ВЕСТ НА ДЕНОТ: Земјите од Западен Балкан во Софија потпишаа декларации за Заеднички регионален пазар и Зелена агенда
Лидерите на земјите од Западен Балкан, учесници на денешниот Самит во Софија во рамките на Берлинскиот процес, денеска ги потпишаа Декларацијата за заедничкиот регионален пазар за подлабоката регионална економска интеграција и за чекор кон единствениот пазар на ЕУ, и Декларацијата за зелената агенда, кои се изработени и усогласени во годината кога со процесот ко-домаќини се Република Северна Македонија и Република Бугарија.
Во Декларација на лидерите на земјите од Западен Балкан за заедничкиот регионален пазар обединувачката заложба е трансформацијата на регионот во склад со правилата и стандардите на ЕУ, а со цел да се зајакне конкурентноста на регионот за да се приближиме до стандардите на единствениот пазар на ЕУ. За оваа на Самитот во Софија е донесен и Акциски план со конкретни чекори кои на регионалниот пазар ќе му обезбедат да се интегрира во ланците на европскиот и светскиот пазар.
Во поддршка на реализацијата на оваа цел клучна улога има сеопфатниот Економски и инвестициски план за Западен Балкан за проекти во производните сектори и одржливата инфраструктура, како неопходен придонес за да се дефинира заедничката иднина на регионот во ЕУ за просперитет на граѓаните и компаниите, кои се залагаат да ги уживаат истите слободи како компаниите и граѓаните во Европската унија.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Заев: Заедничкото домаќинство на Берлинскиот процес работеше на спроведување на бројни активности насочени кон соработката
Во Софија денеска започна лидерскиот Самит за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес, на кој оваа година ко-домаќини се Република Бугарија и Република Северна Македонија.
„За мене, а верувам и за сите нас, ова е доказ дека регионот силно го прифати овој процес за свој. Истовремено, тоа обезбедни извонредна платформа за понатамошно негување на нашите односи. Овој Самит се случува во времиња на пандемија и сите ние се бориме со огромни предизвици за заштита на нашите граѓани и спречување на тешки економски нарушувања. Во такви околности, заедничкото домакинство на Берлинскиот процес во изминатите неколку месеци работеше на спроведување на бројни активности насочени кон одржување енергична соработка во многу области и на остварување на видливи и опипливи резултати“, истакна Заев на прес-конференцијата на Самитот за Западен Балкан во рамки на Берлински процес.
ЦИВИЛНИ ВЕСТИ
Признанието на Тодоров, бугарскиот пораз и лошиот ракопис од врвот на лудилото
скенира: ЏАБИР ДЕРАЛА
ГОЛЕМИНА И МУДРОСТ Физичката големина и величината се две различни работи, а како што се покажа со последните постапки на Бугарија, знаат да бидат и дијаметрално спротивни. Апсурдното однесување на Софија ѝ пружи одлична шанса на македонската политика уште еднаш да манифестира големина и мудрост.
ФЛЕШ ВЕСТИ
Германската канцеларка, Ангела Меркел денеска ја поздрави конференцијата на состанокот во Софија, упатувајќи охрабрувачки зборови до премиерите на Северна Македонија и Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов.
Остануваме посветени на наоѓање решение и работиме заедно како добри соседи посветени на заедничката европска иднина, порачуваат од Владата по денешните средби во Софија.
Во собраниска процедура законски измени за задолжително пензионирање на 64 години.
Работодавачите може да поднесуваат барања за мерката исплата на плати на вработените за октомври.
Стево Пендаровски: Создавањето на Европа обединета во мир е еден од најзначајните политички проекти на нашето време.
Засега нема потреба од воведување полициски час, рестриктивните мерки што се досега донесени се доволни, и ако се почитуваат ќе дадат резулат во следниот период, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
СЛОБОДНА ЗОНА
„Објавената неофицијална дипломатска нота (нон-пејпер) од Берлин ја соголува бугарската меѓународна позиција како сосема неодржлива во авантурата со нивното билатерално вето за македонската ЕУ интеграција. Нервозата кај г-ѓа Захариева, со дополнителни радикални изјави „по темата“, само го потврдува тоа. Од вчера, тој нон-пејпер е пренесен во сите балкански и евро-интегративни дескови во надлежните министерства на земјите-членки на ЕУ. Впечаток е, најблаго речено, дека тоа нема да ѝ помогне на Софија во објаснувањето пред европските партнери на своите тврди антимакедонски позиции“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Види, богати, пристоен некој нон-пејпер“.
„И како единки и како колективитети, ние некаде припаѓаме. Сите без исклучок. Посебно во овој се по глобален свет. И тоа од мали нозе до највозрасни возрасти. Во училишниот клас бевме, а и сега денешниве деца се единки во колективот. Во извидничките, скаутските одреди, во средите училишта и на факултетите, во работните ангажирања во компаниите, во спортските клубови и спортските терени и во културно уметничките друштва. И како дел од колективот и се до публика на трибините на спортските терени или на концертите или на татарските престави или на верските обреди во црквите или во џамиите, сеедно. Секој посебно со своите погледи, убедувања, страсти, карактери и во организираниот колектив и во толпата, сепак природно, секој си е свој и единечно посебен“, пишува Зоран Иванов во колумната „Република Северна Македонија – едно општество за сите“.
А. П.