лица ќе бидат избрани списокот ке биде објавен на 8 и 9 март и ке бидат објавени и на страната на општината. Ќе се формираат групи одо 12 лица кои ќе бидат тестирани со запазување на сите мерки и протоколи, тестирањето ќе биде на 12 и 13 март во големата сала на општина штип. Доколку нема можност за извршување на сите должности, ќе се прави тоа во некое училиште. Обезбедени се простории за попишувачи, за тестирање, за складирање на материјали и за опремата која ке ни биде доставена. Тоа е се од техничкиот дел за пописот.
Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Љубе Здравков, на панелот на ЦИВИЛ „Попис: статистика да, политика не“ изрази сомнеж за начинот на пописот.
„20 години немаме попис, имаме еден обид пред 10 години и знаеме сите како заврши тој попис, да не навлегуваме во причините. Она што нас како луѓе и функционери и опозиција во државата не кочи и не прави сомничави е начинот на остварување на целата оваа постапка. Можеби вие како граѓанска иницијатива малку доцните со ваков настан. Злоупотребата на европското знаме и донесување закон по скратена постапка е прва работа која постигнува сомнеж. Нема јавност меѓу граѓаните и во собранието. Се донесува по скратена постапка небаре ни гори под нозете. За ваква операција е потребен консензус, за сите да бидеме задоволни. 10000 потписи и со нив се докажува дека колку и да е добра намерата за попис, толку е и голем и сомнежот. Иако нудевме одредени доработка на текстот на законот ниеден амандман на опозицијата не беше прифатен, повторно сомнеж. Со ова време на нов пик да се организира ваква масовна операција исто буди огромен сомнеж, буди и страв дека и можеби ке дојде повторно до несакани здравствени ситуации. Не помина и предлогог за онлајн попис, но ништо не се прифати. Како сега од тој аспект гледано, реакцијата на власта исто пројавува сомнеж дека нешто не е во ред. Пописот е потребен, никој од опозицијата не е повикан, ни на општинско ни на локално ниво не е повикан на бојкот. Повикот од органите на сдсм да се пријават како попишувачи, добро луѓе сакаме ли да градиме доверба или не? Не знам во иднина како ќе стекнеме еден минимум доверба, да, ние сме комшии и пријатели, но на политичка сцена ние си немаме доверба. Дециден став никој не зазема став дека треба да бојкотира. Ако некој сака да го злоупотреби, нека му служи на честа а тоа во иднина ќе се покаже, изјави Здравков.
Претседателката на Совет на општина, Маријана Рогожарска Поповска, на панел дискусијата на ЦИВИЛ:„Попис: Статистика, не политика“ во Штип вели дека сегашните програми ги прават и се водат според пописот од 2002 година.
„Попис ни е неопходен за да знаеме каде се движиме. Ние имаме факултет во Штип, но немаме статистика колку жители имаме со високо образование, или се со средно.
Опозицијата бара целосно електронски попис, но ние не знаеме колку писмено население имаме, колку знаат да раководат со компјутери. Ние не знаеме колку луѓе се иселени и кои се причините за нивното иселување за да правиме стратегии во иднина.
Со оглед на тоа дека 19 години немавме попис тоа значи дека можни се грешки, но не смееме да се откажеме.
Во 2019 година имавме пилот проект во 13 општини каде се спроведе попис и тоа помина без проблем. Кога ги работиме програмите ние мора да имаме реални податоци“, вели Рогожарска Поповска.
Советничката од ВМРО-ДПМНЕ, Христина Серафимовска на панелот на ЦИВИЛ „Попис: Статистика да, политика не“: – Мојот став е општо познат, и никако со позицијата да се сретнеме. Секој си држи до својот став. Се нема желба за комуникација и разбирање. Ние кажавме дека не сме против попис, но владата секогаш вели дека сме против. Попис е потребен, сите се бориме за да има попис. Тоа како да не е јасно во јавноста или како да се злоупотребува намерно. Дали треба да има попис ради попис или попис за добивање на реални бројки? Ќе има добар дел од населението што нема да се попише од различни причини. Ние не повикуваме директно на бојкот но сакаме да се вложи во корекција на аномалиите и да се вложи во вистински попис, власта не презема ништо да влее доверба. Ние мора да признаеме дека на волку жртви и заболени многу ќе биде логичино некој да не дозволи комисијата да влезе внатре кај него и да се попише. Царовска забранува тренирање на клубови во училишни сали, бидејќи не гарантира дека следниот ден кога ќе има настава, нема да има пренос на вирусот. Има поединци кои на секој попис не сакаат да се попишат. Аномалијата е во дијаспората каде нема доволна информираност. Добар број на земји дека воопшто не е проследена информација за попис на населението, веке луќе имаат испуштено да се попишат. Власта не дозволува одложување барем на неколку месеци, дури и на една година. Што ќе смени неколку месеци или една година кога веќе 20 години немаме попис.
Главниот уредник на ТВ Ирис, Војо Маневски, на панел дискусијата „Попис: Статистика, не политика“ во Штип истакна дека ние како општество сме препознатливи по тоа да донесеме пресуди пред нешто да се започне и пред да заврши.
„Статистиката не може да биде филозофија. Не смее да се политизира. Резултатите од пописот мора да бидат политика, за да се креираат програми и политики.
Како пример, според статистика на гледачи од пописот од 2002 година се плаќа концесија. Како медиум немаме точни податоци колку гледачи имаме. Ние не знаеме дали имаме потреба од 120 пратеника, или 16 министри. Сите тие политики ќе ни зависат од резултатите од пописот.
Како медиуми имаме обврска да пренесуваме вистински информации во врска со пописот. Тоа е нужност, се друго е манипулација и лажни вести. Македонија ќе има потреба да се менува, нема да биде иста после пописот“, вели Маневски.
Директорот на Дом на млади, Горан Трајков на панелот на ЦИВИЛ „Попис: Статистика не политика“. Ние сме политички битија. Ние секој ден вежбаме политика, секој ден донесуваме политички одлуки. Дали тоа е исправно или не, тоа секој сам за себе си носи одлуки. Ако мислиме дека ни е потребен попис, пописот не е консензус, пописот е цензус. Ние сме поставени во ситуација да се попишеме или избришеме. Се заборава дека младите сакаат нешто друго и сакаат нешто различно. Малку поразлично од оваа драма, младите зборуваат многу остро, многу тешко се мотивираат да зборуваат, но кога ке се мотивираат зборуваат многу отворено. Сакаат општество во кое ке бидат слободни и сакаат мир, уморни се од политичките игри. Мораме да ги слушнеме желбите на младите. На каков темел е поставен на ова општество? Не стручни луѓе на стручни места еднакво е на пропаст. Колку градинки ни се потребни во нашиот град, колку училишта во нашиот град и држава? Како ке ги креираме тие политики ако не знаеме колку и какви содржини да направиме за младите но и за повозрасните?
Немаме време за чекање. Да не бидеме баби ванги и да не му кроиме капа на петко. Треба да оставиме пописот да се спроведува од стручните луге, и ако има сомнеж откако ке се заврши пописот со аргументи и докази да се испита.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Махмут: Народниот правобранител утврди дискриминација и бара од МОН да воведе ромски и влашки јазик во „Националната платформа за далечинско учење“
„Убаво е што се организираат хуманитарни акции, меѓутоа тие се краткорочни. Правото е долгорочно, каде што не треба да ги молиме институциите, туку да бараме од институциите да ги извршуваат нивните обврски и ингеренции кои ги имаат. Не бараме нешто што е невозможно, туку бараме само да ги извршат ингеренциите кои се во рамки на националните и меѓународните регулативи кои ги регулираат правата на граѓаните на национално ниво“, истакна активистот Тефик Махмут.
ФЛЕШ ВЕСТИ
СДСМ во својата постапка за избор на кандидати за градоначалници тргнува од анкети, односно го проверува гласот на граѓаните што мислат тие за кандидатите, потоа централата прави селекција, и на крајот се општинските конференции во СДСМ за избор на кандидатите. Ние оваа постапка ќе ја водиме јуни, јули, август, затоа што септември прва половина е кампањата, а прва половина на октомври е првиот круг на изборите.
„Со вчерашното гласање на доверба на Владата се расчистија дилемите наметнати од опозицијата за нестабилно владејачко мозинство“, изјави денеска заменик-координаторот на пратеничката група на ДУИ Арбер Адеми.
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека од Интерпол е добиена информација дека на профили на социјалната мрежа „Тик Ток“ во Русија и Израел се забележани повици за самоповредување на малолетни лица.
СЛОБОДНА ЗОНА
Сашо Орданоски во колумната „Тонч“ пишува: „Кога политичкиот противник ќе ве надигра, фер е тоа достоинствено да му го признаете. А не да цвилите и да се превиткувате како невешт гимнастичар на греда, па да треснете на глава на душекот под вас.
Тоа, отприлика, му се случи вчера на ВМРО-ДПМНЕ (а и на АА/А) во Македонското собрание. Во потег што не се памети во македонската демократска ера, премиерот Заев ги „матираше“ во стилот на политички велемајстор: не само што со гласање за поддршка на довербата во Владата ја расчисти дилемата на која опозицијата инсистира со недели наназад – дека Владата нема мнозинството во Собранието – туку тоа го направи со легалистичка елеганција што не им овозможи на расприкажаните опозиционери ни да зуцнат по тоа прашање“.
Александар Кондев во колумната „НАТО и Русија: Масовното убедување, медиумите и пропагандата“, пишува: „Ако 16,4 отсто на испитаниците на прашањето како би ја оцениле материјалната состојба во вашето домаќинство, одговориле дека ништо посебно не им недостасува и дека не се ограничуваат од никаков луксуз, 42,8 проценти изјавиле дека се однесуваат домаќински и се ограничуваат помалку само од луксуз, а 27,1 внимателно располагаат со парите, тоа е во рамките на стандардот на некои околни и некои подалечни земји, новопримени во НАТО далеку пред нас“.
Петрит Сарачини во колумната „Како ќе познаете началници во медиумите?“ пишува: „Секогаш „први дознаваат“. Тие се предвесници на оркестрирани хајки за плукање и оцрнување на луѓе.
Први се со „ексклузива“ на секое спектакуларно апсење, беља, „спонтан“ протест, медиумска бомба за нечија дискредитација актуелизација или „рехабилитација“…Што мислите, кој им ги кажува тие ексклузиви? И кој кого контролира „во име на јавниот интерес“?
Парадигма за таков началник беше доктор Лаки. А тој за рекордни 24 часа доби пемпеле дека не е началник. Сега пак, на располагање на службашко-политичките мемливи подруми за ширење на алуминиум, лудило, омраза и прогони не се само старите, туку и куп нови и млади началници“.
Д. Муратов