• Latest
Добро утро со Орданоски

Мицкоски и Заев на полноќ се степале во ноќен бар!

October 8, 2020

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: руската агресија против Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Мицкоски и Заев на полноќ се степале во ноќен бар!

October 8, 2020 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Добро, де, насловот на овој текст е лажна вест. Ама затоа денеска има шанса да биде најчитаната содржина во македонскиот виртуелен свет. А со тој наслов – можев да ве „заведам“ и со стручна рецензија на ботоксираните гради на Кардашијан или со задникот на Цеца, на пример – сакам да ви „прошверцувам“ еден осврт кој, инаку, ни десет отсто од вас не би го прочитале, да не е скандалозното заглавје. Имено, се работи за вчерашното отворање на првиот културно-социјален простор во Скопје кој е резултат на јавно-граѓанското партнерство во областа на културата меѓу општината Центар и Асоцијацијата на независна културна сцена ЈАДРО.

Бидејќи: „Со тоа сакавме да покажеме дека се можни и поинакви начини на дејствување, содружништво и органско поврзување. Општество кое не сака да ја види важноста на ваквите, независни, критички колективи и кое не сака да ја верификува нивната вредност, не може да го има предзнакот демократско“, вели драгоцената Искра Гешоска, првата претседателка на ЈАДРО. Таа уште додава дека оваа пионерска институција, за чие отворање беа потребни повеќе години (!), „покажува дека соработката помеѓу граѓанскиот сектор и локалната самоуправа може да биде проникнувачка и оперативна, а не само флоскула која ќе остане мртво слово на хартија, популистички акт кој има рок на траење како на еден билборд“.

Оние што стигнале со читањето на оваа колумна до овде можеби го прават тоа и заради разбирањето дека не е сè во Македонија само корона, СДСМ, ДУИ и ВМРО… Има живот и после смртта на сивите мозочни ќелии потрошени на македонското политичко секојдневие. А, всушност, оваа соработка помеѓу општина Центар и ЈАДРО е поголема политика и поважна тема за опстанокот на нашата демократија, од дневната дијареа од партиски соопштенија. Ако успее центаров на ЈАДРО да стане средиште на динамична, локална, алтернативна културна сцена – а, нема зошто да не успее – тогаш сме веќе во срцето на смислата на демократијата која е секогаш, во крајна линија, локална, која треба да опстанува и да се развива без секојдневниот „надзор“ од државата чиј „природен“ нагон е да ја задушува критичката мисла.

Штета е што во нашиот интегративен процес кон ЕУ културата ја нема никаде. Јас да се прашувам, реформите и развојот на овдешната култура би ги ставил во политичките критериуми за влез на Македонија во Унијата, заедно со критериумите за реформите на судството или борбата со корупцијата и организираниот криминал. Нема правда и закон без критичка мисла и граѓани со ментален интегритет, а тоа не се обезбедува, туку само се проверува низ судници и полициски станици.

Е, тогаш, измислениот наслов на оваа колумна би можел да биде и точен: Заев и Мицкоски се степале за време на дебатата во ЈАДРО за важноста на алтернативната култура за тоа кој ќе седне на последното слободно столче во преполнетата сала.

Убавина!

(И, не жалете премногу што ја „голтнавте“ оваа колумна заради насловот… Ви благодарам што одвоивте три минути за македонската култура!)

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Тесктот е личен став на Авторот.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ