• Latest

Преглед на настани: „Рамковистите“ кои седеа дома ќе почнат со работа, измена во Законот за лекови, жените од Шуто Оризари сè уште без матичен гинеколог

January 22, 2021

„Политичко насилство“ во Куманово: Кандидат на ЗНАМ нападнал членови на штабот на СДСМ!

October 16, 2025
Професор Александар Љ. Спасов, панел дискусија „Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија“(Фото: ЦИВИЛ)

Спасов: Ако сакаме интегритет на изборниот процес, време е да се надминат тесно партиските интереси

October 16, 2025
Тони Поповски, панел „Демократско назадување: Импликации и последици“, Скопје, 9 октомври 2025
Фотографија: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Поповски: Клиентелизмот е сржта на уназадувањето на демократијата

October 16, 2025

Рускитe злосторства продолжуваат: Терор со студ и темнина

October 16, 2025

Навреди во Битола: Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја прогласи ‘нусето Габриела’ за умрено!

October 16, 2025

Хакери ја „срушија“ МРТВ? Наместо вести и политика – кулинарска емисија и филм!

October 16, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ привремено ги прекинуваат блокадите, очекуваат фер, транспарентно и непристрасно судење

October 16, 2025

Орданоски: Либералната демократија се распаѓа под тежината на сопствените митови

October 16, 2025
Ленче Ристоска. Фото: МЕТА.МК

Ленче Ристоска побара јавно извинување од ВМРО-ДПМНЕ за притисокот и заплашувањето бидејќи како обвинителка, постапува по два предмети во кои е инволвирана партијата

October 16, 2025

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани почнува на 19 ноември

October 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: „Рамковистите“ кои седеа дома ќе почнат со работа, измена во Законот за лекови, жените од Шуто Оризари сè уште без матичен гинеколог

January 22, 2021 16:43
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Административците кои немаа работни места се распределени, до крајот на јануари треба да почнат да работат

Заокружен е трансферот на административните службеници вработени преку програмата К-5 во Министерството за политички систем, така што 1.349-те службеници, претежно економисти и правници, но и кадар со средно образование, се распределуваат во 237 институции, органи на државната и локалната самоуправа и други државни органи, пренесува МИА.

Првиот вицепремиер и министер за политички систем во Владата Артан Груби на денешната прес-конфереција соопшти дека листата на лица кои не беа распределени на работни места е прочистена, дека се направени претходни проверки и веќе се доделени некои отказни решенија, а некои лица сами поднеле барање да им се раскине договорот.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Филипче: Измената во Законот за лекови доаѓа по барањето на „Фајзер“ кое е на глобално ниво

Измената во Законот за лекови доаѓа после специфичното барање на компанијата „Фајзер“ кое го донесоа на глобално ниво, а тоа е за конкретниот продукт, односно вакцината против Ковид-19. Немаат обврска да прават никакви договори со локални компании, туку самите да аплицираат во надлежните институции во секоја од државите, како претставништво од надвор, од странство, за да направат регистрација на продуктот, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Тоа, додава Филипче, воопшто не е пречка вакцината да дојде во земјата, и тоа било разговарано и со претставниците на „Фајзер“ заради тоа што, како што рече, во нашиот Закон има механизми кои се користеле и претходно и за вакцини и за други препарати да се внесат со т.н. интервентен увоз.

– Не може да има регистрација во ниту една од земјите затоа што продуктите се нови, не е тоа возможно да се очекува, ниту пак има потреба бидејќи документите што се даваат за интервентен увоз се сосем доволни заради тоа што ние со тоа се обезбедуваме дека целата постапка на правење на вакцината, контролите во матичните земји каде се направени, контролите од меѓународните лаборатории, сертификатите за квалитет се тоа со што се осигурува квалитетот, рече Филипче.

Жените од Шуто Оризари прашуваèат: Кога ќе имаме матичен гинеколог во нашата општина?

Салија Беќир Халим за ЦИВИЛ Медиа изјави дека уште во октомври минатата година министерот за здравство, Венко Филипче, информираше дека жените од Шуто Оризари ќе добијат гинеколог, односно д-р Божидар Бошковски кој е искусен гинеколог, ќе им биде на располагање на сите пациентки од оваа општина.

„Иако Министерството за здравство најави отворање на нова гинеколошка ординација, истата се уште не е отворена и репродуктивното здравје на жените од нашата општина веќе подолго време е ставено во ризик. 8.000-13.000 жени во репродуктивен период немаат матичен гинеколог во Шуто Оризари, иако сме на сред пандемија со ковид-19 откако пред една година гинекологот ја затвори својата гинеколошката ординација. Прво ни беше кажано дека ќе се отвори гинеколошката ординација од 1 декември 2020, па потоа на почетокот на јануари во 2021 година, но еве скоро помина цел месец ние се уште немаме гинеколог“, вели Салија Беќир.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров денес ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ (acquis) како еден од најважните предуслови на Северна Македонија за членство во Европската Унија, соопштува Секретаријатот за европски прашања.

Нема план Б, целта е пристапување на Северна Македонија во Европската Унија. Оптимист сум. Сега следува усогласување на Преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција, што всушност ќе го отпочне самиот процес на преговори, изјави амбасадорот на Европската Унија во земјава Дејвид Гир во интервју за МИА.

Министерството за образование и наука соопшти дека дебата за предложените реформи во основно образование денеска е организирана со академици од Одделението за општествени науки на Македонската академија на науките и уметности (МАНУ), на која присуствуваа министерката за образование и наука и заменикот, Мила Царовска и Арафат Шабани, членовите кои работеа на развој на концепцијата и претставници од Бирото за развој на образованието.

Реформата треба да се поддржи и е неопходна што побргу зашто се работи за најзначајно прашање – основното образование, кое е база на целиот образовен систем, сметаат членови на Одделението за општествени науки и на Центарот за стратегиски истражувања во МАНУ, според кои е нормално да има различни ставови, а и тие имаат свои сугестии за подобрување на концепцијата и нив ги изнеле денеска на средбата со министерката Мила Царовска и со членовите на работната група кои го изработија нацрт-документот.

Управата за јавни приходи известува дека во текот на февруари, 2021 година ќе се врши исплата на дел од ДДВ на граѓаните кои скенирале фискални сметки преку апликацијата МојДДВ во четвртото тримесечје од 2020 година односно за месеците октомври, ноември и декември 2020 година.,

„Консултативната работна група, формирана да го надгледува процесот и да дава предлози за подобрување на пристапот до квалитетни услуги за ран детски развој, особено за децата од социјално загрозени средини, го одржа својот прв состанок, кој поради превенција и заштита од Ковид-19 се одржа онлајн“, соопштува Министерството за труд и социјална политика.

СЛОБОДНА ЗОНА 

„И сега, откако Законот за попис е веќе усвоен, не ми е сосема јасно заради што би биле повиците за негов бојкот: во прашање се здравствени грижи во однос на епидемијата или мотивите се „чисто“ политички (страв од резултатите, сомнеж во методологијата и подготвеноста на администрацијата, општа злоба и желба за поткопување на власта…)? Бидејќи, разбирам, ако е референдум или кога се избори во прашање, дека зад тоа секако стои некаква политичка агенда кон која може да се има, макар и погрешен, политички став за бојкот – но, зошто е операција за спроведување попис прашање што треба да се третира како партиски проект или некаков меѓупартиски „заговор“ на власта насочен против… (изберете одговор)?“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Со топовска завршница и по муви и по слонови“.

„Собранието го донесе законот за одржување на пописот. Сега ќе следат тиради за неговата пропусност за лажни податоци. Како ќе се одвива според методологијата на заводот за статистика допрва во следните денови ќе видиме, важно е дека опозицијата веќе го оквалификува како основа за невистинити податоци и таквите нема да ги признае. Кој член и од кој закон го овозможува тоа не добивме стручна експликација. Она што јавноста повторно го осозна, по којзнае кој пат, е дека законот дозволува политичка трговија меѓу партиите на власт. Штом нема партиски консензус, законот не е добар. Се навикнавме дека за секоја одлука во државата мора да има партиски консензус. Триесет години Европа нѐ советува дека одлуките треба да ги градиме низ нивно консензуално формирање. Ама дека за сѐ треба партиите да се договараат, таков совет не се сеќавам дека сме добиле. А и недостатокот на консензуално градење на став не значи дека, кога законот се донесе по процедура пропишана со Устав и Закон, истиот не треба да се почитува“, пишува Војо Маневски во колумната  „Попишување, упишување, отпишување“.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    162 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ