• Latest
Панел дискусија на ЦИВИЛ: Попис: Статистика, не политика, Гостивар/ Фотографија: М. Муриќ, ЦИВИЛ

Преглед на настани: Панел дискусија на ЦИВИЛ – пописот неопходен за креирање на иднината на земјата

March 11, 2021
Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

Графикон на неделата: Европа стана најголемиот купувач на американско оружје додека руската закана расте

November 11, 2025
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
Поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот Реметинец на отслужување на казната. Фото: Љубомир Костовски/Фејсбук

Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

November 11, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: Панел дискусија на ЦИВИЛ – пописот неопходен за креирање на иднината на земјата

March 11, 2021 17:27
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Панел дискусија на ЦИВИЛ: Попис: Статистика, не политика, Гостивар/ Фотографија: М. Муриќ, ЦИВИЛ

Панел дискусија на ЦИВИЛ: Попис: Статистика, не политика, Гостивар/ Фотографија: М. Муриќ, ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ:  Панел дискусијата на ЦИВИЛ „Попис: Статистика, не политика“ во Гостивар

На панел дискусијата на  ЦИВИЛ „Попис: Статистика, не политика“ во општина Гостивар учествуваа  Арбен Таравари, градоначалник на Општина Гостивар, Бесим Мемеди, претседател на Совет на Општината, Зоран Ангелов, координатор на советничка група на СДСМ, Марјан Силјаноски, советник од ВМРО-ДПМНЕ. Панелот го модерира Џабир Дерала, ЦИВИЛ.

Во согласност со мерките за заштита од Ковид-19, панел дискусијата се одржа без публика, но ќе биде пренесувана во живо на Фејсбук страницата на ЦИВИЛ. 

Градоначалникот на Општина Гостивар, Арбен Таравари, се осврна на тоа да се искористи можноста да се попише населението, бидејќи ни требаат точни бројки.

„Јас ќе почнам прво како граѓанин, државата мора да има и добро е да има попис бидејќи од 2002 немало друг попис, иако почнаа во 2011 но не се разјаснети причините зошто се стопираше тој процес. Како градоначалник многу ми е битно да се спроведе пописот бидејќи имаме училишта градинки патишта и други работи кои планира да се спроведат тие работи, но мора да се преброиме колку сме за да знаеме како да планираме понатамошно повеќе градинки, училишта. Треба да се видат по селата колку граѓани има и да планираме тие деца каде да учат“, рече Таравари.

„Мора да знаеме колку сме за да можеме да се развиваме. Не смее на ниеден попис да му се даде политичка конотација. Пописот ќе каже колку се дома колку се во странство повеќе од 12 месеци. Отселувањето на младите кадри за жал е многу големо и затоа мора да знаеме колку се отселени, на која возраст се и образованието нивно да го видиме. Во графата за етничка припадност секој ќе се попише како се чувствува“, изјави Зоран Ангелов, координаторот на советничката група на СДСМ.

„Кога почна пописот за дијаспората, граѓаните од надвор ме контактираа дека пописот е почнат многу хаотично. Ние помагаме како политичка партија да има успех во пописот за граѓаните што живеат надвор“, вели Бесим Мемеди, претседател на Совет на Општина Гостивар.

„Пописот е од суштинско значење, единствено што како партија не се согласуваме е да се одложи поради здравствената гледна точка“, додаде Марјан Силјаноски, советник од ВМРО-ДПМНЕ.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Симовски: Пописот би се одложил само ако Комисијата за заразни болести процени дека не е безбедно да се спроведе

“Единствените коишто можат да предложат одложување на пописот поради Ковид е Комисијата за заразни болести, ако оценат дека ситуацијата е таква да не може да се контролира, треба да дадат препорака до Владата за да се донесе таква одлука… aко даде препорака, оди во процедура, на Кризниот штаб, па на Влада. Меѓутоа за да ние евентуално одложиме треба на крајот да се промени и Законот, што значи измена на законското решение, а тоа е огромна процедура#, изјави Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика во изјава за медиумите.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Судскиот совет донесе одлука за разрешување на судијката Софија Лаличиќ поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција и истовремено донесе Одлука со која времено се оддалечува од вршење на судиската функција до правосилно завршување на постапката.

Христијан Мицкоски со „ургенции“ кај меѓународниот фактор во земјата за одложување на пописот. Како главна причина ја наведува состојбата со Ковид-19 во земјата.

Промовиран Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување „Шанса за сите“ во износ од 1,5 милијарди денари, а со него ќе бидат опфатени 10.279 лица

„Два принципи имаме како и секогаш кога станува збор за вакви набавки, а тоа се внимателност и регуларност. Апсолутно ги отфрлам сите обвинувања кои овие денови ги имаше во дел од медиумите дека станува збор за некакви нерегуларни, незаконски постапки, дека станува збор за некакви провизии“, изјави министерот за здравство ,Венко Филипче, во врска со набавката на кинеските вакцини.

Антикорупциската комисија на денешниот колегиум донела одлука со која ќе почнат постапка на прибирање на податоци и информации за да утврдат кои се основите за постапување на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) во случајот со постапката за набавка на вакцини од кинескиот производител Синофарм.

Република Северна Македонија годинава ќе се приклучи во 10–тиот бран на Европското општествено истражување – ЕОИ (European Social Survey – ESS), сеопфатна компаративна анкета која што првпат ќе се спроведе во нашата земја.

Демант од ВМРО-ДПМНЕ на објавата на Каракачанов за бугарски пасоши на партиски функционери

СЛОБОДНА ЗОНА

„За да ја задолжиш државата со 800 милиони евра, со издавање на еврообврзница, не е потребна ниту  „неисцрпна работа на професионална администрација во министерството за финансии”, ниту толку „стабилна политичка клима и релаксирани меѓуетнички односи”,  ниту инвеститорите нашата економија да ја сметаат за „нискоризична”, услови што, според министерот, постојат во Македонија“, поентира Џевдет Хајредини. 

„Овој текст не е за утеха, туку само обид за констатирање на дел од фактите за корупцијата во време на пандемија и неколку други тешки состојби што ги придружуваат. Не грижете се, секогаш е отворена можноста да биде и полошо… Но на крајот од овој напис ќе откриете и светлина во тунелот (ве молам, прочитајте до крај)“, го започнува денешниот рафал Џабир Дерала „Да се качиме на чамецот… Или не?“

„Со секоја објава на (потенцијална) афера – а неделното производство на скандали на нашава политичка сцена се одвива со дневно-политичко темпо со кое тешко се носат и „Нијагарините водопади“ по социјалните мрежи – Владата, опозицијата, невладините организации, медиумите и разно-разните „напатени“ поединци некако „по автоматизам“ ја повикуваат ДКСК „да го испита случајот“. Тоа, од една страна, е комплимент за работата на ДКСК, но и многу силен притисок за „развлекување“ на нејзините ограничени капацитети и овластувања во пресретнувањето на јавниот сентимент дека сè е сомнително и сè е корумпирано“, вели Сашо Орданоски во денешната колумна „Ќе ја фатат ДКСК на кондиција…“

„Во момент на ретроспектива на политиката и водење на државата, се сфаќа дека демократскиот систем сè повеќе го водат пари, мускулна моќ, индивидуална алчност и нескриени амбиции на политичките претставници кои се на своите места, значи со борбата против корупцијата се почнува од Владата како што и неодамна најави вицепремиерот Николовски. За која народот сака и чека остварување на ветувањата и подигање на свеста на реченицата “законот важи за сите исто”, пишува Сефет Зеќири во „Функционирање на системот – закана за корупцијата“.

Б. Ј.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ