ВЕСТ НА ДЕНОТ: Наjважните прашања на денешницата се теми на денешната конференцијата на ЦИВИЛ: зелени вредности, социјална правда и антинационализам
ЦИВИЛ денеска ја одржа конференцијата „Зелените доаѓаат 2020“на ЦИВИЛ за зелени вредности, социјална правда и антинационализам.
Конференцијата ја организираше ЗЕЛЕН ЦИВИЛ (организациска единица на ЦИВИЛ) во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел, денеска, 19 ноември, во хотел Парк Резиденс.
Конференцијата ги опфати темите во областите на зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот, со посебен осврт на меѓусебната поврзаност и неделивост на овие области. Конференцијата е завршен настан на проектот „Зелените доаѓаат“ кој се спроведува со долгогодишните партнери на ЦИВИЛ, Фондацијата Хајнрих Бел.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Марион Краске: Зелена транзиција како единствен одговор
„Што правиме на дневна основа? Ние произведуваме и користиме непотребно голема количина бензин, нафта, јаглен и природен гас што го гориме секој ден за да ги затоплиме нашите домови, да ги напојуваме нашите возила, да произведуваме стоки и да обезбедуваме електрична енергија. Ако ја користите апликацијата AIR Visual – можете да видите каде сме со овие активности… тоа е апликација за смог ширум светот. Сараево / Скопје се всушност во топ 10 на најзагадените метрополи ширум светот. Овој фосилен пристап не успеа бидејќи ние го уништуваме сопствениот простор за живеење. Всушност … Ние ги загрозуваме нашите животи – и оние на нашите деца“, истакна Марион Краске. Според неа одговорот на сето отва е зелена транзиција. „Но, зелената транзиција значи многу повеќе од само техничка промена од јаглен или нафта кон ветер или сонце. До обновливи извори на енергија. Тоа значи вистинска, сеопфатна промена во општото размислување. Зелено не значи ништо повеќе и ништо помалку од одржливо грижливо. Тоа значи: Грижа за нашите деца, грижа за следните генерации. Грижа за планетата“, изјави Марион Краске од Фондацијата Хајнрих Бел, директорка на регионалната канцеларија за БиХ, Северна Македонија и Албанија конференцијата „Зелените доаѓаат 2020“на ЦИВИЛ: зелени вредности, социјална правда и антинационализам во организација на ЦИВИЛ.
Тоа што нам ни треба е одржлив пристап во сите сегменти за да најдеме конкретни решенија за глобалниот предизвик што климатските промени го претставуваат: Креативен јавен превоз и паметни градови решенија · Промовирање на чиста, зелена енергија како замена за јаглен и нуклеарни централи (крајната цел е јасна – намалување на јаглерод) · Здрава храна, здрави животни · Економските цели се: Да се зголеми еколошка енергија · Со тоа: Креирање на нови зелени работни позиции · Борба со смогот – тесно поврзана со климатските промени.
ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ
На конференцијата „Зелените доаѓаат 2020“ говореа Марион Краске од Фондацијата Хајнрих Бел, директорка на регионалната канцеларија за БиХ, Северна Македонија и Албанија. На листата на говорници се: Роберт Алаѓозовски, Национален координатор за интеркултурализам, Илхан Рахман, заменик министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Џељо Хоџиќ од Агенцијата за остварување на правата на заедниците, како и претставници на други владини ресори, локалната самоуправа, невладиниот сектор и бизнис заедницата. На конференцијата ќе говорат и четворица претставници на ЦИВИЛ – Петрит Сарачини, Биљана Јордановска, Дехран Муратов и Џабир Дерала.
Рахман: Справувањето со национализмот бара меѓуинституционална соработка
Сарачини: Културата на неказнивост мора да престане, за ние како општество да функционираме подобро
Димитриевски: Во Куманово ги бришеме графитите со говор на омраза
Орданоски: Екомонитор ќе детектира од каде доаѓа загадувањето за да може властите да реагираат
Елезовски: Повеќе да информираме и алармираме за заштита на животната средина
Јордановска: Нашето општество треба да работи на едукација и промоција на зелените вредности
Муратов: Општините (да) го слушаат гласот на граѓаните
ФЛЕШ ВЕСТИ
Советот за безбедност и предложи на Владата да прогласи кризна состојба на територијата на цела држава во траење од 30 дена поради состојбата со коронавирусот во земјата, соопшти денеска претседателот Стево Пендаровски. Кризната состојба е законски регулирана и, меѓу другото, опфаќа вклучување на Армијата како поддршка на полицијата, како и на приватните здравствени установи во справувањето со Ковид-19.
Прогласувањето на кризна состојба на територија на целата држава би можело да се случи најдоцна утре вечер, а можеби и порано, најави денеска премиерот Зоран Заев откако Советот за безбедност и предложи на Владата тоа да го направи.
Периодот е навистина критичен. Очекуваме период во кој бројот на новодијагностирани со Ковид-19 ќе биде линеарен. Значи не очекува критичен период во кој ќе има потреба од болнички капацитети, истакна министерот за здравство Венко Филипче по седницата на Советот за безбедност.
А. П.