• Latest

Преглед на настани: Земјотрес во Хрватска, дисциплински постапки за пет јавни обвинители, ЦИВИЛ објави електронска верзија на „Протест(и)“

December 29, 2020

DDGI им се придружи на светските лидери и мислители на инаугуративниот глобален форум во Лугано

November 11, 2025
Војо Маневски

Буџетот се планира, ама треба и да се полни

November 11, 2025
Knesset, Death penalty bill Israel
Source- screenshot
ILTV Israel News

Израел пред нови поделби: закони за смртна казна и контрола на медиумите

November 11, 2025

Две американски компании од автомобилската индустрија ги затвораат фабриките во Северна Македонија

November 11, 2025
Последиците од нападот со руски дрон врз Днипро, доцна на 16 април 2025 година. Фото: Борис Филатов/Телеграм

Милиони Украинци се соочуваат со темнина и студ по еден од најголемите руски напади врз енергетската инфраструктура

November 11, 2025

Европарламентот ја поддржа целта за намалување на штетните емисии за 90 отсто до 2040 година

November 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Се подготвува нова разузнавачка единица во ЕУ под водство на Урсула фон дер Лајен

November 11, 2025
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: Земјотрес во Хрватска, дисциплински постапки за пет јавни обвинители, ЦИВИЛ објави електронска верзија на „Протест(и)“

December 29, 2020 17:22
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Земјотрес од 6,3 по Рихтер ја погоди Хрватска

Силен земјотрес со интензите од 6,3 степени по Рихтеровата скала е регистриран во Хрватска во 12.20 часот. Епицентарот е  во близина на Петриње, 45 км југоисточно од Загреб.

Во Загреб е предизвикана материјална штета и голем дел од градот е без струја.Подоцна беа регистирани уште два големи потреси од околу четири степени по Рихтер. Тоа е втор силен земјотрес што го погоди Загреб во оваа година, првиот се случи на 22 март.

Петриња и Сисак претрпеа најмногу штети во разорниот земјотрес што денеска ја погоди Хрватска.Главнот град Загреб исто така претрпе големи штети.

Владата денеска донесе одлука да испрати финансиска помош од шест милиони денари во Хрватска по силниот земјотрес од 6,4 степени по Рихтер во Петриња. Веста на Фејсбук ја соопшти премиерот Зоран Заев.

– Солидарноста е првиот порив во овие моменти и ќе пружиме помош согласно потребите. До премиерот Андреј Пленковиќ и до сите хрватски граѓани погодени од земјотресот упатувам силна поддршка. Во име на сите граѓани на Северна Македонија изразувам сочувство за жртвите, напиша Заев на Фејсбук.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ 

Дерала: Политичката корупција и финансирањето на политичките кампањи е еден од најсериозните проблеми со кои се соочуваме

Книгата „Протест(и)“ од Александар Кондев и Златко Теодосиевски од денеска достапна и во електронска форма на медиумската платформа на ЦИВИЛ

Книгата „Протест(и)“ е заедничко дело на фотографот Александар Кондев и авторот Златко Теодосиевски и во неа се сместени фотографии и текстови настанати во времето на Шарената револуција. Ова дел е овозможено со финансиска поддршка од Министерството за култура и Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Со оглед на фактот дека книгата е со тираж од само 150 примероци кои нема да се продаваат, туку бесплатно ќе се делат, ЦИВИЛ побара дозвола од авторите да ја објави во електронска форма (ПДФ), се разбира, исто така бесплатно на интернет порталот Цивилмедиа.мк, како и на веб страницата Граѓански објектив.

Линк до книгата „Протест(и)“

ФЛЕШ ВЕСТИ 

Реформите во јавниот радиодифузен сервис и медиумски реформи се започнати, но не исполнети, се наведува во денеска презентираниот финален сумарен извештај од набљудувањето на исполнувањето на реформските приоритети од областа на медиумите, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис преку проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“.

Пред собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница вкупно 44 пријавени кандидати, за објавениот оглас за седум членови во Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, го почнаа нивното претставување и образложвуање на нивните биографии.

Професори од Природно-математичкиот факултет прават проценка за опремување на кабинетите по природни науки во основните училишта согласно со реформите со новата Нацрт-концепција за основно образование, соопшти Бирото за развој на образование, чии претставници вчера учествувале на онлајн-состанок со раководители и професори од институтите на ПМФ, на кој се дебатирало за Нацрт-концепцијата за реформите во основно образование.

Оваа година водевме дисциплински постапки против пет јавни обвинители кои сториле повреди во текот на работењето, рече државниот јавен обвинител Љубомир Јовески на денешната онлајн средба со новинарите.

Државната комисија за спречување на корупцијата на денешната 45-та седница го усвои годишниот план за проверка на имотната состојба и интереси за претстојната 2021 година, кој ќе се реализира во три квартали и ќе бидат опфатени градоначалници, судии и функционери.

СЛОБОДНА ЗОНА 

„Вистинско чудо е како СДСМ сè уште води во анкетата на Телма/МЦМС, макар и со минимална предност, пред ВМРО-ДПМНЕ, со оглед на целата општествено-економска катастрофа што се истури пред прагот на оваа власт во последната, оваа, година. Не познавам никого кој не е од нешто незадоволен годинава, а сите се, во помала или поголема мера, подуплашени за сопствената (благо)состојба, за своите блиски и за општите состојби во државата. Не знам дали е некаква утеха што истото се случува насекаде наоколу, до каде ти фаќа погледот на географската карта на светот“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Рејтинзите се лоши, на Мицкоски е со „негативни изгледи“.

„Дедо Никола се борел во Втората светска војна како партизан. По падот на фашизмот, тој продолжува да се бори на страната на комунистите во грчката граѓанска војна (1946-1949). Крвавата граѓанска војна го разделила од неговата љубов, баба Илина. И двајцата останале без дом и еден без друг. Од една земја во друга, дедо Никола го обиколил целиот свет (Јужна Америка, Советскиот Сојуз, други земји…) и по не знам колку години, повторно го свил своето семејно гнездо со баба Илина во Скопје, но подалеку ни поблиску, туку преку улица, спроти нашата куќа!“, пишува Џабир Дерала во колумната „Искомплексирани фашистчиња и арамии“.

„Ја гледам онаа анкета на Телма вчера и некои бројки не ми влегуваат в глава, не можам да ги објаснам и поврзам со животот и настаните сега и околу нас. Ете, би требало, се надевав, разликата меѓу најголемите македонски партии да биде многу поголема, а не само 0,6 %. Зошто? Па затоа што едните од петни жили се борат со најтешката криза што сме ја имале досега (здравствена, економска, политичка), да спроведат неопходни и итни реформи за да поправат и закрпат нешто од државата која претходната власт ја растури, стави во своја служба за да можат да крадат“, пишува Перо Арсовски „Стабилно гласачко тело“.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ