• Latest
Добро утро со Орданоски

Рејтинзите се лоши, на Мицкоски е со „негативни изгледи“

December 29, 2020

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: руската агресија против Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Рејтинзите се лоши, на Мицкоски е со „негативни изгледи“

December 29, 2020 07:38
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Вистинско чудо е како СДСМ сè уште води во анкетата на Телма/МЦМС, макар и со минимална предност, пред ВМРО-ДПМНЕ, со оглед на целата општествено-економска катастрофа што се истури пред прагот на оваа власт во последната, оваа, година. Не познавам никого кој не е од нешто незадоволен годинава, а сите се, во помала или поголема мера, подуплашени за сопствената (благо)состојба, за своите блиски и за општите состојби во државата. Не знам дали е некаква утеха што истото се случува насекаде наоколу, до каде ти фаќа погледот на географската карта на светот.

Од друга страна, личниот рејтинг на Заев во јавноста бележи нешто под 40% поддршка во македонската јавност. Не ме мрзеше, па земав малку да компарирам (https://morningconsult.com/form/global-leader-approval/): минатата недела, на пример, кога се систематизирани и податоците од последнава анкета кај нас, рејтингот на поддршка на шпанскиот премиер  Педро Санчез е 36%, Ангела Меркел во Германија ја поддржуваат 59% од испитаниците, италијанскиот премиер Џузепе Конте ужива моментна поддршка од 56%, Борис Џонсон (кој штотуку објави трговски договор со ЕУ во рамките на Брегзит) бележи 38% поддршка, а францускиот претседател во моментов го „сакаат“ само 32% од испитаниците во Франција… Последниот податок за Бојко Борисов е од пред повеќе месеци (според анкетата на bnt.bg поддршка од 40%), но од тогаш, со оглед на аферите и протестите во Бугарија, таа сигурно е падната… За Еди Рама не успеав да најдам актуелен податок, како ни за српскиот претседател, но со оглед на убедливата победа на Вучуќ на последните избори годинава во Србија, не би се изненадил неговиот личен рејтинг во српската јавност да е повисок и од оној на Меркел.

Со други зборови, и овој меѓународен контекст, илустрира дека лично Заев значително ги натфрлува перцепциите за работата на неговата партија и на неговата Влада во нашето депресивно секојдневие. Поддршката на првите 100 дена од работата на Владата, со оценка од 2,46 (од можни 5), е далеку од импресивна и веројатно ја одразува фифти-фифти поделеноста во општеството околу оваа власт. Пораката од јавноста е јасна: Владата (и СДСМ во неа!) ќе мора да вложи уште многу енергија за да дојде до „преодната“ оценка од 3, што би бил можеби некаков одржлив политички рејтинг за стабилно функционирање во 2021 година.

Тоа ќе се види веќе напролет, кога ќе се сумираат јавните впечатоци во двете најважни сфери кои ќе ја формираат перцепцијата на јавноста: справувањето со здравствените последици од епидемијата и социо-економските последици од неа. Владата вели дека пари има (!), само ќе треба праведно да се распределат во општеството; а ќе треба да видиме дали и кога ќе има и вакцина, за власта да може напролет да се надева барем на јавна оценка „добар“, ако не и повеќе од тоа.

Најлошата вест од оваа анкета сепак се однесува на Мицкоски, бидејќи тој не успева лично да „профитира“ дури ни од традиционалната политичка поделеност во македонското општество. Едноставно, политичките рејтинзи во Македонија се лоши, но оној на Мицкоски ја надминува можноста некогаш да се поправи. Ако на волкаво, долгогодишно персонално плукање по Заев, Мицкоски губи со речиси 12% разлика во личните споредбени рејтинзи, можеби на Мицкоски му е дојдено крајно време да се запраша зошто својата партија со голема тврдоглавост ја препушта на милост и немилост на пораснатиот рејтинг на радикалната политичка агенда и водачот на Левица?

Оти, кога во оваа анкета „математички прецизно“ ќе ги соберете рејтинзите на сите политички партии и нивните коалиции во власта и опозицијата (со големиот „резервоар“ од 40-тина проценти од испитаниците кои по различни основи се разочарани, збунети или незаинтересирани да дадат одговор), тие речиси точно го одразуваат постоечкото мнозинство од 2-3 пратеници на власта во Македонското собрание. Но, дури и ако власта не се подобри во 2021 година, од тоа тешко дека ќар ќе има ВМРО-ДПМНЕ.

Всушност, и овие анкетни трендови покажуваат дека, вака како што ја тера нејзиното раководство, од најголемата опозициска партија многу малку зависи промената на расположението во македонската јавност. Адутите се, примарно, во „ракавите“ на власта, особено кај СДСМ – доколку тие потфрлат, аирот ќе го види некој друг, но не ВМРО-ДПМНЕ.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ