• Latest

Преглед на настани: Владата со нови анти-Ковид мерки и рестрикции за празниците, по 6000 денари еднократно за 300.000 граѓани, новиот закон за медијација во завршна фаза

December 15, 2020
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026

Кој ќе ја искористи фрустрацијата која ја манифестираат носителите на власта?

June 18, 2026

Лени Фрчкоска и Марта Стевковска ја добиja наградата „Гласник на невидливите“ за сторијата „Женското е туѓа фамилија“

June 17, 2026
Фон дер Лејен, Зеленски, Кошта (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Украина цврсто на патот кон ЕУ: Во услови на брутална агресија, под постојан напад врз цивилите – првиот кластер во пристапните преговори е отворен

June 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: Владата со нови анти-Ковид мерки и рестрикции за празниците, по 6000 денари еднократно за 300.000 граѓани, новиот закон за медијација во завршна фаза

December 15, 2020 17:13
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Владата ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести, угостителските објекти ќе работат до 18 часот

Владата на денешната седница ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести за нов пакет рестриктивни мерки и препораки за периодот од 18 декември до 20 јануари на полноќ, со цел да се избегне зголемување на бројот на заболени од КОВИД-19.

„Мерките се однесуваат на ограничување на работното време на угостителските објекти, забрани за организирање предновогодишни и новогодишни прослави на отворен и затворен простор а имаме јасни препораки до верските заедници, работните организации и општините препораки за работата на рестораните во хотелските објекти“, изјави денеска премиерот Зоран Заев на заедничката прес конференција со министерот за здравство Венко Филипче.

Угостителските објекти ќе работат до 18 часот, наместо до 21 часот како што беше досега со одлуките.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

Хоџиќ: Наместо да ги решаваме заедничките проблеми, трошиме енергија на национализам

Избори за градоначалник во Штип и Пласница: Гласање, излезност, резултати

ФЛЕШ ВЕСТИ

„Состојбата со коронавирусот останува стабилна, но и натаму има голем број на заболени и хоспитализирани лица. Во просек изминатата недела болнички се лекуваат околу 1300 или 1400 пациенти, болниците и натаму се под навистина голем притисок, но слободни кревети има во континуитет, практично целиот изминат период од повеќе од една недела бројот на слободни болнички кревети е константен, што значи дека добро се манаџира делот со хоспитализација. Има околу 150 слободни кревети на територијата на државата, “, изјави министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција.

Владата нема да ја искористи можноста за спогодување со подносителите на тужбите против државата во врска со деветте предмети кои се однесуваат на тековните кривични постапки за незаконското прислушување.

Околу 300.000 граѓани кои ќе добијат 6.000 денари како еднократна поддршка од државата средствата ќе можат да ги користат и после предвидениот рок 25 декември 2020 година, информираат од Владата.

Почитување на основните човекови слободи и права загарантирани со Уставот и ратификувани со меѓународни договори, спроведување на принципот на еднаквост, елиминирање на стереотипите за родовите улоги, превенција на сите форми на родово-базирано насилство врз жените, семејното насилство и утврдување на мерките и активностите за заштита на жртвите на родово базирано насилство и семејно насилство, донесување програма за реинтеграција на жртвите, има меѓу другото, за цел Предлог законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство што денеска беше предмет на јавна расправа на Комисијата за еднакви права и можности на жените и мажите.

Министерот за правда Бојан Маричиќ најави дека подготовката на новиот Закон за медијација е во завршна фаза.

Економскиот инвестициски план за Западен Балкан е нов стимул за економски раст, беше истакнато на седницата на Националниот инвестициски комитет со кој претседаваше премиерот Зоран Заев заедно со евроамбасадорот Дејвид Гир.

СЛОБОДНА ЗОНА 

„Повторно сме сведоци – којзнае кој пат по ред – на уште една погрешна калкулација на ВМРО-ДПМНЕ: врз основа на бугарското евро-вето за Македонија, се обидуваат да направат политички профит за себе! Бреее, целово опозициско раководство треба да се вратат во второ-трето одделение каде што се учи политика, негде околу усвојувањето на азбуката, бидејќи е неверојатно како не успеваат да антиципираат елементарни работи во професијата со која, наводно, сериозно се занимаваат“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Политички аналфабети“.

„Национализмот, националистичките  пројави, ксенофобијата, се стари алатки кои се уште функционираат и во овој современ свет. Ние овде, мнозинството од нас во републоика Северна македонија, со сите сили и со сите надежи се стремиме кон  Европа. Поточно, спрема европските демократски и поцивилизациски вредности. Иако, знаеме, слушаме, гледаме дека и самата таа обединета Европа не е имуна од спомнатите атрибути. И таа се уште ги има во себе рецидивите, опашките од минатите времиња претрупани со пизми по  етничка, по национална  основа. И таму, посебно во земјите од балканскиве простори и самите држави се се`уште јавно или премолчно подржувачи на разно разни задоцнети национализми, на пример. Но нашиот репер се општествата релаксирани од таквите ксенофобии, од омрази на етно национална снова. Па, каде сме ние и на каде се движиме?“, пишува Зоран Иванов во колумната „Нека цветаат сите цветови“.

Македонската европска иднина во служба на бугарските интереси поенти на Џевден Хајредини

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ