• Latest

Преглед на настани: Позитивни оценки од Извештајот на ЕК, предлог за попис влезе во Собрание…

October 8, 2020

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: Позитивни оценки од Извештајот на ЕК, предлог за попис влезе во Собрание…

October 8, 2020 17:01
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Маричиќ: Позитивните оценки од Извештајот на ЕК да ги користиме како мотивација да направиме уште повеќе

Министерот за правда Бојан Маричиќ на денешната прес конференција изјави дека последниот извештај на Европската Комисија, за предокот на Република Северна Македонија, претставува најсилен доказ за посветеноста на Владата да ја трансформира државата по европски терк и да овозможи еднаков пристап до правдата, еднакви можности за сите и еднаквост пред законот.

„Во извештајот ни дадоа признание за добриот напредок на реформите во правосудството, како и во борбата против корупцијата. Воедно и се констатира усогласеност на законската рамка за заштита на човековите права со европските стандарди во најголема мера. Зголемени се напорите на нашата земја и остварени се видливи резултати како во судството, така и во борбата против корупцијата и организираниот криминал“, изјави Маричиќ.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на Глобалниот безбедносен форум „ГЛОБСЕК 2020“ во Братислава, на тема „Западен Балкан по Ковид-19“.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

ЦИВИЛ Медиа разговараше со градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, во поглед на европските перспективи на Северна Македонија, придонесот кон евроинтеграциите на самата општина, како и за очекувањата од локалните избори.

 

ЦИВИЛ ги повикува сите граѓанки и граѓани да ги посетат инфо – штандовите во Велес, Градско, Росоман, Кавадарци и Неготино посветен на промоција европските вредности и интеграции.

Граѓанките и граѓаните заеднички со тимот на ЦИВИЛ, во рамки на проектните активности на „Европа е наш дом“, во директна комуникација, ќе имаат можност да ги споделат своите размислувања и ставови во однос на демократските процеси во земјата и да бидат дел од креирањето на јавното мислење на локално и национално ниво, утре, 9 октомври, почнувајќи во Велес во 10:30 часот.

Поранешниот амбасадор на нашата земја во Хрватска, Махи Несими, поднел приватна тужба за отштета за, како што вели, последиците и неправдата која му ја нанесе лустрацијата спроведена во време на режимот, а која потоа се поништи со закон во Собранието на Република Северна Македонија.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Владата до Собранието испратила предлог закон за попис и тоа во идентична форма како што беше во собраниска процедура во претходниот парламентарен состав. Министерот за правда Бојан Маричиќ очекува за законот поддршка да даде и опозицијата и тој да биде донесен навреме со цел пописот да се одржи во април наредната година.

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров денеска оствари видео-конференциска средба со австриската министерка за Европа, Каролине Едштадлер, на која беше реафирмирана силната поддршка на Австрија за нашите евроинтеграции.

ОБСЕ/ОДИХР излезе со своите наоди и заклучоци од текот на предвремените парламентарни избори одржани на 15 јули, оценувајќи ги како ефективни, со оглед на пандемијата со Ковид-19, негативниот тон на кампањата, техничките предизвици на денот на изборите, како и недостатокот на критички осврт кај медиумите.

Џафери како сведок за „27 април“: Вељановски работел според деловникот, без техничка можност за исклучување на пратениците од говорница.

На Јутјуб каналот Fenix A1 се објавени две нови „бомби“, телефонски разговори меѓу поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, Никола Груевски и Љупчо Шврговски, поранешен обвинител, како и и меѓу Драган Павловски Латас и  тогашниот директор на УЈП, Горан Трајковски, за политичката позадина за затворањето на А1 телевизија, пренесува НоваТВ.

СЛОБОДНА ЗОНА

Сашо Орданоски во колумната „Мицкоски и Заев на полноќ се степале во ноќен бар!“, пишува: „Штета е што во нашиот интегративен процес кон ЕУ културата ја нема никаде. Јас да се прашувам, реформите и развојот на овдешната култура би ги ставил во политичките критериуми за влез на Македонија во Унијата, заедно со критериумите за реформите на судството или борбата со корупцијата и организираниот криминал. Нема правда и закон без критичка мисла и граѓани со ментален интегритет, а тоа не се обезбедува, туку само се проверува низ судници и полициски станици.

Е, тогаш, измислениот наслов на оваа колумна би можел да биде и точен: Заев и Мицкоски се степале за време на дебатата во ЈАДРО за важноста на алтернативната култура за тоа кој ќе седне на последното слободно столче во преполнетата сала“.

Поентира Џевдет Хајредини: „Извештајот од ЕК е јасен во однос на сеприсутната корупција“ – Невозможно е да се осигури решавање на предметите што произлегуваат од нелегалните прислушувања, како што се бара во Извештајот на ЕК, кога се знае дека во Македонија, за да се штитат високи државни и партиски функционери на власт, со закон е забрането објавувањето на снимените разговори.
Д. Муратов

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ