• Latest

Преглед на настани: Поддршка од Словенија за членство во ЕУ, кривична пријава и суспензија за полицајците во Битола, попис во 2021 година…

September 25, 2020
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: Поддршка од Словенија за членство во ЕУ, кривична пријава и суспензија за полицајците во Битола, попис во 2021 година…

September 25, 2020 16:43
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Пахор: Ќе продолжи словенечката поддршка на патот кон полноправно членство во ЕУ

Република Словенија ќе продолжи да Ве поддржува на патот кон полноправно членство во Европската Унија и на тој пат не треба да постојат неправедни условувања кои ќе го кочат процесот, истакна словенечкиот претседател Борут Пахор на денешната средба со претседателот на Собранието Талат Џафери.

Пахор изразил огромна благодарност за можноста за размена на мислења и за обраќање пред пратениците во Собранието, како израз на пријателство и градење сојузништва особено во тешки и непредвидливи времиња.

Тој, како што се наведува во соопштението од собраниската прес-служба, ја поздравил државничката мудрост на претходната влада и собраниското мнозинство за надминувањето на сензитивни и тешки билатерални прашања со соседите. Истовремено, му посакал успех на Џафери во текот на мандатот и во донесувањето на претстојните стратешки одлуки за кои, како што рече, ќе биде потребно поголемо општествено обединување.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ 

Зелена анкета: Проблемот е во невработеноста на младите, останатото сè се решава

Зелена анкета: На локално ниво граѓанките и граѓаните незадоволни од зелените политики

ФЛЕШ ВЕСТИ 

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека нема да има ново одложување на пописот, тој ќе се спроведе во април 2021 година.

Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска се обрати на онлајн регионална конференција насловена како „Време на предизвици – кохезија на Берлинскиот процес и европските интеграции на Западен Балкан“ каде истакна дека граѓанските организации треба да бидат вклучени во преговорите со ЕУ.

Франција гледа капацитети во Северна Македонија за европските интеграции. Важно е нашата држава да го задржи курсот напред на евроатлантскиот пат, било посочено на средбата меѓу премиерот Зоран Заев и францускиот амбасадор во заминување Кристиан Тимоние.

Поведена е кривична пријава против еден полициски службеник од Битола, кој вчера брутално нападна Ром во Битола. Тој заедно со уште еден негов колега кој бил присутен за време на инцидентот ќе бидат суспендирани, објави попладнево министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска имаше средба со нејзиниот словенечки колега Матеј Тонин, кој како дел државната посета на претседателот на Словенија, Борут Пахор, престојува во официјална посета на нашата држава.

Скопскиот градоначалник  Петре Шилегов на вчерашното затворање на фестивалот „Синедејс“, што се одржа на зелениот покрив на Градскиот трговски центар-ГТЦ, го повика претседателот Стево Пендаровски заедно да го уредат покривот на овој култен објект во Скопје.

Министерството за труд и социјална политика информира дека во тек е третата и последна дополнителна исплата на правата од социјална и детска заштита за месец 08/2020 година.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Ѓупска работа, возат пијани, а што да згазеа некое дете“, „Што си бараа тоа си најдоа“, „Еве ви дојде живот, сега нека ве тепаат“, „За кило салама ги гласавте, сега џигерот ќе ви го скинат од ќотек“, „Хитлер врати се“… ова се само дел од коментарите на социјалните мрежи по објавување на видеото во кое полициски службеници брутално тепаат Роми во Битола.

Дел од тие што коментираа(т) и го споделуваа(т) видеото со полициската бруталност се обидоа да ја насочат вината кон актуелната власт, дека тоа се случува само сега со Амин од државата. Оние што ги влечеле во минатото „циганите за уши“, денес им се ситат дека „им дојде живот на Ромите“ и дека самите си се виновни оти гласале за оваа власт. Но, да не се лажеме, полициска бруталност имало од секогаш!“, пишува Дехран Муратов во колумната „Roma lives matter!“.

„Слушам и читам, некои музичари, уметници се жалат јавно дека оваа власт правела „црни листи“ на уметници ?! Гледам дека истите тие уметници добиваат проекти од државата, шетаат и настапуваат во странство со поддршка од државата, организираат манифестации со буџетски пари, настапуваат на концерти финансирани од државата…а биле на „црни листи“?!
Да ви кажам лепотани и лепојки мои, што е да се биде на „црна листа“, ако сте заборавиле, а очигледно многумина заборавиле.“, пишува Петрит Сарачини во колумната „Црни листи“ за музичарите и уметниците?!“
А. Петровска 
Share37Tweet23Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ